12.03.2012, 17:06 Мислења
Благодариме господин Мико и збогум!
Слободан Најдовски
Предлагајќи прекинување на преговорите, Џејсон Мико не наведува во која насока ќе се движи Македонија
Oд почнувањето на преговорите за спорот со името со Грција, под покровителство на ОН, имало и предлози за прекинување на преговорите од наша страна. Но, тие предлози секогаш доаѓаа од групи или поединци кои немаа влијание во јавноста. Тие најчесто поаѓаа од позиција да предизвикаат внимание врз себе или, пак, поведени од емоциите ретко размислуваа за последиците од нивниот предлог. Затоа и не предизвикуваа посебно внимание во македонската јавност.
Имаше и предлози кои доаѓаа и од по некој наш поранешен дипломат, при што му се посветуваше поголемо внимание и анализа. Но, ако предлогот е од личности, советници на државни функционери или многу блиски на владата, тогаш тоа заслужува сериозна анализа и одговор бидејќи може да се смета и како опипување на пулсот на македонските граѓани за еден таков потег. Токму во таа насока може да се гледа и на колумната на Џејсон Мико во еден од весниците, која го содржи предлогот за прекинување на преговорите со Грција.
Џејсон Мико не е кој било колумнист за да може лесно да се помине преку неговите ставови по однос на Македонија. Поединци го сметаат како значаен лобист на нашата држава. Според кажувањата на претставници на ВМРО-ДПМНЕ, тој учествувал како советник во нивни изборни кампањи за што добил и финансиски надомест. Овој колумнист често пати можеше да се види и на изборните митинзи на владејачката партија. Оттука неговите ставови не се само обични ставови на еден колумнист, туку се ставови кои можат, а најверојатно имаат и силно влијание врз одредување на политиката на Владата, а со тоа и политиката на македонската држава. Господин Мико, кога е во Вашингтон, често разминувајќи се на улица со нашиот амбасадор, а можеби и често разговарајќи во нашата амбасада, сигурно има влијание на неговото однесување во решавање на нерационалниот спор со Грција.
Пишувајќи дека името и идентитетот се неделиви, неговиот совет е дека треба да се престане со лудилото и дека е „време за нов почеток“. Новиот почеток, споре�� него, „можеби е во прекинување на преговорите“ и дека не почнува се' со членството во НАТО и ЕУ, бидејќи тоа се клубови што секој ден имаат се' помалку и помалку вредности. Значи, крајниот совет на господин Џејсон Мико е прекинување на преговорите под покровителство на ОН и напуштање на нашата ориентација за евроатлантски ориентации бидејќи тие се распаѓаат. Тоа ме потсетува на учењето во претходниот систем дека вредностите на гнилиот капитализам ќе се распаднат и тогаш ќе дојде времето на благосостојба. Но, не се распадна гнилиот капитализам, барем уште во догледно време ќе опстојува, туку се распаднаа „прогресивниот социјализам и комунизам“.
Предлагајќи прекинување на преговорите, господин Мико во ниеден момент не размислува и не предлага во која насока ќе се движи Македонија. Лесно е господин Мико од аспект на граѓанин кој има слобода на движење во кој било дел на светот (не знам, можеби само во Северна Кореја е спречен да патува) да дели совети. Се запрашал ли зошто на македонските граѓани им треба рентгенски да го пресликаат своето досие за да добијат виза за да ги посетат своите роднини во САД, татковината на господин Мико. Која е гаранцијата дека ако само ние не станеме членка на ЕУ, нема повторно да ни се воведат визи и ќе ни треба да играме оро пред амбасадите на европските земји за да добиеме виза за да навиваме за нашата репрезентација во кошарка или ракомет, а да не зборуваме за бизнис или студирање во странство.
Дали господин Мико и сличните на него имаат одговор на прашањето за нашите економски перспективи доколку сме надвор од евроатлантските интегративни процеси. Само како напомена, Македонија нема пазар по големина ниту по структура кој би можело да биде еквивалентна замена за нашата интеграција во Европската унија. Кога би се прекинале преговорите, која е гаранцијата дека нема да се променат некои од меѓусебните односи на Македонија со ЕУ на полето на слободната економија. Многу брзо може да се променат и да се доведе во прашање владиниот адут за пазар од шесто и педесет милиони потрошувачи кој го нуди на евентуално заинтересираните инвеститори во Македонија.
Некои евроскептици веднаш ќе порачаат, што им недостига на две-три високо развиени земји кои не се членови на европскиот клуб. Ним не им недостига ништо, но нам ни недостига што нашето ниво на општествено-економски развој е на најдолни граници, а нашите природни ресурси не се ни оддалеку како на тие земји. Има уште илјадници аргументи против ставот на Џејсон Мико, но овде нема место за тоа.
