Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
13.03.2012, 17:49

Стојановски си замина - долговите останаа

Агенции од Австралија се закануваат дека ќе покренат постапки пред тамошните институции против Македонија

Повлекувањето на амбасадорот Перо Стојановски од функцијата покрена лавина од реакции во Австрали��а од страна на оние кои му верувале како претставник на Македонија, а сега не гледаат начин како да си ги наплатат долговите што, наводно за службени цели, ги правел низ агенции во земјата. Претставници на две туристички агенции вчера се заканија дека ќе покренат постапка пред австралиските институции, бидејќи на обидите да добијат објаснување и пари од нашата Амбасада во Канбера никој не одговарал, и уште повеќе - речиси една година никој не им кревал слушалка.

„Никој од Амбасадата не крева слушалка. Таа не функционира, иако од септември минатата година барам некој да ми одговори кога ќе ни бидат платени авионските карти што на име на Амбасадата ги подигаше амбасадорот Перо Стојановски“, изјави вчера претставничка на агенцијата „Глобал плус холидејс“.

Според неа, веќе дваесет и пет години работи во овој бизнис и не сретнала случај највисок дипломатски претставник на една земја да користи услуги и да не ги плаќа, што во Австралија се квалификува како финансиска злоупотреба и кривично се гони. „Планирам ова прашање да го изнесам во австралиската јавност и пред институциите“, најави таа додавајќи дека не е толку лута на Стојановски, колку на македонските институции кои си дозволиле да испратат непроверен кадар како нивен претставник.

Амбасадорот Стојановски на оваа агенција и' должел пари за неколку авионски карти, кои, како што се нагласува, редовно ги подигал под образложение дека му требаат службено за да присуствува на конгреси за кои не чуле во нашето МНР. Иако агенцијата одамна добила уверување од некој од вработените во Амбасадата дека случајот ќе биде проследен до Македонија, од септември наваму не добиле никакво известување.

И од агенцијата „Империјал травел сервис“ се жалат дека нема кому да се обратат за да си го наплатат долгот бидејќи никој од Амбасадата не одговара на телефон, инаку поплака што редовно може да се слушне од иселениците во Австралија според кои, и да им се посреќи некој да крене слушалка во Амбасадата во Канбера, редовно не им работи опремата за изработка на документи. И од оваа агенција најавуваат дека ќе се обратат за помош до австралиските институции, со напомена дека не се сами и дека има повеќе вакви случаи на погодени од долговите на амбасадорот.

Стојановски, по се' изгледа, позајмувал и пари на рака, а случај подготвуваат и две секретарки ангажирани во Амбасадата за кои биле испратени пари од Скопје, но тие никогаш не ги добиле како исплата. Од МНР неодамна преку изјава се оградија од долговите на амбасадорот, кој официјално сам си поднесе оставка на функцијата поради здравствени причини. Дали таквата ограда може да помине кај австралиските институции е друго прашање, а најважното е - може ли Македонија да си дозволи ваков меѓудржавен проблем со земја која држи до правните и дипломатски процедури? (С.Ј.)


Статијата е прочитана 5118 пати.

Испрати коментар



На Глигоров му се допаднала неговата скулптура
Милошевски е автор и на други дела од „Скопје 2014“
Борците и' поставија улична заседа на Владата
Меѓуетничките тензии се опасна игра
Последниот збор за името ќе го имаат граѓаните
Антимакедонски протести во Албанија
Многу амбиции за градоначалник на Охрид
Ахмети по свое мислење кај Волерс
СДСМ на протести во Аеродром...
Во Охрид остана без простории



