Број 3415  вторник, 26 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Хроника
Фатени крадци на компјутери во Велес

Шестмина велешани на возраст од 16 до 22 години се приведени поради сомневање дека во три наврати го ограбиле ОУ „Кирил и Методиј“ во Велес. Според полицијата, велешаните украле три куќишта од компјутери, 18 лаптоп-компјутери, еден ДВД-плеер и еден музички систем. Поради тоа што купувал дел од предметите, иако знаел дека се крадени, полицијата поднесе кривична пријава против 24-годишен велешанец, кој ќе одговара за прикривање.

Од полицијата информираат дека поради серија кражби во Велес се уапсени двајца скопјани на 17-годишна возраст, односно 21. Тие се осомничени дека извршиле шест кражби и кражби во обид, а на мета им биле велосипеди со помошен мотор и мотоцикли. Двајцата скопјани и порани биле пријавувани за кражби, а на 21-годишникот веќе му биле изрекувани и затворски казни. (Г.А.)

#
Статијата е прочитана 528 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Стечај за „Градска аптека“
Вештачи секој што ќе стигне
Тракторист загина кај Демир Капија
Судовите ги отворија вратите за граѓаните
Од обложувалница украдени 145.000 ден.






No-confidence vote in Kosovo government leads to snap elections
Serbian president on historic visit to Croatia
Bulgaria least competitive country in the EU