Црвенковски на форум во Пекинг
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Бранко Црвенковски, до 27 мај ќе престојува во Пекинг каде што на покана на Комунистичката партија на Кина ќе учествува на Кинеско-европскиот форум на политички партии на високо ниво „Глобалните предизвици и соработката Кина - ЕУ“. Претседателот Црвенковски ќе има свое обраќање на форумот на тема „Односите Кина - ЕУ и важноста на соработката меѓу политичките партии во севкупните односи“.
Форумот се одржува по повод 35-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Кина и ЕУ и на него ќе бидат опфатени повеќе теми од заеднички интерес, а свое учество најавија повеќе од 50 делегации на политички партии од Европа и од регионов. |