Mile, 14.03.2012 00:32:04
Premiere Gruevski predlgam da si oformis komisija vo MNR i temelno da go ispita odnesuvanjeto na ovoj pleyboy koj vie go isprativte vo Avstralija. Veruvam deka pred da naznacite nov Ambasador samata avstralija ke vi postavi uslov da si se rascistat dolgovite koj gi napravil PERO Burgijata inaku ne bi trebalo da primaat nov ambasador... Ugledot na Republika Makedonija e narusen i unazaden so deloto na Pero i faktot sto segasnite vraboteni vo Makedonskata ambasada nitu krevaat telefon nitu vrajkaat email i Kostadin ednas mesecno go prazni postenskoto sanduce REPUBIKA MAKEDONIJA e sramena od vakvi ne ranimajkovci PRASANJE sto e ulogata na Makedonskaa Ambasada vo Avstralija? Pero da se proglasi persona no grata vo MNR i vo Avsttralija i ke vidime sto ke izjavi Lidija negova na sudot koj e zaazan vo maj ovaa godina.
Embas kadar, 14.03.2012 00:47:58
Ama od MNR im ispratile preswtavnik vo Avstralija zamilina. napravi skandal so onaa prilepcanka, z koja pisuvase cela avstraliska stampa, eve zakrpil nekolku travel agencii, a izgleda zakrpil i nekoi nasinci , koi mu veruvale so ogled na visokata funkcija, pa mu pozajmile pari. Ajder sega vo zamena neka im go ispratat Amdi Bajram ,da ja opravi rabotata.
sonce, 14.03.2012 04:06:15
Site ovie sumi ke bidat mali, vo sporedba so sumata sto Makedonija ke treba eventualno da ja isplati ako vo slucajot so Lidija Dumbalovska, se izgubi sporot i taa pobara otsteta (najverojatno milionska suma), plus site sudski trosoci. Vakov Ambasador ni isprati MNR. Ograduvanje od dolgovite sto gi ima napraveno, nema da vazi pred ovdesnite i megunarodnite zakoni... Navistina tazen epilog, kreiran od nesposobni luge na odgovorni funkcii. Se nadevam deka vo idnina nema da se povtoruvaat vakvi tragicni situacii.
Avstraliec, 14.03.2012 04:58:50
Pero mnogu pari dolzi vo Avstralia, tesko na vrabotenite vo ambasadata. Veke cela godina go nemame videno ambasadoro.
zrak, 14.03.2012 07:09:25
Ete grujo domakinsko vo 100cekori,so dve sekretarki a nikoj ne kreva slusalka,i edna zamerka do agencijata;se zali deka ne bil pero proveren kadar,pa da i kazeme deka pero i ovde si bese VELICENSTVENIOT,pa kako proveren go pustija vo AUS...samo ne znaeme sto znaj pero za grujo pa ovaj go tolerira.
Богомил, 14.03.2012 07:47:09
Сметките за слаткиот живот на дипломатскиот џабас Петре во Австралија, најупатно е да ги испорачаат на домашната адреса на неговиот ментор Милошоски, кој исто како и овој, си поднесе оставка од министерската функција за да го лула бебето дома. Ебати таквата дипломатија, би рекол некој, во која се регрутираат за амбасадори и министри фетусчиња, кои ни ја срамат државата по светот. И не е толку виновен оној што го изел зелникот, колку тој што му го дава.
mene, 14.03.2012 08:27:57
Eh, i malku im e na nasite vo Avstralija... Sto majka baraa da se mesaat vo politika i da glasaat za pretstavnik vo Makedonskiot parlament? Da mu pomognat na Grujo da go zaokruzi brojot na pratenici?! Ili davajki se za Makedonija duri i dva dolara, go napapaa?! Eh, vikam jas, ako ne si bil tuka 20 godini, od kaj da znaes kakva ti e drzavata i sto hohstapleri se namnozile?! nazdravje Avstralijanski Makedonci-kade i da ste...
Филип, 14.03.2012 10:24:30
Што да се каже? едноставно ова е брука, како што имавме и други бруки со партиските дипломати. Се додека и дипломатијата, како и полицијата се под партиско раководење државата ќе ни се брука. Како поранешен дипломат разочаран сум од кадровската политика на ВМРО и ДУИ во дипломатијата. Од таа политика ќе има трајни последици. Странците лесно не забораваат што прават нашите дипломати. Жално е што поради партиски интереси и оваа афера ќе помине без некоја завршница.
С.Малински, 14.03.2012 10:48:37
Резил,тој што го испрати трба дасе обеси или самоси ја врши предавничката должноство корист на душманите!
