Број 3024  среда, 01 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Потребни се најмалку три милијарди евра инвестиции во енергетиката

Експертите повторно ја оценуваа Стратегијата за развој на енергетиката

Енергетските проблеми во земјава може да се решат само со употреба на лигнитот и нуклеарната енергија, а сите други ресурси, како што е природниот гас, се ограничени. Ова е еден од ставовите изнесен на вчерашната седница на Асоцијацијата во Стопанската комора на Македонија, на која беше презентирана Нацрт-стратегијата за развој на енергетиката во Македонија за периодот 2008-2020 со визија до 2030, изготвена од МАНУ.

„Потребни се минимум три милијарди евра и од седум до десет години за да се реши проблемот со непречено снабдување со електрична енергија во Македонија. Рудникот ’Суводол‘ е на крајот на експлоатацијата и од огромно значење е во краток период да се направи стратегија како да се супституира главниот извор на лигнит кој во изминатиов период задоволуваше од 65 до 70 отсто од производството на електрична енергија во Македонија. Сметам дека е битно 51 отсто од потребните три милијарди евра да ги финансира државата, а останатите средства да се обезбедат од странски инвеститори“, рече Хаџимишев.

Тој додаде дека треба да се види и можноста државата да инвестира во изградба на нови 100-150 километри гасовод, имајќи ги предвид бенефитите колку струја може да се произведе од гасот иако, како што кажа, гасот не може целосно да ги реши проблемите во енергетскиот сектор.

Според Илија Спироски од „ЕВН Македонија“, стратегијата е фокусирана на претпоставени состојби, наместо на решавањето на проблемите во енергетскиот сектор. Тој препорача да се изготви програма за реализација на стратегијата, а во спротивно, како што рече, нема да се остварат нејзините цели.

Реплицирајќи му, академик Томе Бошевски рече дека стратегијата дава насоки за развој, а не ги решава проблемите.

„Стратегијата треба да не' придвижи од летаргијата што трае 20 години и да почне да се инвестира во овој сектор, од кој досега само се одвоија 200 милиони евра од продажбата на поранешното ЕСМ кои се искористија за други намени. Дојдени сме до критична точка, бидејќи нашите електрани се на крајот на својот век. Не можеме да се надеваме дека со концесии или странски инвестиции ќе го решиме проблемот. Мора државата да има инвестициски фонд за енергетскиот сектор и ЕЛЕМ да се оспособи на економска основа да може да гради нови производствени капацитети“, рече Бошевски.

За реализација на стратегијата, треба да се обезбедат четири милијарди евра за сценариото без атомска централа, а пет милијарди евра за сценариото со атомска централа. Од нив, до 2020 година треба да се реализираат три милијарди евра. (Ек.Р.)


Статијата е прочитана 289 пати.

Испрати коментар

Од: Sekogas tuka za vas
Датум: 01.07.2009 09:33:54
Koga vo diskusija za elektroenergetskiot razvoj se vklucuva i "kadar" od tipot na Spirovski jasno e do kade se dojdeni rabotite :). Uvazenite akademici,sepak, predlozija dobra strategija, ama tie ne mozat da gi nateraat nitu politicarite nitu opstestvoto vo celost da se promenat, odnosno na odreden nacin da se zrvtuvaat za elektroenergetikata vo koja, za zal, perspektivite ni se - zagarantirana temnica!
Од: М-р Коста Стоименовски
Датум: 01.07.2009 11:27:15
Ме чуди определбата на креаторите на стратегијата за развој на енергетиката на основа на екстензивен развој! Македонија не може да постигне ефикасен развој, не само на енергетиката, туку и на целокупната економија, доколку не преземе мерки за дефинитивно ослободување од расипувачите на дефицитарната енергија во државава! Во Македонија, за жал, постојат повеќе мега-проекти, првенствено во областа на екстрактивната и тешката индустрија, кои се безмилосни расипувачи на енергијата и кои, по примерот на високо развиените земји, треба постепено да се ликвидираат, а економскиот развој да се насочи кон ниско енергоинтензивни и економски ефикасни индустриски проекти!
Од: Aleksandar Petkovski
Датум: 01.07.2009 14:24:37
Ete MANU im rece na ovie od vladava, uste da ima pismeni politicari da poslusaat. Samo nuklerna centrala ne spasuva nas ....

Најди! во Утрински
Економија
Црни денови за индустријата, се работи без профит
„Космофон“ ќе се ребрендира годинава
Бернард Медоф е осуден на 150 години затвор
Полошо не може да биде
Рекорден пад на економијата во Турција
Дијаго��ална кумулација меѓу Македонија и Турција
Нов тендер за фиксен оператор
Намалување на БДП во Србија од 3,5 отсто