Град ја столчи Македонија. Многу земјоделски површини во Пелагонија, Полог и во источните делови од државата речиси стопроцентно се опустошени. Многу хектари со жита, царевка, бостан, грозје, тутун, грав, кромид, вишни, сливи... отидоа во неврат.
Земјоделците кои вложија многу труд, пот и мака занемеа од пропаста. Лелекаат за изгубените приноси. Молат за помош. Од кого друг ако не од државата. Велат ќе пропаднат ако не им се излезе во пресрет. Посевите не им биле осигурени, а сите живееле од земјоделство.
Штети од град и натаму ќе има. Каде и како, само Господ знае. Ама лек за градот нема и ќе го нема во догледно време. Државата по три и пол децении реши да и' стави крај на противградобијната заштита. Нема да пука со проектили кои биле ем скапи, ем неефикасни. Бесполезни биле „бомбите“ од земја во небо. Градот бил посилен. Секако го земал данокот.
Науката просто објасни: „Кога има облак што носи град, да пукате и со ’каќуши‘ нема чаре. Облакот е природен феномен и не е објект што лебди за да го соборите со ракета“.
Затоа Владата им препорача на земјоделците да си ги осигураат приносите против изненадувањето наречено град. И за тоа сами да си најдат пари. Со тоа Владата си ја ишна здодевната мува од глава.
Но, владите не постојат само за некому да делат памет. Тие мора и нешто вистински да направат. Да помогнат. За почеток, Владата е обврзана да ги надомести штетите. Потоа да ја реализира идејата „мрежи за одбрана на родот“. Се разбира, делумно и со пари од народната каса.
Македонија е аграрна држава. Tреба да ја задржи таа насока за да не останеме без земјоделци. Оти многумина бараат чаре од тој занает.
Konkretno za Pelagonija,zemjodelcite se vo panika navodno imale informacii od uhmr deka vo Juli mesec ke imalo pojava na grad i nevreme.Ako toa se ostvari ke gi dotolci i onaka opustosenite posevi.E pa neka zemat gospodata edna godina da go pominat ovoj pat na zemjodelecot pa na kraj neka ostavat na prirodata da resava za nivnata sudbina pa da vidime kako ke im bide.
Од: Џони
Датум: 07.07.2008 01:52:45
Е дури сега нешто многу е нејасно. Во времја оноа, кога комуњарите беа на власт и кога со дрвја и камења маваа по Бога, по црквите и поповите, ГРАД како да имаше помалку, а и тоа помалку го спречуваа со таа градобијна одбрана. Сега кога дојде ДЕСНИЦАТА со ГРУЈО и дечиштата, кога на секое ќоше градат цркви, манастири, отварат факултети за попове и попадии, кога свој човек инсталираа за архиепископ, попове читат литургии и сипуваат благослови не секоја мотика ископана земја, како да се налути оној СЕВИШНИОТ. Нема да помине ден да го истури својот бес врз ни криви ни должни земјоделци. Да не е лошо информиран. Па и земјоделците се вклучија во оние 500 000 за стрижење... Затоа ја молам Владата преку дедо Стефан правилно да го информираат оној, горе севишниот. Доста ние град. Ако продолжи гтрадот, Владата ќе побара од нас уште СЕДУМ мандати да ја реализира програмата и преродбата...
Од: Trajko od Shtuka
Датум: 07.07.2008 11:42:54
Na ovaa vlada po se izgleda gavolot i pomaga.Tie sveki mu palat na gavolot.A za zemjodelskite proizvodi najdobar trgovec e gradot.Toj otkupuva bespari.