Скопје бесплатно на дланка
(09.11.2010г.-09:44ч.) Бесплатно разгледување на Скопје ќе биде организирано во сабота, по повод 13 Ноември - Денот на ослободувањето на градот. Разгледувањето ќе ги опфати културно-историските споменици Горен Град - Кале, Свети Спас, Свети Пантелејмон и Скупи, а доколку врне наместо Скупи, граѓаните ќе го посетат Музејот на Град Скопје. Бесплатното разгледување на Скопје е во организација на Туристичкиот сојуз на Скопје, Здружението на туристички водичи, Т.А. Млаз и Верската православна заедница. Разгледувањето ќе почне в сабота во 12 часот, а поаѓањето е од „Дрводекор“.
|