Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Коментари
16.03.2012, 18:02

Анализа

Нашата Пенелопа

Радмила Шекеринска

Што би помислил некој странец ако овие недели ги чита македонските медиумски извештаи?

О��аа колумна ја пишувам со мислите веќе во Ереван, главниот град на Ерменија. Заминувам во понеделник како шеф на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за парламентарните избори во оваа, за нас, не многу позната држава на Кавказот.

Велам дека со мислите сум во Ереван бидејќи не е лесно преку ноќ да го „телепортирате“ сопствениот живот за 2000 километри. Се подготвувам за интересна, но тешка мисија; барам практично сместување; го планирам доаѓањето на моите најблиски... И ја гледам Ерменија со очи на типичен странец со ограничени знаења и информации, но со голема љубопитност и желба да ја запознае и разбере оваа убава и стара држава (за среќа, помлади се од амебите; но и тие ја бројат историјата во векови).

Откако интернетот влезе во нашите животи, а гуглањето стана ритуал како утринското кафе - се' е многу полесно. Со два-три клика добивате се' за секаде: ги имам сите информации за политиката и економијата на Ерменија, ги гледам фотографиите на нивните главни политички „фаци“, ги читам нивните највлијателни портали (најголемиот број имаат и одлична англиска поддршка). И не само тоа: веќе ги читам мапите на Ереван, знам кои адреси се „популарни“, знам каде може да се најде првокласна италијанска паста и брз безжичен интернет...

И додека така ги „пиев“ информациите за моите идни домаќини, мислата ми отиде во спротивна насока. Имено, во тие моменти бев Македонка која испитува една непозната држава и строго проценува дали е опасен животот таму, дали стандардот е сличен на нашиот, дали се достапни некои работи на кои сме навикнале или ќе ми претстои потешка транзиција. Но, што ако ги променам улогите и ако фокусот го свртам кон нашата држава? Што ако бев некоја Американка или Германка која за прв пат треба да дојде на мисија во Македонија? Што ќе прочитав за неа? Што ќе заклучев од прочитаното? Кој ќе ми беше првичниот впечаток?

На памет ми паднаа неколку банални работи. На пример, дека нашето Скопје и после шестгодишни најави се' уште нема ниту еден голем хотелски бренд. Тој Ереван (кој за многумина околу мене звучи некако непознато, ориентално и така „уџум“) ги има неколку. За јавниот превоз во „таму некој Ереван“ ќе прочитате прецизни информации, а за овој во нашето Скопје тука и таму за некоја промоција или прес-конференција. Слично е и со рестораните и продавниците, па дури и со (надалеку фалениот) ноќен живот.

Но, сево ова беа, како што реков, банални работи. Големиот проблем се јави кога се прашав што би помислил некој странец ако овие недели ги чита македонските медиумски извештаи? Тепачка, убиство, напади на маскирани лица, упади во автобуси со бејзбол палки, секојдневни пресметки на средношколци, напад среде центарот на главниот град... Опасно, грдо и политички неизвесно! Истиот впечаток ќе го добиете и ако се прошетате по нашите улици и гледате со очите на странец: ќе ве изненади нападното присуство на полицијата, ќе почувствувате тензија во воздухот. Ако поразговарате со луѓето околу вас ќе ви кажат дека ги молат своите деца да не излегуваат надвор откако ќе се стемни. Со страв ги пуштаат на училиште. Со нетрпение чекаат да се вратат.

Полека, но сигурно се навикнуваме на години на опасно живеење. Се навикнуваме на лошите вести на телевизија. Ги броиме, а не ги спречуваме инцидентите. Го гледаме името, а не лицата на жртвите. Се' повеќе сочувствуваме со „своите“, а се' повеќе се плашиме од „другите“. Се навикнуваме на тезата дека „таму некаде некои деца сте степале... детска работа“. Се навикнуваме да слушаме две верзии на ист настан. Се навикнуваме да не веруваме во ниту едната. Се навикнуваме МВР да го третираме како (скап) сведок на настаните или како причина, а не решение на проблемите. Се навикнуваме најгласни во општеството да се навивачките групи и оние кои нив ги злоупотребуваат. Се навикнуваме да дигаме раменици кога некој ќе не' праша што и се случува на нашата земја. Се навикнуваме... а, не смееме.