Според Мико, името и идентитетот се повозвишена цел од членството во НАТО и ЕУ. Македонските граѓани, а и политичарите, се свесни за тоа и од тие причини донесувањето одлука е тешко. Свесни се дека во овој момент немаат спремност да се откажат нити од едното ниту од другото, бидејќи и двете вредности, името и евроатланските интеграции, котираат на врвот и со висок процент во секоја анкета. Точно е и тоа дека да седиш некаде безличен, па дури и во друштво при обично пиење кафе, е недостоинствено. Но да останеш сам, изолиран од околината е уште пострашно. Затоа способноста на политичарот не се состои во тоа да се тргне настрана, туку да изнајде начин како да влезе во друштвото, а да ги зачува личното достоинство и достоинството и квалитетите на своите граѓани.
Треба да се има предвид дека со политика на прекинување на разговорите сигурно ќе се охрабрат домашните деструктивни сили кои нашето евроатланско неинтегрирање можат да го искористат за предизвикување нестабилност. Прекинот на преговорите наместо да го означи крајот на лудилото има реални шанси да премине во почеток на ново лудило со непредвидлив крај на овој дел од Балканот.
Владата треба јавно да му искаже благодарност за советите и треба да му каже и збогум за такви предлози. Господин Мико е добредојден како човек, како граѓанин, но неговите размислувања на овој план не се прифатливи за нас. Не само на Џејсон Мико, туку и на кој било што ни советува прекин на преговорите, треба да им се каже благодариме за советите но тоа не е нашиот пат.
Наш интерес е не само да продолжиме со преговорит, туку да ја преземеме водечката улога во изнаоѓање решение за надминување на спорот.
(Авторот е поранешен пратеник)
Наш став
Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде моќен и влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат некои од нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на друга политичка личност или личност од која било сфера. „Утрински весник“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација. |
|
Статијата е прочитана 2104 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 13.03.2012 00:48:15 | Gospodinot Miko e na privremena rabota ovde, platen e da pisuva, i covekot si pisuva, iako rabotite i nego ne mu se jasni, no mora da si ja zaraboti platata. Ostavete go nego. Situacijava na Balkanov pocnuva da se razdvizuva, a toa razdvizuvanje e vo nasoka i na nekoj promeni. Makedonija mora mnogu brzo nekoj raboti da gi revidira, i promeni. Ova so tepackive jasno ni ukaza deka Makedonija moze lesno da stane plen na Albanija. Ova sto se ispokaravme so Grcite, Srbite, Bugarite, mora da se revidira i toa pod hitno, inaku jagmata za teritorii koj ja nacekaa Albancite ke prodolzi. Ke se slucuvaat golemi promeni, i redno e so mudrost da iskoristime nesto vo nasa polza. |
| toso, 13.03.2012 06:08:16 | Gosdpodine Najdovski, a koj e vasiot stav za sporot za imeto, kako da se resi problemot? Pa Grcite uporno uslovuvaat erga omnes ta erga omnes i ni milimetar ne otstapuvaat od toa, znaci menuvanje na imeto na drzavata a so toa i ustavot, menuvanje na pasosi i licni dokumenti, menuvanje imeto na nacijata i jazikot. Toa e ucena koja nikoj vo Makedonija ne ja prifaka. Dali Vie gispodine ja prifakate? Kazete go vasiot stav, nemojte samo da kritikuvate, no imajte ja na um ucenata od strana na Grcija! |
| P.Petar, 13.03.2012 06:09:07 | Miko si e Miko,Makedonija si e Makedonija !Najvazno e da se preobnovat i precistat nasite odnosi so sosedite na pokvalitetno nivo bidejki seikot od Katar ne go boli mnogu za nas. Itno e ,vazno e i vreme e!! Vo sprotivno moze da se sluci da go gledame DOLGOMETRAZNIOT film :balkanska albanizacija |
| jimmy1, 13.03.2012 06:13:09 | Do Jovan: Isti si kako tvojot imenjak Vraniskovski. Fatetese zaraka i zaminete edniot vo Srbija drugiot vo Bugarija, obajcata ste predavnici. |
| bitola, 13.03.2012 07:19:24 | eve eden legendaren BT-politicar,kako i site sto pomina niz parlamento i vladite i samo klimaja so glavata,a bitola se plackase vo site sveri[tat,firmi...] sega ke ni popuva.Posle 20g samostojni mak-politicari,edno e sigurno,ako nasata delegacija ne zakasnese vo JAJCE[fala mu na boga],ne znam dali ke mozea da se izborat i za aftonomija,vaka tito presece i dobivme republika,pa sega da vidime do koga. |
| smile, 13.03.2012 07:26:53 | gjajson miko e prijatel na makedonija i mnogu popameten e od ovaj slobodan najdovski-zar so siot um e slobodan da saka vlez vo nato i eu po sekoja cena ,-organizacii sekogash postoele i se rasturale poveketo vo tie organizacii bile del za od korist ili strav a sekogash bilo- ona shto e na nekoj nachin nametnato ili propagirano ake ne ste chlen ke bide nekakva nesigurnost e chista glupoat nikoj i nikade nema da e siguren ako zhivotot vo taa stredina ili opshtestvo e laga i propaganda,ako tie shto se vo nato tolku sigurni zashto troshat milijardi dolari za oruzhje(grcija),sekoja edna drzhava mozhit da se rasturi isto kako ,,sssr,,i sfrj,,. |
| девичанецот, 13.03.2012 07:45:24 | Ако така напишал, големо Браво, за господинот Мико. Тоа е всушност мислење на поголем дел од македонската јавност.
