Број 3270  четврток, 29 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Македонија

Не можам да ги заборавам моментите по трагедијата

Инспекторот во МВР Сашо Гилевски вели дека глетката во Вејце била потресна

ТЕТОВО - Во единицата што прва му пристапила на помош на нападнатиот конвој од четири возила со припадници на АРМ и МВР пред шарпланинското село Вејце, бил Сашо Гилевски, командир на единицата „Тигри“. Вчера присуствуваше на чествувањето кај месноста Бреза заедно со неговиот соборец од 2001 година, Пеце Јовановски.

И по толку години вели дека не може да ги заборави преживеаните моменти по трагедијата во Вејце. Раскажува за страшната глетка непосредно по злосторството, за телата што горат, за смртта. „Животот целосно ми се смени од тоа што го видов. Најмалку четири години немав мирен сон. Преживував тешки денови“, вели Гилевски, сега инспектор во МВР.

Тој се потсетува дека првата информација дека нешто се случило во Вејце ја добиле од СВР-Тетово. „Бевме вратени од терен. Била забележана диверзантско-терористичка група на патот Селце - Вејце. Оформивме патрола од два хермелина и две теренски возила ‘лада нива‘, која се упати во правец на Вејце. Попладнето, во 17,45 часот преку мобилен ми се јави Илче Стојановски, „тигар“ од Породин. Тој кажа дека биле нападнати, дека е ранет и дека има други ранети и мртви“, се присетува Гилевски.

Потоа таму тргнале единици на АРМ и на МВР. „Околу 19,30 часот стигнавме на местото каде што била организирана заседа за бранителите. Ние од полицијата дејствувавме длабински по патот, а војниците ги пребаруваа височинките во околината. Наидов на ‘лада нива‘ под која беше Илчо Стојановски. Едвај го извлеков. Имаше многу рани по телото од куршуми. Видов дека е мртов. Со судни маки го извлеков. Потоа доживеав невиден стрес кога видов како горат три тела поставени едно врз друго. Тие беа мртви. Употребив противпожарен апарат. На двете страни од земјениот пат гореа уште тела од единицата ‘волци‘ на АРМ. Главите им беа столчени, паѓаа делови од тела, не можевме да ги собереме“.

Потресен и со солзи во очите на страшните моменти се потсетува Гилевски. Заедно со Јовановски успеале да ги стават во возила изгорените остатоци на ѕверски убиените полицајци и војници. Во тетовската касарна пристигнале доцна вечерта, во 22 часот. (Г.Е.)


#
Статијата е прочитана 1311 пати.

Испрати коментар

Од: m i l c o
Датум: 29.04.2010 07:40:55
tБила забележана диверзантско-терористичка група --- sto znaci toa ??? so kratki zborovi taaa grupa sega e vo parlamentot , si zema plata za vremeto sto ne bese vo parlamentot ,, taa grupa ke zima penzija boirecka i taa grupa e vodecka sila vo mk gospodine, koga ke se obedinata makonskite partii i napravat koalicija togas ke ima makedonija,, koga najgolemiot vmrovec vo koi se krstea ljubco , napravi kolicija so albancite , za negov interes a na za interes na drzavata ponatamu da ne komentirame , ako uste nmalku ne vlezeme vo evropa ,, si zaminuvame od kartata
Од: patriot
Датум: 29.04.2010 08:34:09
Eeee moi mili patrioti od DPMNE procitajte go tekstot i neka Vi tekne so kogo pravite kolacija i koja e Vas partner vo vlasta - covekot koj masakrirase nasi braka braniteli na Makedonija.
Од: mene
Датум: 29.04.2010 11:55:32
Slava im da ne se nikogas zaboravi nivnata zrtva.

Најди! во Утрински
Македонија
Споменикот за битолските бранители ќе биде ангел
Годишнина од масакрот во Вејце
Седниците на тетовскиот Совет на ТВ-екрани