Околу 145.000 денари се украдени во разбојнички напад врз вработен во спортска обложувалница во скопската населба Карпош 3. Според МВР, инцидентот се случил завчера околу 22 часот кога непознат сторител од зад грб го нападнал вработениот во обложувалницата „Спорт лајф“ во ТЦ „Лептокарија“, кој ја заклучувал влезната врата од објектот. Полицијата изврши увид и трага по разбојникот. (Г.А.)