Брoj 2793  понеделник, 22 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

Заскитан куршум погоди жена во Злокуќани

Само во еден и пол месец ова е петта жртва во Скопје погодена од заскитан куршум

Една жена е ранета, а нејзината сосетка за влакно куртулила од заскитани куршуми кои завчера рафално биле испукани во скопската населба Злокуќани. Полицијата засега нема информации кој пукал во оваа скопска населба ниту, пак, од какво оружје е пукано. Увидна екипа зела примероци од испуканите куршуми, кои се доставени на вештачење.

Додека стоела и разговарала со сопругот во дворот на семејната куќа на улица "Скупи 5А", жената била погодена од куршум во пределот на левата града. Според полицијата, куршумите биле испукани од непознато лице од правец на исток, при што еден проектил ја погодил жената, а потоа паднал на подлогата од бехатон-плочките во дворот. Од проектилот скопјанката се здобила со крвен подлив во градата, по што била префрлена на лекување во Ургентниот центар во Скопје.

Серијата куршуми што биле испукани завршиле и во уште една куќа во соседството. За среќа, триесет и осумгодишната Л.С., која работела како помошничка во куќата, не бил погодена, иако еден куршум завршил во нејзина близина. Како што информираше МВР, во моментот кога помошничката ги миела садовите во кујната, засега непознат сторител од правец на исток испукал повеќе куршуми од огнено оружје, при што еден проектил од испуканите куршуми го оштетил стаклото на двокрилниот прозорец од кујната. Откако го напукнал стаклото од внатрешниот прозорец, проектилот паднал во касата од прозорецот.

Скопје изминативе месеци стана град на опасно живеење. Само во еден и пол месец ова е петта жртва во Скопје која е погодена од заскитан куршум. Само во август за неколку дена тројца скопјани ќе настрадаа од неконтролирано пукање со оружје.

Кон крајот на август во скопски Сарај настрада 77-годишната Костадинка Апостоловска од Скопје, кога заскитан куршум заврши во нејзината десна натколеница додека се одморала во дворот на семејната куќа.

Два дена претходно педесет и деветгодишен скопјанец беше погоден од заскитан куршум додека работел во дворот на улицата "Македонско-косовска бригада" во Скопје, а 11-годишно момче беше погодено во грбот додека возело велосипед во паркот во Чаир. (Д.Т.)


Статијата е прочитана 535 пати.

Испрати коментар

Од: Диме
Датум: 22.09.2008 09:38:58
"Голема благодарност" до министерската Јанкуловска за нејзината ажурна работа во полето на снабдување на простотилукот од народ со огнено оружје. Чекор 69 од програмата за тотален крах на ова млитаво општество.
Од: dimitar
Датум: 22.09.2008 16:45:30
Хмм, јас би предложил една темелна рација во Кондово, Сарај, сарајските села, Скопска Црна Гора, населба Гази Баба, општина Чаир, село Серава, Арачиново, Куманово, кумановско, Липково и липковско, Тетово, Гостивар, полошко, Дебар и дебарско, Струга и струшко, како и Студеничани и Црн Врв. (по некоја случајност мнозинството од луѓето во набројаните села (не и градовите)) дојдено е од Косово пред неколку години.
Од: fcjets
Датум: 22.09.2008 19:43:48
divi zapad , za sramota

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
Двајца браќа загинаа од струен удар
Нападнати полицајци при апсење на осуденик
За заем од 9.000 евра сакаат да му ја земат куќата вредна 400.000 евра
Обид за убиство на директорот на „Бисерка“