Кој разумна глава, би прифатила разговори за своето име? А зарем името не е идентитет.
Само, почитуван Најдовски, прочитај си на твојата лична карта што пишува на англиски: Карта за идентификација. Зарем со идентификацијата не се потврдува идентитетот? |
| Благодариме господин Најдовски и збогум!, 13.03.2012 08:11:37 | Слободане, на Џејсон Мико можеш само вода да му носиш. Тој е поголем Македонец од тебе. |
| до Најдовски, 13.03.2012 10:19:10 | Како успеа да собереш толку многу коментатори „експерти“ под твојава колумна?Дали toso е навистина toso или се прави на toso?Зар тој не знае дека името е веќе променето?Официјално НЕ ПОСТОИ Република Македонија уште од 1993.Од тогаш ние сме Бивша Југословенска Република Македонија!Единствениот орган во светот кој може да каже како некоја држава ќе биде примена во друштвото на Обединетите Нации,Советот за безбедност,ја прекрсти нашата Република Македонија во ФИРОМ и таа како ФИРОМ е примена од Генералното собрание на ОН,а тоа значи ФИРОМ како Ерга Омнес!Е па истиот тој Совет(и НАТО и ЕУ)бараат да најдеме замена за ФИРОМ.Дали ти е јасно? |
| Александар Б, 13.03.2012 11:12:58 | Слободане, еве едно мислење како граѓанин на РМ кон тебе: Уморни сме сите ние обични луѓе, од луѓе како тебе кои кои ништо не направиле за оваа држава, дури и активно учествувале во креирање на оваа состојба во која сме денес. Јас разбирам дека си свесен дека твоето време поминало, нема веќе социјализам и те молам да не ти пречи слободата на говорот и претприемаштвото. Искажувањето конкретен став е добра работа, посебо ако тој придонесува кон градење на национален имунитет кој ни е важен да се браниме од диверзивци како тебе кои веќе не продале да еден грош. Време е самите да се цениме и да не фрламе камења кон пријателите на Македонија. Така да Слободане, загреј столица направи нешто корисно па дигни го гласот...тогаш тебе ќе сакаме да те слушнеме. Дотогаш не. |
| I vrapcinata znaat za Miko, 13.03.2012 11:52:04 | I na vrapcinjata mu e jasno deka Dzejson Miko e platenik na vlasta i gi iznesuva stavovite koi mu se sufliraat od vlasta. nego za Makedonija , resavanje na imeto i identitetot mnogu go zabole ....ama parickite se dobri nezavisno dod koja stran doadjaat i na koj nacin se pecalat. A za moranot i cesta ne treba nim da se zboruva. |
| Jован АН, 13.03.2012 12:00:52 | Да ли господинот колумниста има одговор на прашањето како до сега останавне живи вон НАТО и ЕУ?Како ли живеат сите оние земји,меѓу кои и една Швајцарија,кои не се членки на овие организации.(Организации како организации - денес постојат,а утре можжеби не).И зошто колумнистот си зема за право да не му дава на друг право да каже што мисли? |
| Predavnik, 13.03.2012 13:46:04 | Se slozuvam so Bitola, golema sreca shto nashata delegacija zadocnela vo Jajce. Daj boze da denes zadocnat na nekoe zasedanje vo Nju Jork ili Brisel, belkim ce se javi nekoj nov Tito. A koga sme vece kaj Miko, da go prasham gospodinot Najdovski, dali ima makedonec koj za ovie 15 godini barem ednash ne e rekol: Dosta e, da prekineme so tie pregovori. Mislam deka nema, vkluchitelno i Najdovski. Grchkiot stav e namerno takov i ne popustliv, za da ne moze da se prifati, duri i od popustlivte makedonci. Greshkata ja patriotite napravija so antikvizacijata. Taa ne unishti em ekonomski, em politichki. I tuka treba da se bara nashiot manevar, a ne vo promena na imeto. Za imeto da prodolzime da pregovarame, ama se so cel da nishto sushtinski ne smenime. I na krajot, zoshto pa seta voda da odi na grchkata vodenica, koga i onaka ja imaat vo izobilstvo, za razlika od nas. Pozdrav do Miko! |
| Od Skopje do Bitola, 13.03.2012 15:01:01 | Abre bitolcani nemozam da ve razberam Slobodan e edinstven politicar koj mu se sprotistavuva na skopjani a Vie go kritikovate. Pusta zavist. Diskutirajte za temata dali treba da se prekinat pregovorite ili ne. lesno mu e na Dzejson Niko od Amerika da ni kazuva sto treba da pravieme ama tesko e ovde da ziveme.
