Досиеја, партиски метли, пропаднати надежи - Македонија две седмици пред самитот на НАТО
Соња Крамарска
Бомбастичните политички пораки за силните зало��би на македонското државно раководство за членство во НАТО оваа година не се дел од амбиентот во Скопје. Нема ниту трага од трескавичните лицитации пред самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година и грчот во кој живееше целата нација очекувајќи ја одлуката на Алијансата.
Оваа година, во предвечерјето на самитот на НАТО во Лисабон, македонската политичка елита реши продолжено да го празнува Halloween - Ноќта на вештерките, чие официјално одбележување светот го направи кон крајот на октомври. На политичката сцена во Скопје е отворена сезоната на лов на вештерки. Лиферување досиеја, играње на партиски метли, извештаи за пропаднати надежи - се само дел од затегнатата политичка клима.
Поранешниот премиер Владо Бучковски вели дека во претходните години самитите на НАТО биле главна политичка тема во Македонија, што не е необично ако се знае дека над 90 проценти од граѓаните на нашата земја се за зачленување во Алијансата. „Сега како да се срамиме да спомнеме дека чекаме покана за членство“, вели тој.
Односите на двете главни политички партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, се паднати на најниско можно ниво. Владејачката партија со помош на претседателот на државата Ѓорге Иванов, кој се впушти во политичките игри, обелодени документи за потрошени 340 илјади евра за комуникациска стратегија од страна на претходниот претседател Бранко Црвенковски. Социјалдемократите возвратија со обвинување дека ВМРО-ДПМНЕ ги уништи документите за потрошените пари за проектот „Скопје 2014“, со цел да не им паднат в раце на политичките противници кога тие ќе дојдат на власт.
Не е подобра ситуацијата ниту во албанскиот политички камп. Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, за кого ДУИ се сомнева дека стои зад лиферувањето кодошки досиеја против нивните партиски првенци, го обвинува Али Ахмети дека сака да ги врати Албанците во претцивилизациско време. Ахмети возвратил дека Тачи не знае со кого има работа.
Што повеќе да се каже за еден ваков политички тон, со кој моментно се води дебатата во Македонија и тоа, главно, за промашени прашања. Претстојниот самит на НАТО и сигурното фијаско на Македонија, второ или трето, никој не ги спомнува.
Од 12 до 16 ноември во Варшава се одржува и редовното годишно парламентарно собрание на НАТО, кое годинава ќе биде во функција на самитот на НАТО, што ќе се одржи три дена по собирот во Варшава. „Овие заседанија се саем на парламентарната демократија, но Македонија овој пат, прв пат во својата историја, испраќа само еден претставник, бидејќи нашиот парламент решил да штеди“, критикува Бучковски.
Пратеникот од ДУИ, Талат Џафери, кој ќе биде македонски претставник на собирот во Варшава, кусо вели дека тоа се формални собири што се одржуваат секоја година и оти не му се потребни никакви подготовки и брифинзи пред да замине.
Но, дали е така? „Тоа испраќа лоши сигнали дека Македонија крена раце од дипломатската битка за членството во НАТО“, коментира Бучковски.
Политичкото раководство на Македонија повеќе се фокусира на правењето анализи какви последици ќе имаат државата и граѓаните од промена на името, додека вистинска и релевантна анализа за можностите за напредок на државата без членство во НАТО и во ЕУ никој не нуди.
Поранешниот премиер Љупчо Георгиевски во интервју за телевизијата Алсат-М адресираше жестока критика до Владата за нејзиниот отпор за договор со Грција. „Несфатливо е нивното спротивставување новото име на Македонија да биде запишано во Уставот кога тие го кршат секогаш кога на меѓународните собири носат беџови на кои пишува дека се претставници на БЈРМ, а не на Република Македонија што, според нашиот Устав, е официјално име на земјава“, вели тој.
Buckovski!!Georgievski!!Zar tie dvajca imaat nesto da kazat,zarem mislat deka nekoj seuste im veruva??
Од: Трпе
Датум: 08.11.2010 12:46:57
Кога некој не е способен,да решава значајни проблеми за државата се зафака со врбување на народот со илузионистички вештини.Рекламите ги стават на прво место.А не значи дека овој производ кој се рекламира е и квалитетен.Замајувањето на народот им е најлесната постапка за опстојување на власт.Секогаш наогат приказни ,дали ланскиот снег бил бел или во некоја друга боја.Но народот што си бараше и тоа си го најде.Ако мис��ат дека пастирот добро ги води нека си го одберат повторно.Во резервати познато е каков е животот,нема што да се бара повеќе.
