Број 3426  понеделник, 08 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter

Концерт

Северина го стресе Скопје!

Контроверзна, провокативна, секси... Хрватската ѕвезда во саботата вечер приреди тричасовен спектакл во полната сала „Борис Трајковски“

Катерина Шекеровска

Северина им одржа лекции по концерт на своите балкански колеги! Буквално ја урна спортската сала „Борис Трајковски“, која во саботата вечер беше претесна да ги прими сите нејзини обожаватели, но и љубопитници што дојдоа во живо да го проследат настапот на една од најконтроверзните балкански пејачки.



Во свој стил, оригинална и провокативна, направи спектакл што долго ќе се памети и прераскажува. Кога е Севе во прашање - нема промашување. Забавата е загарантирана, а здодевноста непозната. Северина едноставно прави се' - и пее, и глуми, и танцува, и зборува... И што уште не. Шоумен пар екселанс.

Ретроспективно, концертот почна нешто подоцна од најавениот почеток во 21 часот. Не помогнаа ниту апелите на организаторите за доаѓање на време - македонскиот народ едноставно си ја има навиката да доаѓа во 5 до 12. Нејсе. Тоа воопшто и' не беше битно во вечер во која можеа да се видат само задоволни и насмеани лица. Концертот почна со насловната тема од последниот албум „Здраво Маријо“, која на сцената ја донесе Северина облечена како невеста, во венчаница, за малку потоа да ја видиме во ултра мини-светкав фустан и рефрен од „Додирни ми колена“. „Лола“ веќе убаво ја распеа расположената публика што почна спонтано да станува од столчињата (сите места беа за седење) и да игра на познатиот ритам...

„Добровечер Скопје, добровечер добри луѓе! Знаете дека доаѓам од најубавиот град на светот, Сплит, но во душа, всушност, сум една обична ’дјевојка са села‘“... Публиката повторно покажува дека и' ги знае песните наизуст, па така се редат „Криви спој“, „Мили мој“, со која го отвора кабаре делот... И одново преслекување, Северина никогаш попровокативна, облечена како кабаре пејачка...

Северина се гледа, слуша, озборува... Никој не останува рамнодушен на нејзината појава. Има добро осмислено сценарио, видеобим-занимации додека се преслекува, секси (а богами и пополнички) танчарки, одлични музичари... Кокетира со публиката, ја заведува на најсуптилен можен начин... Следува дел посветен на баладите, ја гледаме во „скромен“ виолетов фустан во кој повторно до израз доаѓа нејзиното деколте... Се пеат „Поглед испод обрва“, „Шта ме сад питаш шта ми је“, „Мушкарци треба само курва“... Токму на оваа песна во заднина одат снимки од спотот на кој Северина се појавува во непрепознатливо издание, со модринки, крв на носот, малтретирана, расплакана... Следуваат повесели ноти, ново пресоблекување – овој пат слично на стомачните танцарки, во шалвари и светкаво прслуче... Игра, меша, скока, се качува дури и на лулашка лебдејќи високо во воздухот пеејќи „Тридесетте“...

Доаѓаат петте минути и за специјалниот гостин - легендарниот Горан Бреговиќ (потписник на нејзиниот последен албум „Здраво Маријо“), кој со својата колешка си разменува бкнежи на сцената. Дочекан со овации признава дека одамна не бил во Скопје, а публиката ја чести со заедничка изведба на „Гаде“ и во негова чест - „Ружица си била“... Пее цела публика, следува мала пауза за нов аутфит и на сцена се појавува Севе со маичка со натпис „Лове Скопје“, испишано на кирилица. Северина мисли на секој детаљ, точно знае што да каже и во кој момент, раскажува анегдоти, ја „закачка“ Даниела Мартиновиќ, пее песна од Оливер Драгојевиќ... Ги слушаме „Адам и Сева“, „Мала је дала“, „Анте“ ја изведува во стилот на Мајкл Џексон, со шапка, палто и ракавица што завршува во публиката... Сите се на нозе на „Гас, гас“, „Ја само пјевам“ и последната, „Вирујем у те“...

„Ви благодарам многу. Ми го наполнивте срцето и душата. Моето срце има десет илјади отчукувања. Вечерва ми го спасивте животот“, беше последниот поздрав од Северина упатен до македонската публика, дваесетина минути по полноќ. Цели три часа траеше спектаклот во кој атмосферата постојано беше на ниво, што е одлика само на големите уметници.

И покрај сите контроверзии, Северина уште еднаш докажа дека и тоа како добро си ја знае работата. Уште отсега се бара карта повеќе за нејзиниот нареден концерт во земјава.