Никогаш не сум била позагрижена за здравјето на мојата држава. И таа и ние сме во опасност. Виновни се насилниците и никој не може да ги оправда. Особено не зборовите на премиерот Груевски со кои со неодговорна леснотија, сите проблеми ги смести во фолдерот на „вишок младешка енергија“. Виновни се насилниците, но најодговорни се оние кои им даваат сила. Оние кои по ходници ги „пумпаат“ со национализам, а по канцеларии се „колнат“ во коалицискиот дух. Оние кои политички печалат од навредувачките слогани, шуруваат со латентните шовинизми на социјалните мрежи, а потоа... одат со шампањско да го прослав��т новиот анекс-дил.

Во владеачката коалиција веќе одамна не ја кријат меѓусебната недоверба и растечки резерви. Вмровците под мустаќ коментираат дека на Албанците никогаш не можат да им веруваат, а интегративците (ДУИ) дека постариот партнер во власта никогаш не ја прифатил идејата за интегрирана Македонија на еднакви граѓани. И никому ништо. Коментираат, критикуваат, се жалат... И тераат понатаму.

Имаше два сигнали дека работите забрзано ќе тргнат надолу. Првиот беше скопското Кале каде коалициските партнери си ја поделија работата: едните тајно градеа, другите јавно рушеа. Млади деца испратија на тепачка, музеј-црквата стана крш, а Калето го затворивме за посетители. Виновниците? Непознати. Ги нема во судниците. Едните бегаат од камери, другите од прашања. И толку.

Вториот сигнал речиси и не не' возбуди, а убедена сум дека е поопасен. Можевме да го видиме кога неколкумина странци и домашни се обидуваат да ја вратат темата на интегрирано образование во Македонија. Власта стоички ги одмолча. Не смеат да кажат дека Стратегијата за интегрирано образование е документ кој го презираат (бидејќи стои во секој европски Извештај) - но, затоа дисциплинирано и координирано истата ја забораваат. И затоа ги сметам за одговорни за она што ни' се случува.

Оние кои и посакуваат добро на Македонија знаат дека тоа не доаѓа со поделби. Оние кои и сакаат добро на Македонија знаат дека поделена младина, поделени училишта, издвоени смени... градат само бедеми, недоверба и страв. Стравот се храни со омраза. Недовербата раѓа национализам. Бедемите се потешко се прескокнуваат. Ова е брзата лента за нови конфликти и насилство. Сите тоа го знаат и затоа отпорот на власта да работи на интегрирано образование, отворена младина и модерна Македонија е опасен сигнал. Загрижувачки и застрашувачки.

Власта не им даде безбол палки и качулки на насилниците. Но им намигна дека проблемите се кај „другиот“, им шепна дека „или ние или тие“, им даде сила и крилја да бидат „свои“: опасни, насилни и агресивни. Со „своите“, а против “другите.

Се сеќавате на митот за Пенелопа? Верната сопруга која со години го чекаше Одисеј да се врати од својот воен поход. Стројници (желни за престолот на Итака) се редеа пред нејзините врати и бараа таа да одлучи кому ќе му „припадне“. За да се спаси од жестокиот притисок, таа ветила дека ќе се омажи тогаш кога ќе ја заврши започнатата таписерија. Прифатиле. Затоа, Пенелопа дење ја правела, ноќе ја растурала таписеријата.

Така и нашите власти. Пред камери, дење, нешто прават; а потоа ноќе, без камери, го расипуваат. И тие како и Пенелопа купуваат време. Само, за разлика од верната Пенелопа, овие чекаат Одисеј да не се врати.

