В година јадранска лига и во ракомет
(09.11.2010г.-09:36ч.) По стапките на кошаркарите и на ватерполистите, и ракометарите од поранешна Југославија в година ќе се натпреваруваат во регионална лига. Претставниците на националните ракометни федерации од екс СФРЈ, договорија лигата да стартува следната година и во неа да партиципираат по три клуба од Словенија и од БиХ, односно по два од Македонија, Хрватска, Србија и Црна Гора. Ќе се игра двокружно со фајнл фор на крајот. Седиштето на лигата ќе биде во Загреб, а тимовите што ќе играат во регионалниот шампионат, ќе бидат ослободени од првиот дел во домашните првенства.
|