Број 3024  среда, 01 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Полошо не може да биде: хрватскиот БДП потона за 6,7 отсто

Владата е во контакт со ММФ, од кој дефинитивно ќе треба помош

Министерот за финансии, Иван Шукер, посочи дека проблемите на опаднатата хрватска економија се зголемуваат од ден во ден. Државниот завод за статистика објави податоци дека хрватскиот БДП во првиот квартал оваа година опаднал за 6,7 отсто во однос на истиот период минатата година. Тој процент претставува најголем пад на стопанството забележан во Хрватска, уште од последното тримесечје на 1993 година, кога падот изнесуваше 10,3 отсто.

Соочен со поразувачките резултати на хрватското стопанство и се' послабото полнење на државната каса, Шукер во понеделникот најави дека владата за две недели, најдоцна до почетокот на септември, ќе предложи нов ребаланс на буџетот.

ДЗС наведува дека значително опаднале сите категории на БДП, освен државната потрошувачка, која и натаму е во пораст. Податоците за потрошувачката на домаќинствата, најголема категорија во БДП, реално се опаднати за 9,9 отсто, што е најголем пад во последните 10 години, додека реалното опаѓање на бруто-инвестициите во фиксниот капитал изнесува 12,4 отсто. Извозот на стоки и услуги реално е опаднат за 14,2 отсто, додека увозот на стоки и услуги е опаднат за 20,9 отсто.

Гувернерот на ХНБ, Жељко Рохатински, на состанокот со ММФ и Светска банка во април најави дека хрватското стопанство во 2009 година ќе опадне за 4 отсто, додека ММФ во своите прогнози најавува пад од 3,5 отсто. Истовремено, главниот економист на австриската Рајфајзен центробанк, Петер Брезиншек, изјави за „Блумберг“ дека на Хрватска дефинитивно ќе и' треба помош од ММФ и дека постојат индикатори оти веќе дошло до контакт меѓу хрватската влада и меѓународната финансиска институција.

Коментар беше побаран од поранешниот потп��етседател на Владата и поранешен претседател на хрватската Стопанска комора, Младен Ведриш. Ведриш не е премногу изненаден од податокот за 6,7 отсто и смета дека за таков драстичен пад на стопанството постојат две главни причини. „Првата е енергетската криза што настапи во почетокот на годината, а втората причина е драстично опаѓање на индустриското производство и намалување на извозот. Тие два фактора најмногу влијаеја на овие податоци“, изјави Ведриш во разговор за „Национал.хр“.

„Мора да се знае дека во податоците за првиот квартал има многу мала застапеност на градежништвото, кое ќе има поголемо влијание врз БДП во преостанатите квартали. Слично е и со туризмот, па треба да се очекува дека полугодишните податоци за падот на БДП ќе бидат малку помали од оние од првото тримесечје“, рече поранешниот потпретседател на владата, па додаде дека очекува оти песимистичките најави за падот на БДП за 4 отсто на крајот ќе се покажат како реални и дека во тие рамки треба да се очекува годишен пад на БДП. Ведриш ги прокоментира и изјавите на странските економски експерти за контактот на хрватската влада и ММФ и можната помош од оваа институција. „Верувам дека владата е во постојан контакт со ММФ. И едната и другата страна имаат интерес за заедничка соработка. ММФ со своето влијание и финансиските интервенции го намалува притисокот на светското стопанство, а владата некако мора да го реши проблемот со надворешниот долг и големата неликвидност. Заради осигурување на ликвидноста на државата, нормално е да се побара некој вид поддршка од ММФ“, заклучува Младен Ведриш. (Национал.хр)


Статијата е прочитана 911 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 01.07.2009 09:43:00
Sekogas moze da bide poloso, a i ke bide

Најди! во Утрински
Економија
Црни денови за индустријата, се работи без профит
„Космофон“ ќе се ребрендира годинава
Потребни се најмалку три милијарди евра инвестиции во енергетиката
Бернард Медоф е осуден на 150 години затвор
Рекорден пад на економијата во Турција
Дијагонална кумулација меѓу Македонија и Турција
Нов тендер за фиксен оператор
Намалување на БДП во Србија од 3,5 отсто