Број 2851  понеделник, 01 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

„Таксират“ ја преврте работата по свое

По десеттото издание на фестивалот во „Метрополис арената“ на Скопски саем

Јубилеите, па дури и кога славениците не инсистираат на нив, некако наведуваат на рекапитулации. По десеттото издание на фестивалот „Таксират“, кој всушност официјално завршува вечерва со Позитивниот концерт во „Хавана“, како само од себе доаѓа „чуденката“: кога пораснаа „таксиратлии“? Притоа, никако не треба да се интерпретира во смисла: кога, како остареа, и како им прилега? Зашто за сите овие десет години постоење „Таксират“ покажа дека не се старее, дека нема намера да „прилегнува“, како се превртува работата по свое... Се' на се', израсна една генерација „таксиратлии“ - публика која може да се пофали во својата биографија дека растела со една урбана манифестација, на која настапувале „ѕверки“ од рок- жанрот. Во 1999 година „Таксират“ започна како „чудо за еден ден“, а на десеттиот јубилеј - десетина дена го „превртуваше“ Скопје и пошироко, со концерти, мини - филмски фестивал, со „Винер фест“... и како финале - финалната вечер на 29 ноември во „Метрополис арената“ на Скопски саем.

Годинава мотото на „Таксират“ беше „Преврти го Скопје наопаку“, и започнувајќи од 19 часот, па до четири изутрина, на сцената се менуваа повеќе музичари и групи, диктирајќи секој свој ритам и „филм“ за публиката, развивајќи го расположението. Почнувајќи од почетниците, македонската група „Бернис пропаганда”, преку Невил Стејпл од „Д’ спешлс”, па легендарниот Американец Марки Рамон од бендот “Д’ Рамонс” и повторно домашната група „Суперхикс”, атмосферата добиваше градација.



Сепак, најголемото раздвижување на публиката и најпозитивните вибрации проструија со настапот на славните хип-хопери од Филаделфија “Д’ Рутс “, некаде пред полноќ. По нив журката продолжи во технофазон со англискиот хаус дует „Аудио булис” и лондонскиот дип даб хаусдует „Свејзак”. Во стилот на „превртената“ филозофија на „Таксират“, во паузите додека се менуваа музичарите на сцена се слушаа песни од Александар Сариевски. Но, очигледно, „Таксират“ за своето деветгодишно постоење и десетте изданија создаде публика, што и' верува на неговата „превртена филозофија“. (Ј.П.)


Статијата е прочитана 552 пати.

Испрати коментар

Од: ilija
Датум: 01.12.2008 09:24:32
Kakva glupost beshe shto Marki Ramone beshe staven pred neizbeznite Superhiks...Ne znam kako moze toj kvazi-punk bend da go zazeme sredishniot termin na vecerta. Inache turlitava muzika punk,hip-hop(dobar),minimal,haus,so dolgi pauzi...No vo nedostatok na nastani i nemoznost ne mladite lugje od Makedonija da propatuvaat po kvalitetni nastani i ova kje bide oceneto kao neshto spektakularno...a ne e. I edno prashanje do Lithium: Koga planiraat da donesart nekoj ozbilen bend a ne samo tribute bendovi i bendovi koi svojot zenit go doziveale pred 20god? Ili do togash Rambo sekoja godina po tripati...pozdrav

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Забава
Регрутирање порноактерка за новиот филм
Неприфатлива монаш��ата филозофија
Фолк- фест „Роса“ - загубени во препевот
Специјалитети од риба на вредните дојранчанки