Број 2356  четврток, 12 април 2007
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Шарена
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
3426

Тројца загинати во стравичен судир

Автомобил се заби во автобус. Шестмина патници
се полесно повредени во несреќа кај Кавадарци

Ангел Данов


КАВАДАРЦИ - Стравотна сообраќајна несреќа во која три лица го загубија животот вчераутро се случи во близина на селото Фариш кај Кавадарци. Автомобил се заби во автобус, при што загинаа сите тројца патници во патничкото возило. Сообраќајот на патниот правец Градско - Прилеп беше во прекин неколку часа.

Катастрофалниот судир што се случи вчера околу 6,15 часот беше кобен за 40-годишниот Велче Стојановски, Аница Блажевска (30) и за Весна Синадиновска (38) од Македонски Брод.

Според првичните сознанија на истрагата, автомобил „сеат леон“ со италијански регистарски таблички управуван од Стојановски, кој бил на привремен престој во земјава, а живеел и работел во Италија, со огромна брзина удрил директно во автобус на „Балкан промет“ од Радовиш. Од силниот удар возачот и двете сопатнички во автомобилот загинале на самото место, додека шестмина патници во автобусот се здобиле со лесни повреди, од кои двајца се пренесени во кавадаречката болница.

„Отспротива ми наиде возило со огромна брзина. Патот беше лизгав и автомобилот се занесе, по што удри странично. Првото што се обидов да го направам кога излегов од возилото беше да им дадам помош на луѓето во автомобилот. Но, немаше спас за нив“, вели возачот на автобусот Коце Бојаџиев (50). Видно исплашен од трагедијата, тој рече дека немало никаква шанса да се избегне ударот, бидејќи од десната страна на патот имало рид и тој немал можност да го избегне налетот на автомобилот.

Од полицијата велат дека телото на заги��атиот возач на автомобилот е предадено за обдукција, а телата на двете сопатнички им се предадени на семејствата. Причините за директниот судир, кој беше фатален за тројца македонски државјани, ќе се знаат по добивањето на резултатите од обдукцијата и увидот што го вршеа кавадаречката полиција, истражен судија и јавен обвинител.

Додека траеше увидот, сообраќајот беше во застој 2,5 часа, поради што беа формирани километарски колони од автомобили. Екипи на Противпожарната екипа од Кавадарци го сечеа смачканиот автомобил за да ги извадат телата на загинатите.

Упатените велат дека на регионалниот пат Градско - Прилеп постојат шест црни сообраќајни точки, со опасни и остри кривини, кои се и најчеста причина за излетување на возилата од патот. Жителите од Фариш и сопствениците на лозови насади во близина на местото каде што се случи вчерашната несреќа велат дека на овој патен правец се вози со огромна брзина и многу често излетуваат автомобили од патот во лозјата.


#
Статијата е прочитана 2621 пати.

Испрати коментар

Од: makedonec
Датум: 06.11.2010 10:42:42
Ne se veli i pisuva stravicen,koj e srpski zbor tuku straoten!!Eden novinar treba da ga vladee literaturniot makedonski jazik!!

Најди! во Утрински
Македонска верзија
Поглед
АЛЕКСАНДРИЈА СТЕВКОВСКА
МЕРИДИЈАНИ
Џефри Френкел
Мислења
Ивор Мицковски
Мислења
Тодор Џунов

Концерт
Северина го стресе Скопје!

Манифестација
Смачкани над 100 илјади пастрмалии






Bulgarian president sets up new political group
Romania makes its mark as a regional player
Danube strategy aims to increase river cargo traffic