Број 3426  понеделник, 08 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter

МЕРИДИЈАНИ

Големи идеи од мали земји

Џефри Френкел

Пред две децении, многу луѓе мислеа дека јапонската варијанта на капитализам е најдобриот модел и дека други земји во светот треба и ќе го следат. Јапонскиот модел брзо го загуби сјајот. Пред една деценија, многумина сметаа дека американската варијанта на капитализам е најдобриот модел, и дека други земји треба да го следат. Американскиот модел набрзо ја загуби привлечноста. Тогаш, каде треба земјите да бараат сега, во 2010 година, модели на економски успех за да се угледаат? Можеби во периферијата на светската економија. Многу мали земји експериментираа со политики и институции, кои други би можеле корисно да ги прифатат.

Костарика во Централна Америка и Маврициус во Африка пред некое време се одвоија од земјите на исто ниво во нивните региони. Резултатите во двата случаја беа политичка историја без државни удари и финансиски заштеди кои можат да се користат за образование, инвестиции и други нешта. Низа иновации му помогнаа на Чиле да ги надми��е соседите. За фискалните институции на Чиле има два клучни елемента: Прво, правилото за структурен баланс на буџетот овозможува дефицити само до степен кога актуелната цена на бакарот е под нејзината 10-годишна рамнотежа или учинокот е под долгорочниот тренд. Второ, две комисии на технички експерти ги оценуваат трендовите во цените на бакарот и учинокот, соодветно, изолирани од политиката кои би можеле да подлежат на посакувано размислување. Тие институции се особено достојни за копирање од други земји извознички, со цел да се победи т.н. „проклетство на природни ресурси“. Дури и напредни земји, како што се САД и Велика Британија, би можеле да научат нешто од Чиле, со оглед дека во последното проширување тие заборавија како да водат контрациклична фискална политика.

Сингапур стекна статус на богата земја со уникатна стратегија за развој. Меѓу нејзините многубројни иновации е покровителскиот пристап за штедење и употреба на механизмот на цени за да се спречи урбаниот застојот во сообраќајот. Нов Зеланд беше предводник за многу централни банки во светот во насочување на инфлацијата, заедно со многу либерализирачки реформи во доцните осумдесетти години. Неговата Лабуристичка партија треба да се прогласи за заслужна што прва го разви принципот дека централно-левичарските влади понекогаш можат да постигнат подобра економска либерализација отколку централно-десничарските. Ирска го покажа значењето на странските директни инвестиции. Естонија е предводник во поедноставувањето на нејзиниот даночен систем, со помош на успешниот рамен данок во 1994 година, пример што го следеа Словачка и други мали земји во Централна и Источна Европа и на други места.

Мексико ја разви идејата за Условни трансфери на готовина. ЦТТ програмите беа преземени од земји во Латинска Америка, Азија и Африка. Иновацијата на Мексико, всушност, беше две револуции во една. Прво, тука беше специфичната политичка идеја за создавање контингент на бенефиции за сиромашните, за децата да посетуваат училиште. Второ, и најважно, Мексиканците ја спроведоа методолошката идеја за контролирани експерименти за да утврдат кои политики функционираат, а кои не во земјите во развој. Исто така, во деведесеттите години, благодарение на раководството на тогашниот претседател Ернесто Зедиљо, Мексико прифати независни федерални изборни институции кои во 2006 година се покажаа способни успешно да решат спорни избори. Во поново време, актуелниот претседател Фелипе Калдерон го затвори утврдениот систем за електрична енергија и ги спроведе мошне потребните даночни, пензиски и други реформи.

Нагласувајќи некои многу специфични институции кои би можеле успешно да бидат прифатени на други места, немам намера да предложам дека тие лесно можат да бидат преведени од еден национален контекст во друг. Ниту пак имам намера да предложам дека тие примери се целосно одговорни за економскиот успех на земјите каде што се пронајдени (всушност, неколку од тие земји неодамна се бореа со тешки проблеми). Меѓутоа, една земја не треба да биде голема за да биде модел за другите.

(Авторот е професор по политички науки на Факултет за политички науки „Џон Ф. Кенеди“ при Универзитетот Харвард. Пишува за „Проект синдикејт“. „Утрински весник“ е дел од мрежата на „Проект синдикејт“)


#
Статијата е прочитана 923 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Ловат вештерки наместо покана за НАТО
Вино ем ракија
Уште една гратис година за Македонија
Северина го стресе Скопје!
Досега ни бевте непозната територија
Низ студентските домови се' уште шетаат лебарки
Трагедија во Албанија - девет загинати
Америка ја откри Европа
Лондон ги поздравува нашите двокатни автобуси
Берзата, слаба, слаба, ама штанца милионери
Смачкани над 100 илјади пастрмалии
Мирослав Масин изложува во „Око“
Загрозена универзитетската автономија
Грчки референдум за Папандреу
В година јадранска лига и во ракомет
Карикатура
Скопје бесплатно на дланка
Стил






Albana is refused EU candidate status
Macedonia considers €400m IMF crisis loan
Tight controls on visa-free travellers from Albania and Bosnia