Број 3601  четврток, 09 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Политика

И на „Фејсбук“ се протестира поради полициската бруталност

„Нашата тага е вашето насилство“, „Борете се против нивните лаги“, се дел од илјадниците коментари на социјалните мрежи

Жаклина Ѓорѓевиќ


„Нашата тага е вашето насилство, нашиот гнев е копнежот за демократија. Немојте нам да ни ја препишувате вашата омилена стратегија. Барајте ги насилниците во вашите редови, свртете се околу вас, таму ќе ги пронајдете“, стои во писмото адресирано до помошник-министерот во МВР, Иво Котевски, а на кое е потпишан Славчо Димитров, поборник за човекови права, во врска со убиството на младото момче на плоштадот. Писмото следува како реакција на изјавата на Котевски, кој според Димитров, сакал протестантите да ги прикаже како насилници.

По масовните протести што се одржаа во претходните два дена, собир беше најавен и за синоќа, а организирањето повторно беше преку социјалните мрежи. На интернет во текот на денот вриеше од разни коментари со кои невладини организации и поединци бараа одговорност од надлежните во МВР и оставки.

Социјалните мрежи вчера постојано се освежуваа со нови коментари од типот: „Протестирам за цивилизирана, правна држава - без државно прикривање убиства!“, потоа „Борете се против нивните упорни лаги! Човекот што го одбрал насилството како метод, мора да ја користи лагата како принцип“, „Партиските книшки во фиока - разумот на плоштад“... Од час во час постојано се менуваа коментарите на „Твитер“ и на „Фејсбук“.

Во писмото што циркулираше на социјалните мрежи, Димитров му се обраќа на Котевски со зборовите: „Ние знаеме дека ве загрижува, дека ве плаши оваа самоорганизирана група граѓани. Знаеме дека ве плаши фактот што гледате дека граѓаните, конечно, ослободени од хиерархизираните модели на наредби и дисциплина, се собираат и ја практикуваат демократијата. Знаеме дека оваа маса од енергија, од демократски флуид надвор од стандардните партиски митинзи и распрскани протести, надвор од методите на страв, ги растоварува темелите на Вашиот монопол и злоупотреба на сила“. Димитров бара од Котевски, како што вели, да покаже „барем трошка почит кон граѓаните“ и кон нивната ожалостеност и револт. Тој му порачува на помошник-министерот дека не се работи за група насилници ниту, пак, дека некој повикувал на насилство.

„Господине Котевски, додека вашите пријатели безобѕирно и игнорантно фрлаат лопати за темелници на виртуелни села, некој фрла лопати за гроб, за реална смрт што не може да ја прекрие и да ја надмине никаков идеал на вашиот национализам и изумрена историја“ му порачува Димитров на Котевски кој го повикува да се придружи на протестантите. Истовремено, му се обраќа со зборовите дека потклекнале пред демократијата.

Првично барањата на протестантите беа три: итно распуштање на специјалната единица „Алфи“; лична одговорност на сторителот на убиството и неговите претпоставени, како и овозможување надворешна контрола над работата на полицајците. На овие барања се приклучи со свој коментар и Мирјана Најчевска, експерт за човекови права. Таа на социјалните мрежи напиша дека случајот на Мартин нема да се расчисти се' додека не биде осуден полицаецот, потоа да се поведе постапка против сите по основа на одговорност, вклучувајќи оставка на министерката за внатрешни работи и одговорност од нејзиниот помошник Иво Котевски поради, како што се вели, „мамење и ширење лажни информации“. Меѓу седумте точки што ги наведува како услов стои и тоа дека треба да се казнат лекарите што првично утврдиле дека нема знаци на насилство, како и да се распуштат сите посебни единици „што излегуваат надвор од рамките на Законот за полиција“.