(Авторката е пратеничка и членка на СДСМ)


Статијата е прочитана 2285 пати.

Испрати коментар



„Д“ дијалог за Македонија
И по референца, референца
Референдум за промени
Црвена линија



Zacuden, 17.03.2012 00:21:11
Bravo. Kolku ubava slika davate za sopstvenata drzava. Nemalo hotelski brend i strancite se plasele od policija... c c c c c A za Ermenija, ne se sekirajte, i narodov ponesto znae od ona sto vie sega go otkrivate so guglanje
jovan, 17.03.2012 00:57:45
Mnogu konfuzen tekst koj zapocnuva so Erevan, piceriite i hotelite vo Erevan, pa doagame na naseto Kale, i zavrsuvame so tapiserijata na Penelopa, a celta e da se kaze deka i pokraj toa sto Erevan/Ermenija ni se nepoznati, sepak se podobri od Makedonija poradi toa sto imale hoteli a nie losa Vlada. Poradi vakviot nacin na kritikuvanje, koj obicno e konfuzen i kontradiktoren, opozicijata tone li tone. Hoteli ovde nema, poradi toa sto 20 godini se stitat dva trojca oligarsi koj imaat hoteli, pa za da ostanat*uspesni*se pravat opstrukcii da ne doagaat stranski hoteli. Se sekavate vo vase vreme vo Makedonija nemase drugo pivo osven pivoto na onie dvajca *uspesni* menandzeri koj bea uspesni zatoa sto bea edinstveni na koj im bese dozvoleno da proizveduvaat a i prodavaat pivo.Site tie nabrojani problemi pogore se tocni, no se problemi koj si gi nosime dvaesetina godini, i kako pominuva vremeto se se poteski i poteski. Za da se resat, treba dlaboko da se sece, a toa ke boli.Zatoa nikoj ne sec
Nikola, 17.03.2012 07:53:28
Za zacudeniot i Jovan: E moi neobrazovani sogradjani! Brendovite se pokazatel za otvorenosta na opstestvoto. I zatoa sto imame takvi kako vas, zadovolni so zivotarenje, so vidokrug do dvorot na prviot komsija, i so polna usta za slavni pretci, Makedonija ce bide feud na familijata, a ne del na sovremen svet.
boris, 17.03.2012 11:23:02
Nieden politicar vo Makedonija ne moze da se pofali deka po tret pat ke bide shef na nabljuduvacka misija na OBSE na izbori vo stranski zemji. I toj fakt treba da bide potvrda ne samo za g-gjata Sekerinska, tuku i potvrda za toa deka Makedonija ima poznati i priznati politicari. Kolumnata e ODLICNA i ja otslikuva nasata realnost, za zal. Nitu e kontradiktorna nitu konfuzna, Kako sto veli Jovan vo svojot komentar. Kolku za potsetuvanje g-ne Jovan, od tie 20 godini za koi zboruvate, VMRO-DPMNE e 12 godini na vlast. A sto se odnesuva do hotelite, KADE E HOTELOT POZADI RAMSTOR????? Nikako da se izdigne!!!!
natasha, 17.03.2012 12:52:16
2820Mnogu ubavo drugarkava gi obelodenuva problemite na zemjata za koi i taa mnogu pridonese. Za sreka mene licno ne mi treba google ili weekopedija za da se snajdam (tranziciram) vo Makedonija, bidejki e moja rodna zemja, ama socuvstvuvam so celiot narod no PRED SE so intelegencijata koja e najgolema zrtva na taa tragedija narecena tranzicija sto trae so godini i po se izgleda nema kraj... socuvstvuvam so site majki cii sinovi i kerki sedat doma bez sansa vo svojot zivoten vek da najdat rabota, zaspivaat i se budat so vozdiska dali nesto ke izleze, ke se resi... ke se podobri. Po se izgleda na Makedonija i treba sosema nova partija na nevraboteni i napateni, koi utre bi znaele kako treba da se organizira i vodi edna drzava na patot kon cesno i pravedno opstestvo.