Cestitki za kolumnata |
| xcfghujiop, 13.03.2012 16:04:40 | Vie mozete da prodolzite da se nadevate na pijana EU a bogami i NATO no J MIko vi ja kazuva vistinata i realnosta koja ve budi od toj nestvaren i spored site prognozi bazirani na realnite odnosi neostvarliv son,barem za dogledno vreme od nekolku godini a mozebi i dekadi. Bi bilo podobro da ne go zabluduvate i zaveduvate narodot vo goltanje na plamen i sobiranje na magla tuku da go ostavite energijata da ja nasoci vo konsolidiranje na ekonomijata. All change all change pllease. Fajront. Zavrsen e toj refren. Edno vreme se vikase Tito Partija no i toa zavrsi. Novo vreme nov pocetok. Ako sdsm bas saka moze da si go koristi za vnatresna upotreba-uspavanka za Radmila-S. Datum za evroatlanski integracii. Drugite treba da sadat tutun zitce,afion za da imaat za jadenje. |
| Mark, 13.03.2012 17:19:30 | Centaro e se poumoren...nemaat sila veka, se pogolem del od nerodot im kazuva deka ne gi saka! Ako, neka se prpelkaat uste malku... |
| Vesso, 13.03.2012 18:20:10 | Poveceto makedonci se za prekin za pregovorite za imeto na tatkovina,sto znaci i za nasiot identitet.G-not Miko e cesen covek i prijatel na Makedonija.Vie go pravite prijatel na vlasta.Pa toj ne e tolku neupaten deka mnogu politicari i novinari se kupenim od Grcija.Pa i Gligorov go posoci Frckovski kako posrednik vo grckoto mito za nego.Ili ne bese taka?Zosto ne kazuvate sto nudese Nimic vo tockite,koi ne se dostapni do javnosta.Eve vie kazete licno kako bi ne vnele vo EU i NATO,bez da si go smenime imeto na drzavata,sto ke znaci i na nacijata. |
| BitolaHamiltonCanada, 13.03.2012 19:11:10 | Taka e,treba da mu recime na Miko falati mnogu,izvini shto se vidovme,pregovori Nie ne prekinuvame,tie se vo nash interes i ke pregovarame se dodeka ne se najde resenie koe ke gi stiti nasite interesi.Zbogum Mr Miko.Zatoa,ako sakame da se zboguvame so Miko,treba na slednite izbori da i kazeme na ovaa Vlada edno golemo,jasno i glasno ZBOGUM.Vie shto go stvorivte ovoj problem,vie shto ne piknavte vo kjor sokak,nitu sakate nitu pa ste spsobni da ne izvadite od kjorsokakot. |
| Batko Sime, 13.03.2012 20:04:54 | xcfghujiop, ti sto sadis, kanabis li? Izgleda si preteral so gandzata be brat. Zarem Makedonija ima ekonomija, se uste? Lesno e da se glumi ludilo i pseudo patriotizam so polni dzebovi. Da ve vidam kako bi ziveele so 25 000 den. mesecen budzet za celo semejstvo. Vaka veke ne se izdrzuva !!!!!! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 8°C
Претежно облачно
|
Четврток
Ведро
Макс: 12°C, Мин: 1°C
|
Петок
Сончево
Макс: 16°C, Мин: 2°C
|
|
|
|
|
|