Ќе се санира депонијата во ОХИС
Министерството за животна средина ќе ја санира депонијата со линдан, која се наоѓа во кругот на фабриката ОХИС. Со студијата изработена од италијанската компанија „Д’Аполонија“ во соработка со Министерството се предвидува ремедијација и санација на старата депонија со линдан, органско соединение што се користи како инсектицид, а во некои случаи и при третман на некои инфекции.
На презентацијата на студијата министерот за животна средина и просторно планирање, Неџати Јакупи, истакна дека за тридеценискиот проблем со линданот биле изработени неколку студии.
„Оваа година линданот влезе во Монтреалскиот протокол преку програмата за животна средина на Обединетите нации и ГЕФ и можеме да најдеме средства за негово трајно решавање“, рече Јакупи. (С.Н.) |