Број 3322  петок, 02 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Магазин

Кристијан Дејвис

Шарлот нема допирни точки со мене

Четириесет и петгодишната Кристин Дејвис доби статус на ѕвезда со „Сексот и градот“ иако толкува лик на традиционална жена

Кристин Дејвис ја започнуваше својата кариера во различни ТВ-серии, како што се „Мелроуз плејс“, „Вил и Грејс“ и „Зајнфелд“. Сепак, нејзината улога на традиционалната и безнадежно романтична Шарлот Јорк во ТВ-серијата на ХБО „Сексот и градот“, и филмот од 2008 година со истиот наслов, ја трансформираше актерката во голема ѕвезда. Од завршувањето на „Сексот и градот“, Дејвис настапи во неколку филма, како „Ди адвенчерс оф шаркбој енд лавагрл“, „Шеги дог“, и „Дек д’холс“. Сега таа повторно ја игра Шарлот Јорк Мекдугал во „Сексот и градот 2“.

Оваа 45-годишна актерка зборува што придонесуваат таа и ликот што го игра во повторното соединување на најиконската група пријателки на телевизиските екрани.

„Што се однесува до Шарлот, очигледно станува збор за традициите. Шарлот отсекогаш била многу, многу традиционална и има многу, многу високи очекувања од себе во тие традиции. Често пати не ги исполнува и можеби работите што се обидува да ги контролира во животот навистина не се работи кои можат да се контролираат, така што таа повторно се соочува со нејзиниот недостиг од совршена слика, која се обидува да ја создаде, па дури има проблем да биде искрена со себе во врска со инволвираниот стрес“.

„Една од омилените работи што ги направивме во овој филм е тоа што нејзината пријателка Миранда може да гледа низ нејзиниот лажен изглед и тоа што го создава, и таа знае дека треба да биде искрена. Мислам дека тоа е прекрасно нешто за пријателството, бидејќи понекогаш може да се види дека вашата пријателка, всушност, не си прави услуга, задржувајќи го лажниот изглед, и токму тоа е потребно. Прекрасно е заминувањето, фактот дека девојките ќе заминат и ќе се поврзат подлабоко. Понекогаш кога ќе излезете од нормалното секојдневно постоење, треба да го цените тоа, да размислите, да го анализирате, да го споделувате и да ја имате слободата што ја имаме, што е иронично. Секако дека се поврзувам со тоа, но очигледно не со детскиот дел.

„Сексот и градот“ имаше влијание со години по емитувањето на последната епизода на телевизија, и тоа со добра причина. Серијата, повеќе од која и да е во историјата, го видоизмени вокабуларот, прикажувајќи како жените ги живеат своите животи, преку безбројните подвизи на четирите главни лика Кери, Шарлот, Миранда и Саманта. Кристин вели дека причината е разновидното и реално портретирање на жените и нивното меѓусебно пријателство, така што таа и натаму ужива да ја игра Шарлот во двете профитни филмски изданија.

„Мислам дека она што најмногу го сакам, генерално, околу тоа што треба да бидеме дел од сите, од ова време, е што сме заедно во тоа. Жените се тие кои се различни, ние сме различни во животот, нашите ликови се различни, а сепак ние сме многу, многу заедно. Без оглед дали секогаш се согласуваме, понекогаш ликовите не се согласуваат, на пример, Шарлот и' суди на Кери, и го сакам тој дел од сторијата, бидејќи мислам дека го правиме тоа во животот, иако не служи никому, освен што е човечка природна работа. За среќа, таа има доволно време и искрена конверзација за да сфати дека „навистина е нечесно од мене да и' судам на мојата пријателка и да се обидувам да и' наметнам мои однапред замислени идеи“.

„Но, ми се допаѓа фактот дека она што го направивме сите заедно и она што го направи писателот/режисер Мајкл (Патрик Кинг), пишувајќи за нас, се тие навистина моќни жени кои можат да бидат моќни сами за себе, а сепак да бидат заедно“, продолжува Дејвис. „За мене, омилен дел од целото искуство е што поминувавме заедно низ тоа и, исто така, она што претставуваме. Ми се допаѓа тоа за нас и мислам дека тоа е најсилното нешто од целото искуство.

За второто продолжение на филмот, девојките беа на викенд-одмор во Абу Даби, а сцените беа снимани во егзотичното Мароко. Дејвис вели дека искуството било најпријатно, и покрај тоа што се разболела за време на снимањето.



рамка- Имам колкови

Кристин Дејвис го покажа своето извонредно бикини тело на насловната страница на списанието „Фитнес“ во мај. Актерката, која неодамна беше домаќинка на полумаратон во Централ парк, дава мал увид за тоа што јаде, од каде потекнува нејзината телесна доверба и ги отфрла здодевните коментари.

За тоа колку е среќна со нејзиното тело, таа вели: „Имам колкови! Никогаш нема да бидам најслабата актерка, и не сакам да бидам. Кога чувствувате мир сами со себе и со вашето тело, автоматски вие имате поголема доверба“.

Во врска со позирањето во бикини за насловна страница, таа изјавува: „Нема да лажам. Беше многу непријатно. Има луѓе кои се чувствуваат комотно во костими за капење и не знам како го прават тоа. Работев со Кристен Бел и Молин Акерман на филмот ’Каплс ритрит‘, и нив воопшто не им пречеше со денови да бидат во бикини. Момчињата во филмот беа повеќе збунети отколку што беа тие“.

Во однос на нејзината филозофија за храната, вели: „Јадам многу пилешко, лосос, јајца и салата. Но, ако секој ден треба да јадам само салати, тогаш ќе се убијам. Кому му е грижа ако можете да влезете во тесен џинс ако не можете да уживате во животот и да изедете нешто добро? Минав низ периоди кога велев - не може да го имам ова, не може да го имам тоа. Сега не се лишувам. Храната е за да се ужива“.

Таа ги споделува најздодевните гласишта за неа: „Тоа е дека актерките од ’Сексот и градот’ меѓусебно се мразат. Бевме толку блиску за време на снимањето што бевме во контакт по 18 часа дневно, а потоа луѓето велат дека не се согласуваме. Тоа е најчудното нешто во светот“.

Нејзините режими на исхрана и вежбање очигледно функционираат многу добро! Таа изгледа фантастично! Што мислите за гласиштата дека колешките од екипата не се согласуваат? Дали мислите дека има нешто вистинито во тоа? (Elle)


#
Статијата е прочитана 282 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Магазин
Нов врисок на принцот на темнината
Кралот на сапунските серии
Приоритетите во животот сосема ме сменија
Арогантна тенисерка што ги штеди насмевките
Неделен барометар
Неделен хороскоп
Тактика на нојот