Неделен хороскоп
Овен
Ситуацијата од вас бара трпение, но ќе мора да се навикнете на тоа. На работното место ви се советува да се чувате од провокации и од импулсивност. Во спротивно, проблемите се неизбежни. Кога се работи за здравјето, нервозни сте, па сето тоа уште повеќе ја влошува ситуацијата. Каде што е тенко таму и се кине. Во љубовта на повидок е нова врска, но вие сте избирливи кога е љубовта во прашање. Лукаво ќе му пристапувате на овој проблем.
Бик
Се наоѓате во период кога од вас ќе се бара приспособување кон околностите. Ќе размислувате и за некоја преселба. На работното место влеговте во мирен период. Ќе се најдете во ситуација да им помагате на помалку успешните соработници. Прекумерното внесување храна лошо се одразува на вашиот организам. Може да навлечете дијабетес или холестерол. Во љубовта ви се советува да се чувате од бурни реакции и невреди, бидејќи на таков начин го одбивате партнерот.
Близнаци
Доколку постојано се напнувате, морате да се контролирате. Бидејќи не сте способни да управувате со себе, ќе бидете склони кон кавги и ексцеси. На работното место, конечно, можете да здивнете. Повеќето Близнаци ги очекува заслужен период на релаксација и опуштање. Кога се работи за вашето здравје, очекувајте чести промени на расположението проследени со депресија. Во љубовта со партнерот склучивте примирје. Доколку сте слободни, нова љубов ве очекува во август.
Рак
Сонувате будни. Тешко ви е да се помирите со реалноста, која ниту малку не ги исполнува вашите очекувања. ако сакате да постигнете работен успех, жртвувањето е неминовно. По почетокот не е лесно, но стрпете се успехот нема да изостане. Здравствените проблеми ќе ги совладате доколку на време им посветите внимание. Нова љубов е на повидок. Ќе уживате во прегратките на саканото лице и нема да можете да поверувате дека тоа е прекрасната реалност.
Лав
Иако сте опкружени со многу луѓе, индивидуалист сте. Многумина од вас ќе побараат совет. А на кому вие да се пожалите? Мудро ќе влетате во нови работни потфати. Сфаќате дека нема што да загубите. Кој ризикува тој и добива. Бидејќи не умеете на правилен начин да ја трошите енергијата можни се здравствени проблеми. Во љубовта ќе фантазирате за личност која постојано би ве опсипувала со нежност и внимание. Можеби таа личност е некаде во близина.
Девица
Импулсивни сте и реагирате во афект. Поради што сте толку напнати и нервозни? Можеби околностите не се толку лоши како што изгледаат. На работното место искрснаа проблеми. Работата моментално е во застој. Додека се обидувавте да им помогнете на другите, се воспостави дека помошта ви е потребна вам. Кога се работи за здравјето, можни се проблеми со црниот дроб и со панкреасот. Не се исклучува и камен во жолчката. Под итно на лекар. Во љубовта ве очекуваат долги и топли денови.
Терезија
По долгите проблеми влеговте во мирен период. Чувствувате дека сте духовно и интелектуално стабилни. Сите акции се во рамнотежа. На работното место ќе добиете унапредување, кое доцни веќе подолг период. Ако се земе предвид дека убавите работи пристигнуваат во вистинско време, славенички сте расположени. Кога се работи за вашето здравје, подолг период бевте загрижени, но сега сфативте дека нема потреба за никаква паника. Во љубовта бидете потолерантни.
Скорпија
Влеговте во среќен период. Добро сте расположени, иако за тоа немате некои конкретни причини. Во работата ситуацијата е ваква- или многу работите, или сте без работа. Кога се работи за вашето здравје, слаба точка на организмот се жлездите со внатрешно лачење. Бидејќи се поврзани со вашето расположение, лесно ќе го ублажите овој проблем. Во љубовта само фантазирате. Стварноста не ветува ништо па затоа им се препуштивте на нереалните работи.
Стрелец
Се чувствувате болно. Се што се случува околу вас го доживувате емотивно. на работното место се добро започна, но од парите ништо. Вложивте премногу напор и на крај останавте на нула. Кога се работи за здравјето можни се некои стомачни проблеми. Внимавајте на исхраната. Во љубовта со партнерот ќе влегувате во вербални расправии, а тоа е поради лошата материјална ситуација. Ќе го обвинувате дека троши без контрола. Сепак, се сложувате на други полиња.
Јарец
За големо чудо не се чувствувате лошо. Сите околу вас се нервозни, а вие мртви ладни. На работното место нема да се случува ништо спектакуларно. Ќе размислувате да дадете отказ и да тргенте од почеток. Кога се работи за здравјето ви се советува да се чувате од промаја. Поради опасностите од настинка и проблеми со грлото, избегнувајте ладни напивки. Во љубовта ќе се најдете во некоја дилема. Бидете внимателни и избегнувајте вербални дуели кои не водат кон ништо.
Водолија
Се наметнува желба да се наметнете во нешто за што не сте способни. Морате да бидете објективни спрема себе доколку сакате од моменталната ситуација да го извлечете максимумот. Во работата премногу ќе се внесете, но некои соработници ќе се обидат да ви попречат во работата. Не им обрнувајте внимание. Кога се работи за здравјето можат да се појават проблеми со неконтролираното внесување храна. Обидете се да му простите на вашиот партнер и се' ќе биде одлично.
Риби
Романтично сте расположени. Бидејќи слободното време го минувате во друштво, убаво се чувствувате. Сфативте дека од она што се плашевте е самотијата. Дали сте знаеле дека сите проблеми потекнуваат од вашата глава? Негативните мисли можат да ви го загрозат здравјето, затоа напред со позитивни мисли. Во љубовта сте во хармонични односи со вашиот партнер. Бидејќи ќе ве изненади пријатно, ќе бидете задоволни. Сепак, потребно е да ја совладате хипохондричната црта на вашиот карактер.
|