Од: Nikola vo Evropa
Датум: 08.11.2010 13:22:51
Da bidam neutralen.Nitu edna MK-partija vo moite oci nema integritet da govori za evroatlantskite integracii.Lopovlukot kaj MK-Politicarite stoj nad se-MK,EU,NATO.Toj sindrom e vpecatlivo i vo celo Ex-Yu,osven SLO.Vodacite vo EX-Yu od nejzino rasturanje pa navamu mislea i mislat uste deka povekepartiskiot sistem i voveduvanje pazarna ekonomija se dovolni da se integrira vo Evropa,za da se lapat teskite evropski miljardi.Za nivna zal i za srekja na Evropa-ne e taka!Kakva kampanji vo odnos na Evropa ke se vodat,tolku soglasnost i popularnost ke uziva idejata za evroatlantskata integracija.Ne vikam deka vo EU se e sjajno i site go znaeme toa,no Balkancite barem od malku da gi pocituvaa evropskite pravila i nacin na razmisluvanje,sega ke bea vo podobra situacija i zivotniot standard ke bese sekako povisok.Sepak,Balkanskite nacionalni kompleksi i nacionalizmi si go pravat nivnoto i go precat preminot na dela.EU ne e vinovna za nesposobnata i zaspana MK-diplomatija vo odnos na sporot so GR!!
Од: ivan
Датум: 08.11.2010 13:39:20
Da e od sega toa dobroe e. Ama vekje dve tri godini nanazad, vo momenti koga treba da bideme seriozni i fokusirani, nie se karame neznam za aferi Nadez, pa neznam se trudime da dojdeme do preporaka ili da go resime sporot i neznam sto drugo. Ova se odnesuva na Gruevski i negovata vlada. Se pravat samo toa sto treba ne go pravat.
Од: Тоше
Датум: 08.11.2010 14:25:17
А што друго да прави оваа наша НЕСПОСОБНА влада за да ја покрие својата некадарност да води држава !?! Мора да го замајаува со интриги, лаги афери исл., својот народ.
Од: професорка
Датум: 08.11.2010 14:56:27
Дали СДСМ сеуште стои на зборот дека по НАТО самитот ќе се бори за предвремени избори? Ние сакаме да сме дел од НАТО и ЕУ. Се друго е замајување и тонење. Се плашам дека ќе не одведе до распад на државата. Не знам што да направи Владата (а гледаме какви детски игри игра за дебели ��ари) не вреди ниту еден грош. Само Евроинтеграции се спас за нас.
Од: Trpce
Датум: 08.11.2010 15:24:40
nema nitu potreba nitu pridobivka od vlez vo NATO. Moze samo na kratka pateka da dade malo pumpanje na berzata i nedvizninite, no potoa ide drasticno paganje, eve kako e vo Hrvatska... a clenstvoto podrazbira i clenarina i kupuvanje novo i skapo oruzje i toa so mnogu poveke pari od tie sto ke vlezat vo RM ako eventualno prodademe neshto od Samokov... Na vnatresna scena NATO nema da se mesha, toa e rabota na multietnicka policija i pravosudstvoto ( a i teritorii kade policijata ne smee da dejstvuva, kade vazat drugi praavila). Dobra rabota e so neprimanjeto vo NATO sto moze da povleceme barem 60-70 % od vojnicite vo Afganistan, poadi ekonomski pricini. Koj saka neka odi tamu na amerikanski troshok i pod amerikansko zname...
Од: 3G
Датум: 08.11.2010 21:17:59
Bez makedonski referendum za imeto, namesto so vistinski problemi sdsm ke se zanimava so drzenje na narodot i zemjata vo zaloznistvo na nivnata zalozba za promena na imeto za datum i nitu tie nitu tie sto so toa gi poprecuvaat nema da napravat nisto vredno i znacajno.
Од: nacional-patriot
Датум: 08.11.2010 22:51:47
Ej profesorke.Kakva korist za SDSM od predvremeni izbori,koga pak ke gi izgubi izborite,pa makar bile i predvremeni.
Од: jasko
Датум: 09.11.2010 08:32:10
Dosta mu e na narodot od SDSM I DPMNE,simni se murto kaci se kurto,dvaeset godini sto ni donesoa ovie dve grupirovki,SAMO BEDA,treba da se zabranat so zakon i da dojdat posteni luge koi ke mislat za ovoj napaten NAROD......
Од: Rade.Hollandia
Датум: 09.11.2010 11:26:42
veke nemi se ni cita nuti pisuva komentari za ljuge od vtor red koj sedat vo parlament