Специјалитети од риба на вредните дојранчанки
ДОЈРАН - Во услови на забранет риболов и намалување на рибниот фонд во езерото, дојранчанки и годинава останаа верни на традицијата - ја наполнија традиционалната „Дојранска софра“ со рибји специјалитети, карактеристични само за ова поднебје.
Риба печена на трска, крап на кромид и полнет со ориз, крашник со црвеноперки, ќофтиња од икра, беа само дел од јадењата приготвени според стари бабини рецепти.Според организацијата на жените „Дојрана”, која по четврти пат ја организира софрата, дел од рибите им ги уловиле дојранските рибари, а остатокот го набавиле од грчката страна на езерото каде што риболовот не е забранет.Подготвувана со часови, дојранската софра поставена во хотелот „Полин” за неколку минути беше испразнета, со што се потврди дека не само што е убава за око туку е и многу вкусна. (Е.П.) |