#
Статијата е прочитана 2776 пати.

Испрати коментар

Од: mikica
Датум: 08.11.2010 12:14:07
hahahaha........najdobra pesna od site pesni i e onaa "Mala je dala", se razbira dala je na jahti. sekoja cest za Sverina. samo ziva steta sto nitu edna nasa pejacka ne moze da bide toa sto e Severina ili Ceca Raznatovic, vo pogled na popularnosta, neznam sto e problemot kaj nasite pejacki? dali navistina nemaat hitovi ili do tolku se smotani ili glumat dobri domakinki i samohrani majki??? Severina e vsusnost bezvezna za peenje, ama dobro go skontala sou-biznisot i mokta na novinarite i mediumite, sekoja prikazna za nea vo vesnicite e odlicen marketing. nasive pejacki, naprimer placat i se zatvoraat po doma koga ke im izleze nekoj skandal.....epa, dragi nasi pejacki, sepak ucete od Severina i ne se rckajte so novinarite....
Од: А СЕГА СРБИЗАЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА
Датум: 08.11.2010 12:18:45
Уште на 1 ноември Скопје беше облепено со плакати за некоја си Карлеуша за концерт на 20-11. Па на 24 жената на злосторникот. А пред тоа еден не го ни знам ја наполнил Борис Т. Од радиостаници на сите страни српска права бановина.
Од: koskar
Датум: 08.11.2010 13:44:47
"Цели три часа траеше спектаклот во кој атмосферата постојано беше на ниво, што е одлика само на големите уметници." - ova e samo delumno tocno, bidejki ne e dovolno da se napravi koncert od 3 casa da se bide golem umetnik. Za zal, Severina ne e nitu obicen umetnik - uste pomalku golem. Potoa, taa ne e od Srbija, pa ne moze da stane zbor za "srbizacija". Na krajot, poradi vakvite bespotrbni velicanja po vesnici, kako i masovni poseti na nastani od ovoj tip - Alfa stana Pink. Na zdravje...
Од: Daniela
Датум: 08.11.2010 14:10:32
Kakov narod takvi pejacki ,ne moze na priprost i zatucan narod da imas sou biznis pejacki ,nasive i dobri se imajki v predvid kakov ni e narodot.Za da se glupiras i ic da ne te boli sto misli narodot treba da e vo prasanje golema suma na pari,a ako nema pari sto ke si go narusuvas ugledot ne vredi toa,ne se isplati vo Makedonija da si zvezda premnogu nervozi i stresovi, a premalku pari za vozvrat ,poskoro cir ke dobies otkolku pari.
Од: Stojko
Датум: 08.11.2010 14:49:00
@А СЕГА СРБИЗАЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА> A da smenis stanica? Ili da si gi zatnes usite?
Од: Iva
Датум: 08.11.2010 20:04:56
Do: А СЕГА СРБИЗАЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА Severina ne e Srbinka, taa e od Hrvatska, Dalmatinka. Elementarna kultura pa duri i za internet komentiranje e da imate minimum znaenje za ona što komentirate, se drugo e smešno i žalno istovremeno......za vas se razbira.
Од: Daniela Nikolovska Zdravkova
Датум: 08.11.2010 21:48:37
Prekrasno si pominavme na Seve koncertot,od samiot pocetok pa do krajot nie zenite i zaviduvavme na nejzinoto telo vajano,a mazite vozdivnuvaa i site zaklucivme deka Severina e brend vo Hrvatska,i ne napolni so pozitivna energija site.
Од: Ivan Mihailov
Датум: 09.11.2010 08:36:25
A da dovedat nekoja Bugarska pejacka pa da ja namalime malku ovaa Srbizacija................
Од: ilija
Датум: 09.11.2010 09:24:29
Na sila nekoj da ne ve srbizira??? Sea sho Makedonija e seljachka drzava ne e srpsko-hrvatski problem... I mene mi smeta toa sto edinstveni "kulturni nastani" u zadnje vreme se Cece,Jece,Seve,Dzani,Dzogani,Fani,Kjani...ama istiot problem se i tursko-indiskite serii i 95% lugje sednati pred tv...Potrebata za kulturna nadgradba na tie lugje e niska a zagrizuva i faktot sto se povekje obrazovan svet se prepusta na niski strasti i eftini intrigi... Zatoa bojkot!!!
Од: СРБОМАНИ И БУГАРОМАНИ
Датум: 09.11.2010 09:59:27
По коментарите се гледа. Македонија по музиката е права бановина. Јас барем на медиумов и со бугарофилите се објаснувам на форумите. Не ви барам бугарска туку македонска бе србоманчиња. Свесни ли сте дека на сите страни српска. До кога бе. Смени станица да донесат друга. Не бе се додека врие од србомани ке се полнат со пари разноразни.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Ловат вештерки наместо покана за НАТО
Вино ем ракија
Уште една гратис година за Македонија
Големи идеи од мали земји
Досега ни бевте непозната територија
Низ студентските домови се' уште шетаат лебарки
Трагедија во Албанија - девет загинати
Америка ја откри Европа
Лондон ги поздравува нашите двокатни автобуси
Берзата, слаба, слаба, ама штанца милионери
Смачкани над 100 илјади пастрмалии
Мирослав Масин изложува во „Око“
Загрозена универзитетската автономија
Грчки референдум за Папандреу
В година јадранска лига и во ракомет
Карикатура
Скопје бесплатно на дланка
Стил






Albana is refused EU candidate status
Macedonia considers €400m IMF crisis loan
Tight controls on visa-free travellers from Albania and Bosnia