Брoj 2730  понеделник, 07 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Сите чуваат девизи, НБМ смирува - нема девалвација

Покрај граѓаните, од неодамна и компаниите почнаа своите парични депозити да ги држат во странска валута

Нина Нинеска - Фиданоска

Високата инфлација и стравот од девалвација си го направија своето, па како последица на тоа сега сите штедат во девизи. Ако до неодамна овој тренд беше карактеристичен, главно, за граѓаните, сега и македонските компании почнаа се' повеќе да се определуваат за чување на своите заштеди во форма на цврста странска валута. Тоа го покажуваат и најновите истражувања на Народна банка на Македонија.

Експертите се децидни дека главна причина за овој феномен е стравот од девалвација. Граѓаните и фирмите се прашуваат дали и до кога ќе може да се одржува сегашниот курс на денарот во услови на двоцифрена инфлација, која се повторува неколку месеци едноподруго. Затоа, не сакајќи да ризикуваат, преферираат своите слободни средства да ги чуваат во девизи. Шпекулациите околу можна девалвација воопшто не се нови, но сега дополнително се подгреваат како последица на големиот пораст на цените, но и на други фактори, како што е високиот трговски дефицит, кој само за пет месеци надмина 1,1 милијарди долари.

Монетарната власт, пак, наспроти ваквите стравувања, останува на својот дециден став дека ќе ја одржи стабилноста на фиксниот курс на денарот и дека нема апсолутно никаква опасност од девалвација. Таа определба вчера за „Утрински“ повторно ја потврди гувернерот Петар Гошев.


Петар Гошев

Инаку, во најновата месечна информација на НБМ, која се однесува на мај, се објаснува дека сите нови заштеди на населението се во странска валута, но и кај фирмите се забележува многу посилен тренд на штедење во девизи. „Во мај 2008 година, депозитите на населението остварија пораст од 0,5 отсто на месечна основа. Притоа, новото штедење на населението во целост беше деноминирано во странска валута, додека денарските депозити забележаа пад на месечна основа. Карактеристично за овој месец е тоа што, покрај населението, и кај корпорат��вниот сектор беа забележани изразени тенденции за штедење во странска валута, така што 59,9 проценти од порастот на вкупните депозити на претпријатијата, се должи на повисокото ниво на девизни депозити“, се вели во месечната информација на централната банка.

„Утрински“ веќе пишуваше дека од стартот на годинава, а особено во последните два-три месеци, граѓаните се' помалку штедат во денари, и покрај двојно повисоките каматни стапки што нашите банки ги нудат за денарските депозити. Некои банки плаќаат годишна камата и до 10 отсто за влогови во домашна валута, додека максималната камата за девизните заштеди е до 5,5 проценти. Банкарите коментираат дека главна причина е стравот од можна девалвација, а втор мотив е инфлацијата, која кај штедачите внесува чувство дека реално им ја „јаде“ денарската заштеда.

На прашањето како го коментира феноменот што граѓаните и компаниите се' повеќе се определуваат за девизи, гувернерот Гошев со одговор: „Се потсетуваат не некои минати времиња. Меморијата за тие случувања не згаснува толку лесно и покрај тоа што се поминати дваесетина години“, изјави вчера за „Утрински“ првиот човек на монетарната власт. Но, гувернерот повторно ја пренесува пораката до македонската јавност дека нема апсолутно никаква опасност од девалвација, бидејќи НБМ ќе го одржува фиксниот курс на денарот.

Гошев вели дека во поглед на инфлацијата, во земјава има смирувачки сигнали. Тоа е фактот што иако инфлацијата расте со високи стапки на годишно ниво, на месечно ниво во јуни во однос на мај има пораст од само 0,3 проценти. Инаку, стапката на инфлација во јуни годинава во однос на јуни претходната надмина двоцифрено ниво, достигнувајќи 10,1 отсто.


Статијата е прочитана 1337 пати.

Испрати коментар

Од: Anastas
Датум: 07.07.2008 08:16:42
Smiruvacki tonovi od Gosev .Pa normalno nema da se reklamira oti ni sleduva dvacija.Vo vremeto na poranesna Jugoslavija koga imavme sekojdnevna inflacija togasniot premier Ante Markovic vo petok izleze na intervju vo togasen Jutel so poraka deka nema mesto za panika za da utre vo sabota sabalje objavi dvacija .. Istorijata se povtoruva sekogas. Pozdrav
Од: kole
Датум: 07.07.2008 12:32:53
E sega uste toa ni trebase... da rokne denarov 20-25%, i posle Grujo i Trajko Slaveski ke ni objasnat deka toa bilo od Globalnoto zagrevanje.. demek ne e kaj niv krivicata.... tie za se imaat opravduvanje... Prerodbata prodolzuva... Optegnata i rastegnata...
Од: Македонија
Датум: 07.07.2008 17:29:35
Па доколку дојде до девалвација на денарот се знае кој е виновен Рада Шекеровска.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Условите во затворите се многу лоши
Kако Владата да натера 6.000 основци да се запишат во средно
Владата и громовите
Али Ахмети влезе во владата на Никола Груевски
Претходен број
Зденко
Кастро прогласен за најдобар новинар за 2007 година
Драмата на Егејците (7)
Али Ахмети нов војвода на ВМРО-ДПМНЕ!
Лопата блуз
Приведени полициски инспектори поради поткуп
Карикатура
Verbatim