Број 3270  четврток, 29 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Македонија

Седниците на тетовскиот Совет на ТВ-екрани

ТЕТОВО - Седниците на Советот на Општина Тетово наскоро ќе се пренесуваат на локалните телевизии. Најмалку две телевизиски станици на македонски и на албански јазик ќе вршат директен пренос од работата на Советот. Ова била иницијатива на советникот на НСДП, Зоран Митревски, која едногласно била прифатена од сите советници.

„На граѓаните на Тетово треба да им покажеме што работи Советот. Самиот факт што работата на овој орган станува јавна, го подигнува нивото на квалитетот, советниците ќе чувствуваат поголема одговорност, а ќе бидат и поактивни. Тоа во крајна линија води кон поголема демократизација. Најважно е тоа што граѓаните имаат можност за увид во активноста на своите избраници“, изјави Митревски.

Локалната самоуправа ја проучува иницијативата за ТВ-пренос на седниците, особено, деталите за техничките можности на тетовските локални телевизии. Се најавува распишување тендер, бидејќи во Тетово има по две телевизии на двата јазика.

Според идејата за Тв-преноси, на почеток седниците на Советот би се снимале и од нив би се подготвувале широки извадоци, со обврска за тонски парчиња од секој учесник во расправите. Во втората фаза се очекува и директно вклучување на камерите во големата сала на Советот на Општината, каде што се одржуваат седниците. (Г.Е.)


#
Статијата е прочитана 329 пати.

Испрати коментар

Од: stallone
Датум: 29.04.2010 12:57:33
Ovie nesto srabotile pa za na televizija uste se,Sramota ,samo ke se rezilat pred narod

Најди! во Утрински
Македонија
Споменикот за битолските бранители ќе биде ангел
Не можам да ги заборавам моментите по трагедијата
Годишнина од масакрот во Вејце