miki, 14.03.2012 11:17:45
Остајте го на раат човекот.......си работел Преродбенички то ест ДОМАЌИНСКИ И ОДГОВОРНО.............по ВМРО-вски.........
kostadin, 14.03.2012 11:29:13
Predlagam drzavata da go vrati Pero nazad vo Avstralija so parite koj toj na lazen nacin gi zemase od lugeto pod maska deka bile za sluzbebii upotrebi a vsusnost bile za negovoto svaleruvanje i parite damu gi dade drzavata vo dzebot i toj licno da odi i da im se izvinuvana site sto gi lazel i da im gi vrati nazad isto i na dvete vraboteni vo Ambasadata Svetlana i Biljana koj ne im gi dal platite da im se izvini ovoj poranesen Minister vo vladata na Grievski i poranesen drzaven sekretar i poranesen ambasador,Peri ja srami makedonija na sekade. A za vrabotenite vo ambasdata koj se samo 2 za sega sigurno ne naucile deka tie se tamu da im pomagaatna svoite gragani ane da odatna rabota na pladne a edniot ednasnedelno da se pojavuva ako imal vreme od skitanje.taka e koga se prajkaat lepaci na posteri sramda mu e e na poposki gtuevski a parite ke mora republika makedonija da gi vrati na site izlazeni
ros, 14.03.2012 11:48:45
Ambasadata veke ne funkcionira kako sto treba otkako poslednata postava od vistinski ambasadori od kalibarot na Viktor Gaber otidoa . Lugeto sto rabotat sega vo ambasadata ne zasluzuvaat da go nosat nazivot DIPLOMATI. I dvete se izmisleni imenki ne samo za Pero koj sto svojata umesnost uspea da gi izlaze ne samo lugeto okolu sebe tuku i posiroko do taa merka za da mu poveruvaat i mu pozajmat pari, karti i slicno. Koga se otvori ambasadata, i pokraj toa sto bea malku vraboteni, diplomatijata bese na nivo, se podgotvuaa i izveduvaa razni aktivnosti za promoviranje na makedonskoto kulturno umetnicko bogatstvo, zaednicite se druzea i se razvija mnogu prijatelstva koi i den denes se neguvaat. Segasnite zbidnuvanja, aferite na Pero minhauzen kako i indiferentniot odnos na drugite vraboteni vo ambasadata uspeaa da ja stavat makedonskata diplomatija na edna golema NULA. Gospodine Premiere: Ili proveruvajte gi lugeto sto gi prakate na ovakvi vazni funkcii ili voopsto ne prakajte nikogo.
Pero od Ostrelja, 14.03.2012 13:55:09
Sobiral pari od Makedonci privatno, navodno da operira prostata vo Francija, a Avstralija go ima eden od najgolemite strucnjaci vo Kanbera. Lazgo i kradec, kako i site drugi VMR-ovci.
pero svalero, 14.03.2012 14:23:43
emi neli si imate vas pratenik vo makedonskoto sobranie, sto vi go odbra grujo. e sega ve zaklal pero ili grujo. emi toa e da vi dojde umot. tuku daj videte brajca da ne e ovoj pero rodnina na BC. vaka ne ce da e ubo da plukate vrz svoeto lice. tuku zemete nivea sensitive da ne vi se zapali surato od bricejneto na suvo.
branko, 14.03.2012 14:32:16
Ni cueno ni videno:SRAMOTA
Pero, 14.03.2012 15:05:06
Pero rabotel po nalog na pratenikot Milorad Dodevski I zatoa ne mu mozat nisto.
Felix is DEAD!!!, 14.03.2012 15:50:23
Abe ne go imam videno Felix dolgo vreme,ili e mrtov ili go unazadile od DPMNE ili e sasardisan od nesto ili stana pobegulja,aloooo Felix javi se,ni nedostigas so tvoite gluposti,barem imav nesto da se smeam togas so tebe,mi bese mnogu zabavno,sega nema nisto smesno,se e seriozno. Felix te molam vrati se!!!
bez trag, 15.03.2012 01:58:28
Do Pero svalero. ALAL da tie za komentarot gi pogodi tocno OZITE he he .Ama malce mu e, trba povejke da mu pozajmel Perica i togas ce se bricele so rozovo staklo i toa so najgolem diopter...Avstraljancina pa ako taka pravel Pero neli e PATRIOTA sto ima vrska za MAKEDONIJA e,...Poleka poleka ce svatite i vie vo toj kraj deka MAKEDONIJA pati od VMRO i ni ja unisti zemjata

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 3°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 17°C, Мин: 3°C

Недела
Сончево
Макс: 19°C, Мин: 4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Ск��пје | Забава | Хороскоп |