Број 3024  среда, 01 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Црни денови за индустријата, се работи без профит

Падот на вкупните приходи на компаниите годинава се движи меѓу 20 и речиси 40 отсто

Соња Маџовска

Профитабилноста на домашните компании е сведена на нула, допрва доаѓаат црни денови, се жалат и од големите и од малите фирми. Тие упорно бараат помош од државата.

Данокот за падот во индустријата го платија работниците кои останаа без работа. Од текстилната индустрија, каде што статистиката регистрира најголемо намалување на бројот на вработените, укажуваат дека отпуштањата се далеку поголеми, со оглед на тоа што во земјава работат текстилните фирми што имаат од 10 до 20 вработени, а тие немаат обврска да испраќаат податоци до Државниот завод за статистика. Според Владо Нетков, претседател на Асоцијацијата на текстилни работници, поголемиот дел од овие фирми се затворени или, пак, бројот на вработени е сведен на минимум,

„Поголем е бројот на работници што останале без работа во текстилната индустрија од оној што го прикажува статистиката. За над 30 отсто се намалени производството и нарачките од странските партнери. Во септември и октомври очекуваме производството да се намали за 50 отсто поради намалената потрошувачка. Профитабилноста е сведена на нула. Доаѓаат црни денови за текстилот. Оваа гранка по големина е втор извозник и носач на девизни приливи. Бараме помош од државата преку субвенционирање на извозните компании. И досега постојано апелиравме за помош, но нема резултати“, објаснува Нетков.

Меѓу 20 и речиси 40 отсто се движи падот на вкупните приходи на компаниите годинава, покажале анкетите на Сојузот на стопанските комори, спроведена меѓу нивните членки. Речиси сите гранки се пожалиле дека работат со намалени приходи. Дури и трговските фирми што продаваат основни прехранбени произв��ди, како што се „Тинекс“, „Веро“, бележат намалена продажба и пад на приходите.

Од ССК пред десетина дена повторно му пишале на премиерот Никола Груевски, барајќи итно да седнат на заедничка маса Владата и Народна банка на Македонија и да ги усогласат пререстриктивната монетарна и преекспанзивната фискална политика.

„Бараме по секоја цена да се заштити курсот на денарот. Владата да зајми од 500 до 600 милиони евра однадвор, да и' помогне на НБМ да го одржи курсот, а таа за возврат да ја релаксира монетарната политика. Има недостаток на свежи пари во земјава. Државата ги прибира парите од банките со записите, па нема средства за стопанството, а растат и каматите. Многу се одолжи примената на антикризната мерка за одобрување на евтините кредити. Ќе бараме средба во Владата за да се забрза постапката. Овие кредити треба колку што може побрзо да станат оперативни“, укажува Мирче Чекреџи од ССК. Тој смета дека ако се развлечка и бирократизира постапката на доделување на евтините кредити, тогаш оваа мерка ќе нема никаков ефект, но ако нивното одобрување оди брзо, ќе значи голема помош за малите и за средните фирми.

И големите компании работат со преполовени капацитети. Според статистиката, искористеноста на капацитетите во мај се движела малку над 50 отсто. Намалениот обем на производство кај овие фирми се должи на намалениот извоз и малата побарувачка за нивните производи на странските пазари.

„Глобалните трендови влијаат и врз работата на „Макстил“. Засега кај нас нема намалување на бројот на вработени. Се обидуваме да го задржиме проектираното производство, кое годинава поради кризата е намалено за 20 отсто. Гледаме да го одржиме тоа ниво. Очекуваме позитивни поместувања во третиот квартал од годинава. По одморите ќе имаме јасна слика како ќе се движат работите понатаму“, вели Александар Панов од „Макстил“.

Стравувањата на стопанствениците секојдневно ги потврдува и статистиката, секој месец се регистрира се' поголем пад на производството, што резултира и со пад на БДП за првиот квартал од речиси 1 отсто. Експертите излегоа со процени дека земјава е веќе влезена во рецесија. Тие очекуваат дека падот на БДП ќе биде уште поголем во вториот квартал од годинава и ќе се движи околу минус 2 отсто.


Статијата е прочитана 536 пати.

Испрати коментар

Од: janev
Датум: 01.07.2009 14:55:37
Од вестите кои ви се од делот економија може да се види дека како тргнало може пола свет да ни банкротира

Најди! во Утрински
Економија
„Космофон“ ќе се ребрендира годинава
Потребни се најмалку три милијарди евра инвестиции во енергетиката
Бернард Медоф е осуден на 150 години затвор
Полошо не може да биде
Рекорден пад на економијата во Турција
Дијагонална кумулација меѓу Македонија и Турција
Нов тендер за фиксен оператор
Намалување на БДП во Србија од 3,5 отсто