Број 3415  вторник, 26 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Хроника

Стечај за „Градска аптека“

Љубиша Станковиќ

Се наѕира крајот на голготата низ која подолго време минуваа вработените во Приватната здравствена установа „Градска аптека“ - Скопје. Од пред неколку дена стечајниот судија од Основниот суд Скопје 2, Љупчо Тодоровски, донел решение со кое го прифаќа предлогот за отворање стечај на „Градска аптека“ - Скопје.

Во решението на судијата Тодоровски, кое од вчера е и на огласната табла на судот, стои дека тој постапувајќи по предлогот за отворање стечајна постапка, доставен од должникот ПЗУ „Градска аптека“ - Скопје и од Трговското друштво за внатрешен и надворешен промет „Зегин ДОО“, а по одржаното рочиште, е донесено решение со кое се прифаќа предлогот за отворање стечајна постапка.

За стечаен управник судот го именува Маринко Саздовски, а доверителите се повикуваат во рок од 30 дена од објавување на стечајот во „Службен весник“, да ги соопштат своите побарувања.

Согласно со судското решение, во рок од 15 дена се повикуваат доверителите да ги пријават своите различни права на подвижни предмети и права на недвижен имот, кој е запишан во јавните книги. Во исто време судот ги повикува сите должници кон „Градска аптека“ - Скопједа ги исполнат своите обврски преку стечајниот управник.

Утврдувањето на пријавените побарувања ќе се разгледуваат на Собрание на доверители што ќе се одржи на 24 декември оваа година. Изготвеното решение на судот ќе треба да биде доставено до Централниот регистар и до Агенцијата за катастар на недвижен имот, а сето наведено ќе биде соопштено и преку пишаните медиуми.

Мачната приказна на вработените во некогаш најго��емата скопска компанија за продажба на лекарства започна пред неколку години по трансформацијата од јавна во приватна здравствена установа. Новите сопственици, кои беа и главни акционери, не најдоа заеднички јазик за натамошното функционирање на „Градска аптека“ - Скопје, а работите во еден период толку се вжештија што кулминираа и со лични дискредитации и навреди. Вработените го искажаа својот револт со протести и со блокирање на неколку раскрсници во центарот на Скопје.


#
Статијата е прочитана 763 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Хроника
Вештачи секој што ќе стигне
Тракторист загина кај Демир Капија
Судовите ги отворија вратите за граѓаните
Од обложувалница украдени 145.000 ден.
Фатени крадци на компјутери во Велес






No-confidence vote in Kosovo government leads to snap elections
Serbian president on historic visit to Croatia
Bulgaria least competitive country in the EU