Број 3426  понеделник, 08 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter

Грчки референдум за Папандреу

Грците преку локалните избори ќе решат дали и натаму сакаат мерки на штедење или нова влада

Од нашиот дописник,
Миркица Поповиќ

Атина - Грција вчера излезе на ��окални избори, но победникот, според општите уверувања, ќе ја реши судбината на државата, односно дали ќе продолжат досегашните мерки на владата на Јоргос Папандреу или, пак, ќе има предвремени избори? Премиерот Папандреу целосно остави граѓаните да пресудат каде ќе се движи Грција и до последен момент пред почетокот на вчерашното гласање го задржа ставот дека доколку ПАСОК биде поразен на локалните избори ќе распише нови парламентарни избори.

Ова се првите локални избори од кои директно зависат следните парламентарни. Изборите се први по реформата на административната поделба на Грција, која сега има 13 административни области наместо претходните 54 и 325 општини наместо 1.014. Мандатот на локалните гувернери е зголемен од четири години на пет, а нивната власт и контрола за локалните и за регионалните проекти и финансии е значително зголемена.

Исходот од изборите се' до доцните вечерни часови беше неизвесен за разлика од минатогодишните парламентарни избори кога победата на ПАСОК над Нова демократија беше јасна од самиот почеток на изборните кампањи. Главното прашање беше дали по само 13 месеци власт Папандреу ќе се одлучи да ги замрзне реформите и ќе повика на брзи предвремени избори, како што се шпекулира, на 12 или на 19 декември. За овие избори изостанаа и вообичаените прогнози и анализи од медиумите за резултатите и кандидатите-фаворити на граѓаните за градоначалници и за префекти.

Политичките лидери, секој загрижен од различна причина, во своите изјави по гласањето се обидуваа за последен пат да допрат до оние неопределени гласачи.

Премиерот Папандреу, придружуван од сопругата, по гласањето изјави дека овој ден не е важен само за поддржување на новиот план за децентрализација „Каликратис“, туку дека е важен за иднината на државата. „Со Каликратис реализираме една визија, ја приближуваме власта до граѓаните. Меѓутоа, носиме и одлуки за стабилноста на државата. Потребна ни е оваа стабилност за да продолжиме со тешки, но неопходни промени за државата. Победувавме во битките и ќе продолжиме да победуваме како држава, знам дека можеме. Грција може, сите заедно можеме“, истакна Папандреу.

Неговиот најжесток противник, лидерот на Нова демократија, Адонис Самарас, изјави дека народот, конечно, ќе го каже своето мислење и побара промена на политиката и економските мерки. „Грците не се плашат. Ќе ги изберат најдобрите и ќе испратат остра порака кон владата, порака за промена на политиката. Надежта пак ќе победи“, нагласи Самарас. Меѓутоа, како што коментираат медиумите, Самарас не е подготвен за предвремени избори и, најверојатно, се надева дека нема да дојде до тоа. Се коментира дека опозицијата се' уште нема цврст план за раководење на државата, но ја нема ни потребната доверба од граѓаните за да може да застанат на лидерското место што лани го изгубија.

Она за кое најупорно се шпекулира е дека предвремените избори евентуално би довеле до првата коалициска влада во Грција. Дури и оние што на овие избори избраа да гласаат за другите помали партии тврдат дека несомнено на парламентарните избори повторно ќе победи ПАСОК, но владата ќе биде формирана во коалиција со некоја од другите партии.

Шпекулациите се множеа, но бројот на гласачи се' до попладнето беше изненадувачки мал и под задоволителниот број. Гласањето за првиот круг на изборите се одвиваше релативно мирно, без некакви инциденти пред гласачките места. Во одредени општини, дел од членовите на комитетот за надзор и пребројување на гласовите годинава одлучија без предупредување да не се појават на своите места, па наместо пет надгледувачи на многу места работата ја вршеше само еден човек. Граѓаните од три помали места во Грција: Гавдос, Козани и дел од Касторија одлучија годинава целосно да ги бојкотираат изборите, со што го изразија го својот револт против негрижата и запоставувањето на овие делови од грчките политичари.

На гласачките места немаше големи редици и застој, поголем дел од граѓаните оставија до последните часови пред затворањето на гласачките места да се одлучат дали и за кого ќе гласаат. Причина за одложување на гласањето за некои беше убавото сончево време, кое одлучија да го поминат со своите семејства, додека, пак, за други причините беа секако политички подлабоки.

„Би сакал 70 отсто од граѓаните денес да не гласаат за да може политичарите да видат колку имаат погрешено, а не следниот ден некои од партиите во формирање да се удираат в гради и да речат дека граѓаните не гласале за да ги поддржат нив как�� нова партија што се' уште нема стапнато на сцена“, коментираше еден постар граѓанин, кој одлучи да не го оствари своето гласачко право.

Некои од граѓаните коментираа дека гласаат за кандидатите што навистина добро ќе се грижат за нивните општини, додека, пак, други за да видат политичка промена во државата. „Се вратив во Атина да гласам, и искрено повеќе се наклонувам кон левицата, но не и кон Папандреу. Гласам за градоначалникот што мислам дека ќе направи нешто повеќе за Атина, но, да бидеме реални, очекувам после овие и нови парламентарни избори. Папандреу имаше друг избор, но избра да го пријави долгот и да ги воведе овие мерки. Со парламентарните избори не гледам шанса да победи Нова демократија, но сигурен сум дека ПАСОК ќе коалицира и ќе биде принуден да воведе нов план и нови економски мерки“, коментира 35-годишниот Василис, кој живее надвор од Грција и се врати само за изборите.

Граѓаните се свесни дека предвремените избори ќе значат замрзнување на реформите што, пак, ќе значи дека Грција не ги исполнила своите должности и може да не ја добие третата рата од кредитот од ММФ потребен за економска поткрепа на државата.

Не беше мал бројот на граѓани што во петокот и во саботата ја напуштија Атина и заминаа во родните места каде што имаат право на гласање. Во петокот и во саботата беше невозможно да се најде слободно место во возовите, преполни беа и траектите, а значително беше зголемен и бројот на меѓуградски автобуси за да може сите граѓани да стигнат дома до недела за гласање. Дел од граѓаните коментираа дека заминуваат во родниот град за да гласаат и да ги поддржат оние што сметаат дека најдобро ќе раководат со нивните општини, додека, пак, други само го искористија овој момент да отидат дома и да ги посетат семејствата со кои не се виделе подолго време.

Локалните избори годинава заштедија половина милион за разлика од минатогодишните парламентарни избори. Беа потрошени два милиона евра за околу 25.000 паравани и кутии за гласање, седум илјади евра за пица и сендвичи за комитетите за надгледување на изборите, 20.000 евра за прес-центарот „Запио“.


#
Статијата е прочитана 653 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Ловат вештерки наместо покана за НАТО
Вино ем ракија
Уште една гратис година за Македонија
Големи идеи од мали земји
Северина го стресе Скопје!
Досега ни бевте непозната територија
Низ студентските домови се' уште шетаат лебарки
Трагедија во Албанија - девет загинати
Америка ја откри Европа
Лондон ги поздравува нашите двокатни автобуси
Берзата, слаба, слаба, ама штанца милионери
Смачкани над 100 илјади пастрмалии
Мирослав Масин изложува во „Око“
Загрозена универзитетската автономија
В година јадранска лига и во ракомет
Карикатура
Скопје бесплатно на дланка
Стил






Albana is refused EU candidate status
Macedonia considers €400m IMF crisis loan
Tight controls on visa-free travellers from Albania and Bosnia