Почина албанскиот амбасадор во Македонија
Тирана - Албанскиот амбасадор во Македонија, Владимир Прела, почина во во саботата од срцев удар во својот дом во Тирана. За амбасадор во Македонија беше назначен во 2002 година, а мандатот му истече во јуни минатата година, но остана да ја извршува функцијата до назначување негов наследник. Претходно, во 1999 година тој беше назначен како прв албански дипломатски претставник во Косово.
Прела беше роден во јули 1949 година. Дипломирал филозофија и новинарство. Има долга кариера како новинар и дипломат. Се сметаше за добар познавач на состојбите во регионов. (МИА)
|