Број 3601  четврток, 09 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Политика

СДСМ бара распуштање на „Алфите“

Социјалдемократите најостро го осудија бруталното убиство на 23-годишното момче од страна на припадник на специјалната полициска единица „Тигри“. За СДСМ е недозволиво најповиканите - премиерот и министерката за внатрешни да молчат за овој грозоморен чин и да се кријат зад контрадикторни изјави на полицискиот портпарол.

Според Гордан Георгиев, потпретседател на опозициската партија, полицаецот Игор Спасов е поранешен член на обезбедувањето на Никола Груевски и еден од кадрите на агенцијата за обезбедување „Лупус“.

Опозициската партија бара полициската единица „Алфи“ веднаш да се распушти бидејќи, како што рече, и „алфите“ и „тигрите“ под раководство на ВМРО-ДПМНЕ ја изгубиле смислата. „Наместо за специјални намени, режимот ги злоупотребува за тепање, рекетирање фирми, забегано однесување по кафулиња, дискотеки и улици, анархија и политичко насилство“, рече Георгиев. Тој побара Груевски веднаш јавно да го осуди убиството и да прогласи ден на жалост.

Георгиев рече дека Груевски никогаш нема да биде премиер на сите граѓани: „Срамно, три дена фрла лопати, сече ленти, се смее пред камерите, а не ни помисли јавно да го осуди грозоморното убиство. Што е уште пострашно, претепувањето на момчето се случило на само неколку метри од местото каде што славеше Груевски“.

Опозиционерите инсистираат премиерот да ја лоцира персоналната одговорност за овој трагичен настан и тоа да и' го соопшти на јавноста. „Многу не интересира дали по ова Груевски повторно ќе ја стави Гордана Јанкулоска да извршува каква било јавна функција? Таа веќе нема никаков морален кредибилитет да извршува каква било јавна функција. Прво, поради тоа што МВР се обиде да го забошоти убиството и второ, поради тоа што граѓаните го плаќаат данокот од бруталната партизација на полицијата во изминатите години“, потенцираше Георгиев.

„Не можеме да разбереме како СДСМ си дозволува да биде толку брутален и толку крволочен. Не можеме да разбереме како врз грбот на трагедијата на едно семејство СДСМ се обидува да заработи политички поени“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Според портпаролот Александар Бичиклиски, ВМРО-ДПМНЕ била првата политичка партија што најостро реагирала до институциите да го расветлат овој трагичен настан во кој млад човек, член на ВМРО-ДПМНЕ, го загуби животот. (Б.Ј.)


#
Статијата е прочитана 1052 пати.

Испрати коментар

Од: Lazar Koliševski
Датум: 09.06.2011 00:34:22
Spored g-din Biciklisticki, edna konstruktivna, ne brutalna i ne krvolocna opozicija bi trebala da mu pomogne na Ivo Kotevski da manda novinari tri dena i da go krie storitelot, da gi osuduva zdravorazumskite protesti protiv policiskata brutalnost i da ja pozdravi "ekspresnata" i "transparentna" intervencija na policijata... Taka? Toa li treba da pravi opozicijata? Ili da bide vo prvite redovi na site protesti protiv stokizacijata na policijata, da im pomaga na gragjanite da najdat sila i glas pred javnosta za svoite problemi i OSTRO i BEZMILOSNO da ja kritikuva sekoja greska na vlasta? Znae li g-dinot Biciklisticki sto e parlamentarna demokratija i koja e funkcijata na opozicijata vo edna normalna drzava po eden vakov nastan? Ako za ova opozicijata ne treba da reagira ne znam za sto treba... Samo demokratski neuk covek ne bi se soglasil...
Од: Kiro
Датум: 09.06.2011 08:19:39
Vo se slozuvam so Lazar Kolisevski problemot e vo toa sto Beciklisliski a i mnog kako nego gi upotrebuvaat zborovite no ne go znaat nivnoto zancenje - Od sega najdobro e da im se prakaat sliki ili crtezi posto tie ne gi razbiraat textovite pa islucuvanjat vo zemjata tekstuaslno .
Од: jovan
Датум: 09.06.2011 09:07:09
A zosto da se raspustat? Za da posle se zalime i kukame kako ulicnite banditi i lopovi oro vodat. Problemot so brutalnosta koja ja sproveduva policijata e problem za celoto MVR. Nemoj da mislite deka onie vraboteni vo MVR koj sedat po kancelarii se nesto podobri. Tamu vladee arogancija, nekultura, nepocituvanje na nikakov eticki kod i drsko odnesuvanje so strankite. Da imaat sila i oruzje kako Alfite, beter ke bidat. Taka da Alfite ili nekoj kako Alfite potreben e po Skopskite/gradskite ulici. Se sto treba e da se vovede poveke red, obuka, stroga selekcija i normalno strogi kazni za pripadnicite na MVR i Armijata koj ke prekrsat pravilo i Zakon.
Од: Goran
Датум: 09.06.2011 09:42:19
Treba nekoj ne samo na VMRO da im praća sliki ami i na SDSM oti nema nikakva razlika od ednite do drugite.Samo boite im se različni i edni se vlast a drugi opozicija.Georgiev da se seti koga Branko naredi policijata da puka tolpata narod vo Gostivar(bez razlika od koja nacionalnost se) koga ginea nedužni,dali togašniot minister podnese ostavka,na predsedatelot Gligorov koga se napravi atentatot,dali se pronajdoa izvršitelite i naračetilete,dali Frčko ja napušti ministerskata funkcija?NE-pa Georgiev seti se na partijata vo koja si za propustite na SDSM-Hard Rok? reketiran i demoliran od Jakupović i kompanija,a oni se SDSM a ne VMRO.Se e isto,ne ja pravete sostojbata podramatična vo interes na semejstvoto na počinatiot,možebi taka će dobiete pogolemi poeni kaj naselenieto a ne vaka so pljukanje i stvaranje na traumi pogolemi od što se
Од: Коки
Датум: 09.06.2011 10:11:33
Добре бе луѓе, овие од Вмровското раководство луѓе ли се или некои неидентификувани суштества! Па наместо да видиме од нив една човечка реакција за убиеното дете и барање на кривична одговорност за прикривачите, тие ја критикуваат ЧОВЕЧКАТА РЕАКЦИЈА на СДСМ. Срам да ви е - крволошни убијци!
Од: девичанецот
Датум: 09.06.2011 14:59:13
Па Џанго и СеДеСе-то ги формираа Алфите...нека се вратат малку назад тие од СДСМ...
Од: Platenici
Датум: 10.06.2011 10:10:13
Na plateni komentatori kako Goran i Devicanecot, nisto ne im preci grozomornoto ubistvo na nivni clen,tuku prakjaat idiotski komentari,koi nemaat vrska so temata!

Најди! во Утрински
Политика
И на „Фејсбук“ се протестира поради полициската бруталност
Во Македонија се' по старо
Два пасоша гаранција за ослободување на Бошкоски
Баросо му честиташе на Груевски за победата

"""