„За најголем дел од препораките што беа дадени во минатогодишниот извештај на Европската комисија за Македонија се преземени чекори за нивна елиминација“, изјави вчера вицепремиерот за европски прашања, Васко Наумовски. На церемонијата за доделување на владините стипендиите за постдипломски студии од областа на европското право, економија и политика, на неколку европски универзитети, тој рече дека Владата ќе вложи максимални напори и оваа година земјата да добие позитивен извештај од Комисијата. Меѓу областите што треба да се подобрат до ноември, кога ќе биде објавен извештајот, е и политичкиот дијалог, за што, според Наумовски, е потребно повеќе од една страна. Тврдењата на некои европски аналитичари дека европската перспектива на Балканот е само на хартија, Наумовски ги отфрли како неточни, наведувајќи дека европската иднина на регионот постојано се потврдува од страна на ЕУ.
Наумовски вчера во име на Владата врачи седум стипендии за претстојната учебна година. Стипендистите, по завршувањето на студиите во странство, обврзани се да работата неколку години во државната администрација. Стипендиите кои преку Секретаријатот за европски прашања се доделуваат осма година едноподруго од оваа година го носат името на починатата поранешна вицепремиерка за европски прашања, Габриела Конеска - Трајковска. Како што информираше Наумовски, стипендиите се доделуваат со цел да се добијат стручни кадри кои со своето стекнато знаење во странство ќе ја зголемат професионалноста и ефикасноста на македонската администрација. Интересно е што една од стипендиите годинава е наменета за постдипломски студии по европско воздухопловно и космичко право.
Постдипломски студии во странство стипендирани од Владата досега завршиле 67 лица. Неколкумина од нив, по одработувањето на пропишаниот број години во администрацијата, отишле на други работни места, а само еден или двајца не се вработиле во администрацијата и ги вратиле средствата дадени за нивните постдипломски. Годинава, слично како и претходните, Владата издвои седум милиони денари за стипендиите.
Malce poveke od nekolku stipendisti se otideni, a nekoj treba da ispita zosto.
Од: Mitre od dolnidupeni
Датум: 27.08.2010 07:32:39
Kazanoto i napravenoto ne veruvam deka se sovpagaat...Da se vidi tragata na parite>??? Se nekako so parite e somnitelno...
Од: b
Датум: 27.08.2010 09:31:56
Ќе ги исполнела? Па откако овој е дојден на власт труби дека се ИСПОЛНЕТИ!
Од: pedro
Датум: 27.08.2010 10:27:02
Dosta vekje i taka nikoj nema da poveruva utre da poccnat pregovorite. Pa onoj Poselt kapak. Opozicijata kodossela. zamislete eden stranec taka za SDSM, sramota, po tolku trud da se razbere vistinata za Makedonija.
Од: aleksandar sv.nikole
Датум: 27.08.2010 10:33:29
a branko crvenkovski pak da ne gi ispolni podobro???15 godini na vlast i nisto ne napravi...eden klinec ne zakova...sramota!
Од: Studentka
Датум: 27.08.2010 10:49:11
A i druga prikazna e toa za izborot na stipendistite, zasto site mnogu dobro znaeme deka vo Makedonija nazalost nikogas ne se cenel kvalitetot i trudot na mladite tuku sekogas sopstven interes i 'vrskite' opredeluvale koj ke bide dobitnik, a koj loser! Zalno, a tolku mnogu kvalitet ima vo drzavat sto ili taka ke propadne ili kako i jas ke si ja bara pravdata i srekata nadvor of drzavata.
Од: dedo dimo
Датум: 28.08.2010 09:51:11
Samo kritiki ,i dobro koga se zboruva i pravi pa ne chini .Nie Makedoncite sne tipichen narod za negativni izrazuvanje .Edno site da znajte ,Makedonija i kolku raboti da napravi dobri ,duri ne im go poklonime imeto nema vlez vo EU i NATO.,toa treba da go razberite .Vo EU i NATO ,ne sakaat samo da ne sne Makedonci i zemjata nasha da ne se vika MAKEDONIJA e koga nema da postojme toa shto sne ,togash povelete vo EU i NATO ,zato shto ne poostojme poveke.
Од: Bobi
Датум: 28.08.2010 15:45:06
Па нели се беше во ред и според програмата. Какви препораки сега средиле? Какви стипендии? Ако стварно веќе се е средено тогаш што работат сега? Зошто не си одат?