Претседателот на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Осман Кадриу, кој завчера присуствуваше на протестите, демантира дека протестантите биле насилници. „Сакаме да се утврди одговорност. Треба да се утврди одговорноста зошто органот молчел, а станува збор за сторител што е службено лице. За посебните видови одговорност, нема да се произнесеме дали станува збор за кривична или прекршочна одговорност. Политичката одговорност е неминовна, а во рамките на институциите на системот се должни да се утврди во сите тие однесувања дали има елементи на други форми на одговорност“, дециден е Кадриу.

Одговорност од институциите вчера побараа и од Младинскиот образовен форум, кој побараа санкционирање на сторителите и разрешница на случајот.

Се плашат да се пожалат

Во коалицијата „Сите за правично судење“, која има петгодишен проект за повреда на правата при полициско постапување, досега се евидентирани 346 случаи. За сите случаи, коалицијата обезбедува бесплатна правна помош и бесплатно обезбедување лекарска документација. Во 2010 година биле пријавени 36 случаи, од кои најмногу биле за прекумерна употреба на сила, а имало и за понижувачко однесување, брутал��о однесување, како и за тешки телесни повреди.

„Граѓаните се одвраќаат од пријавување такви настани во МВР делумно и затоа што во определен број од случаите веднаш по пријавувањето на настанот следува определна контрапријава кривична или прекршочна“, велат во коалицијата.

Во Хелсиншкиот комитет, пак, на годишно ниво се пријавуваат над 10-15 подрастични случаи за однесувањето на полицијата. Главно, тие се однесуваат за повреди на правата при приведување. (Ж.Ѓ.)


#
Статијата е прочитана 3287 пати.

Испрати коментар

Од: zapad
Датум: 09.06.2011 00:11:54
tuka na zapad za da ucis za policaec treba da imas gimnazija i sl pa 3godisna visa skola sekako pred toa se vrsi selekcija...a vo mak policaec ce stanes so kurs od 30dena a delikventi kako togj stipjanec stanuvat specijalci???????????pa kako delikvent ce postapuva ...ova nee prv pat...razbudi se makedonija mafija ve vodi i pere um.
Од: pravda
Датум: 09.06.2011 00:38:55
ajde da vidime sega kolku Gruevski i Jankulovska go praktikuva zakonot podednakvo za site i negovata borba protiv kriminalot. Ovde treba da odgovaraat eden kup luge - soucesnicite koi ne go prijavija ubistvoto, portparoloto koj davase lazni informacii, lekarite, ministerkata !
Од: nekoj
Датум: 09.06.2011 04:08:55
Prikrivanjeto na krivicno delo,e soucesnistvo vo istoto,a cela Makedonija e svedok na obidot za prikrivanje deka se raboti za ubistvo. Sto poveke luge pocnat javno i glasno da zboruvaat za zloupotrebite i prekrsuvanjata na covekovite prava i slobodi,toa potesko ke mozat istite da se prikrijat.
Од: mene
Датум: 09.06.2011 05:07:48
FASHISTI
Од: Sruga
Датум: 09.06.2011 08:23:55
odvartno ,uzasno e ova sto ni se slucuva!Koga ti treba policija za krazbi i nasl da te zastiti nikade ja nema a vamu deca tepa..i ovie so zatvorane i ubistva pocnaa kako ke zavsat eden gospod znae..
Од: Боби
Датум: 09.06.2011 09:59:33
Народот веќе ја ИЗГУБИ ДОВЕРБАТА во МВР. Што и да кажат и што и да направат - народот не им верува! А знаете што тоа значи за една држава? И наместо Груевски да повлече радикален потег и побара кривична одговорност од прикривачите на убиството на чело со јанкуловска, тој сеуште тактизира и со тоа нанесува се‘ поголема штета како на МВР така и на онаа идна влада која бија формирал Изгубена доверба е изгубена доверба
Од: Јас
Датум: 09.06.2011 10:38:05
Придонесувам 200 евра за компонирање на текст и мелодија за случајот со Мартин. Еден текст во народен стил и втор во хип-хоп стил. Не е голема сума, али сигурен сум дека ќе има придонеси и од други. Ве молам ова да го дистрибуирате во социјалните мрежи. Контант на [email protected]
Од: Stipjanec
Датум: 09.06.2011 11:54:58
do "zapad"...zapad aj od tam daleku deka so si ne tresi glupost ..che te moljam.Ne go ni znaes coveko i zatoa ne komentiraj nesto so ne znaes..a uste poloso ne pretpostavuvaj. Licno go znam coveko i mozam da ti kazam deka ne e "delikvent" so 30 dena kurs. Coveko ima zavrseno sredno policisko i si ima napreduvano kako so treba u policijata ..pa i ulezeno u "Tigar". Koga go branea Skopje i Makedonija dobri bea..sega u zooloska da gi stavile. Osuduvajte individualno..ne sudete kolektivno zaradi nepromislenite postapki na poedinci. A nekoj so gi slusam...Alfite da se raspustile, tigrite da se raspustile..volcite u zooloska..Grujo da ne moze da bide premier veke...e uste da slusnam Branko za premier..i toa ke bide vrvo..Uspea politicarite eden nastan da si go koristat za sebepromoviranje...alal da im e..Inaku najiskreno socustvo do semejstvoto na momceto.
Од: Kanagjanec
Датум: 09.06.2011 13:40:53
Bez nikakvi nameri da go opravdam "gnasniot chin" na Specijalecot sakam da kazam deka na zapadot vakvite slucai ne se nepoznati. Pred nekoj den vo Montreal policija ubi dve mladi momncinja, eden sto istrase gjubre po ulica i eden koj slucajno bil vo blizinata.
Од: Demokrat
Датум: 09.06.2011 14:29:07
Dragi citateli ovde se raboti za dve teski krivicni dela delo na vlasta. 1. pripadnik na policijata pretepuva do smrt mlado momce 2 . rakovodstvoto na policijata se obiduva da go prikrie deloto sto spored zakonot e tretirano kako SOUCESTVO . TUKA ZBOROVI NE VREDAT TUKU SITEEEEE NA PROTEST
Од: Canada, eh
Датум: 09.06.2011 19:36:36
@ kanagjanec..tocno e toa sto go pisuvas, megutoa razlikata e ogromna! Policijata vo Montreal ubi covek, koj slucajno se najde na pogresno mesto i pogresno vreme, ne go pretepa do smrt i policijata vo Monteral ne go zatashkuvashe slucajot
Од: s.nikov
Датум: 09.06.2011 21:03:53
Jankulovska,Gruevski i Kotevski,site za vo HAG
Од: od mene
Датум: 09.06.2011 22:39:24
pa nikoj ne vi e kriv trazili ste gledajte. vie glasaxte za nix vie gi izberaate sewga treba da kjutite. pa vie sega gledajte na tama znaete so sakam da kazam neli......................
Од: do stipjanec
Датум: 10.06.2011 04:54:42
do stipjanec, jas bi se sramel da kazam deka go poznavam ovoj krvolocen ubiec, ama ocigledno ne si go poznaval dovolno! dzabe mu e policiska skola i zasluga vo policiskata kariera! ovoj ubiec nisto ne naucil od zivotot! nema pamet ni kolku edno zivotno! samo ne znam zosto nikoj ne objavuva vest za negovoto semejstvo, kakvo bilo negovoto odnesuvanje, znaci na semejno nasilstvo,temperament, zosto ne pobarale profesionalna pomos? ocigledna e negovata fustracija koja ne mozela da ne bide zabelezana od bliskite!

Најди! во Утрински
Политика
Во Македонија се' по старо
Два пасоша гаранција за ослободување на Бошкоски
Баросо му честиташе на Груевски за победата
СДСМ бара распуштање на „Алфите“

"""