glup-tup, 17.03.2012 14:33:45
Оние кои и посакуваат добро на Македонија знаат дека тоа не доаѓа со поделби. Оние кои и сакаат добро на Македонија знаат дека поделена младина, поделени училишта, издвоени смени... градат само бедеми, недоверба и страв. Радо, за жал Вие бевте тие кои ја почнавте проделбата на Македонија, со поделбите на општините некаде во времето на Бучковски.... Кроење на општини каде ке може да бидат градоначалици/советници Албанци. За жал државата ни е скроена територјално и за некоја година (се надевам дека нема да биде некој месец) доволно ке биде градоначалниците да откажат послушност на Р.Македонија. Не сум ВеМеРоВец но навистина не знам до каде и во кој правец ни се движи државата, се плашам дека е се изгубено...
девичанецот, 17.03.2012 19:52:48
Почитувана Радо, Ние доволно знаеме за Ерменија, само не ми е познато ти колку знаеш за Ерменија и за Ерменците.. Стар, христијански народ, кој уште пред 3000 години имал азбука. А ти, како слуга на ОБСЕ и ОДХР, како што викаш, биди си реална во работата. Секако ти е познато дека почнува фазата на преиспитување на улогата на ОБСЕ и ОДХР, зашто доста со лицемерие и подметнувања се служат. Би ми било мило во Улога на таа што ја имаш сега за Ерменија, да бидеш реален набљудувач и од изборите за претседател во САД. Но тоа не ќе да е можно, нели?
Димитар, 17.03.2012 21:04:40
Сите сме загрижени за состојбите во оваа држава,само властодршците не! Ни ветуваа подобар и безбеден живот.Што добивме?Насилство,омраза,поделби... Како млад човек сакам безбедна сегашност и сигурна иднина.Со ДПМНЕ тоа не е можно.Затоа барам и се борам за промени.Истрајни сме и затоа ќе победиме,сите заедно.Поздрав Радмила и успешна работа во Ерменија,ги чекаме впечатоците.
Трпе, 18.03.2012 00:15:50
Многу убаво актуелната ни власт го применува ова дека со поделен народ полесно се раководи.Не само што полесно се раководи туку и се лаже народот а кој лаже и полесно краде.Некои никако неможат да сватат дека актуелните на власт во нивни раце власта ја имат повеќе време од осамостојувањето на РМ.Тие како ученици на Љубчо продолжуват да ја делат малата напатена државичка.И продолжуват со нивното ЌЕ,Ќе,ќе,ќе...ќе,вракајки ја земјата назад управувајки ја како возило на удолнина без сопирачки.Живеат во некој свој филм како каскадери.
Одлично!, 18.03.2012 15:39:59
Одличен текст , кој ги надминува можностите на Јован,Зачуден,и Девиланецот и Наташа, зачаурени во античките тоги, да го сфатат!
toni, 18.03.2012 17:38:47
eve veke tri casa slusam edna lokalna radio stanica --edna makedonska pesna ne slusnav---TURBO eci do daska pa si mislam sto ne ne spojat so Srbija barem ke imame sekoja nedela zivi koncerti a onie sto se protiv Srbija ke gi proterame da ne ni smetat vo naseto umetnicko-kulturno ziveenje i dejstvuvanje vo sklop na federacija koja bi se vikala Srbija i Mala Srbija , a bi imale i poznati brendovi na hoteli
melbourne, 18.03.2012 22:05:24
poddrska za komentarot na toni.Kolumnistkata e potpolno vo pravo, toa e vlasta sto kontrolira se vo drzavata pa i radia i televizii.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 9°C

Ведро

Среда
Ведро
Макс: 21°C, Мин: 6°C

Четврток
Сончево
Макс: 21°C, Мин: 4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |