Број 3274  среда, 05 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Нема чаре ниту за кравите ниту за млекото

Пропаѓањето на „Сведмилк“ му пресуди лошо на сточарството

Александрија Стевковска

Сточните пазари се преполни со добиток. Најмногу се нудат млечни крави по багателни цени. Ова е повеќе од јасен сигнал дека нешто не е в ред кога добитокот, место во шталите, се' почесто може да се најде на пазарите, чекајќи ги новите газди. Помалку среќните животни и не ги дочекуваат, а дел од нив, пак, не успеваат да се најдат на пазарите. Тие завршуваат на трпезите на нивните сопственици, бидејќи за нив нема побарувачка на пазарот.

Па, така, кравите што фармерите ги купиле за 1.700 евра, сега не се продаваат ниту за 700 евра. Во овој период од годината, кога храна во природата има се' повеќе и кравите имаат зголемена лактација, место да ги чуваат, фармерите се ослободуваат од млечните крави поради тоа што немаат кому да му го понудат млекото, а чувањето на животните станува се' поголем трошок.

„Добитокот масовно се коле во домашни услови, бидејќи никој не сака да го купи на пазарите. Цените се ниски, како за животните, така и за нивното млеко, па сточарите немаат корист ниту да ги чуваат кравите ниту да ги продаваат. Од една страна, не им се исплатува да ги чуваат кравите, бидејќи млекото се презема по ниски и депласирани цени, а од друга страна, пак, на пазар има многу ниска цена за животните, така што фармерите се наоѓаат во безизлезна ситуација од која не гледаат позитивен исход“, вели Недим Касами од Федерацијата на фармери.

Според него, има неколку клучни фактори за намалување на добитокот. „Пропаѓањето на ’Сведмилк‘ му пресуди лошо на сточарството, бидејќи се купени многу крави, чие млеко потоа немаше каде да се нуди. Млекарниците што се одважија да преземат дел од зголемената понуда на млеко нудат ниски откупни цени, со самостојно одредување на класите при откуп, што севкупно влијае врз пропаѓањето на оваа гранка. Освен тоа, фармерите се хендикепирани, бидејќи не можат да аплицираат за програмата ИПАРД ако имаат помалку од десет крави, а најголем дел од сточарите ги намалија фармите и немаат дури толку грла“, додава Касами.

Според него, најголем доказ дека добитокот е намален е разликата од 60.000 грла што се гледа преку исплатените субвенции. „Ако претходно се исплатувале субвенции за околу 260.000 грла, а сега за 200.000, каде е разликата од 60.000“?, прашува Касами.

Според официјалните ветеринарни власти, бројката на добиточниот фонд во 2008 и во 2009 година не е променета, односно таа варира во мали граници, но тоа не е нешто драстично. Интересно е дека бројот на говеда, според нив, се зголемува. Сепак, оттаму не можеа точно да кажат за движењето на бројноста на млечни крави, бидејќи тие не воделе евиденција со таква поделба на добитокот. „Во 2007 година бројот на добитокот беше нереално висок, но тоа беше поради се' уште нецелосно имплементираниот систем за евиденција на грлата во тој период. Во 2008 и во 2009 година бројката е пореална и покажува тренд на раст. Во 2008 година имало евидентирано 243.667 грла говеда, во 2008 година таа бројка се зголемила на 257.900, а последните бројки од оваа година покажуваат дека во земјава има 265.246 говеда“, информираат од Ветеринарната управа.


#
Статијата е прочитана 771 пати.

Испрати коментар

Од: Hari
Датум: 05.05.2010 00:10:21
Branko go donese, Oskarson i Baum, i toj e vinoven za Swedmilk, taka li e Felix??? Pardon Grujo ne e od ovde i bezgresen e???
Од: eu
Датум: 05.05.2010 09:03:52
kade se komentarite na gordost ne vi treba eu pa da bevte vo eu seto mleko i sirenje ce prodadovte ......
Од: V. Bubanja
Датум: 05.05.2010 11:53:34
Zalno e seto ova sto go citam,do kade ja dovedoa sirota Makedonija i toj nas iznapaten narod.Ni ostanuva samo da mu se molime na Gospod.
Од: kravo muzej...!!
Датум: 05.05.2010 11:59:45
Ma ..ne ni trebe kravi i vo zooloska da ne ostane nitu edna ..odsega ke pieme ..nafta..a decata ke gi vodime kaj Peko onoj bik bronzeniot.. da go gledaat da znaat ..kako izgledala nekogas krava na nasite prostori...!!
Од: Има решение за Кравите!
Датум: 05.05.2010 12:19:10
Донесете им ги Воловите!

Најди! во Утрински
Насловна
Швајцарска манџа
Грчки поуки за дијалогот
Зденко
Урбана утопија што функционира
Бошкоски го чека Груевски на избори
Крива е ОНА?
Сега не вредат солзите за Победа
Болните се жалат дека се излажани за поевтините лекови
Грчки „Титан“ си го молзи наше „Усје“
Чизми за разлика во ставови
Пет години „Авон“ во Македонија
Македонските политичари навлечени на „Фејсбук“
МПЦ тактизира со црквата на плоштадот
Браун во очај пред денот на гласањето
Не падна седумка на првото коло од новото лото