16.03.2012, 18:00 Мислења
И по референца, референца
Огнен Малески
Декларираноста на Алијансата да не' прими по изнаоѓањето соодветно решение со јужниот сосед би бил вистински исчекор
Има ли решение за таканаречените разлики околу името на нашата држава - проблем интернационализиран од страна на нашиот јужен сосед на почетокот на последната деценија од минатиот век, но со корени кои навлегуваат во поблиското и во подалечното минато? За мислењето на граѓаните на двете земји, и што е поважно за нивните политички елити, заеднички именител е - песимизмот, обележан со црвени линии и проткаен со историски митови и легенди, но и заложба кај оној другиот да надвладее разумот. Ние, упорно инсистирајќи на правото и на правдината како единствено решение за „ирационалниот спор“ кој ги навредува нашите чувства и достоинство; тие, цврсто потпирајќи се на „рациото“, силата, моќта, влијанието и интересите како движечка сила во меѓународните односи.
Интересно, оптимизмот врзан за можноста да се изнајде компромисно, взаемно прифатливо решение, е поприсутен кај таканаречените меѓународни фактори. Иако и кај нив тој изминативе две децении варира по принципот на плима и осека, сепак тие како се' уште да веруваат дека со добра волја од двете страни и иновативни и „паметни“ решенија може да се излезе од ќорсокакот. Кога веќе станува збор за добра волја, заеднички интерес и особено изнаоѓање на паметно решение, прва асоцијација ми е еден постар виц која се базира на познатите стереотипи за полицаец и плавуша. А тој тече вака: во рутинска контрола запрел полицаец плавуша која управувала автомобил и побарал возачка дозвола. Немам, одговорила таа, на што следела констатацијата на полицаецот дека ќе мора да плати парична казна. Но, јас немам ниту пари, одговорила плавушата. По долго размислување, полицаецот констатирал дека ќе мора заеднички да смислат нешто паметно за да го решат проблемот. На тоа, по уште подолго размислување следувал одговор/прашање: а што паметно можеме да смислиме - јас плавуша, а ти полицаец?
Без желба за навреда на чувствата на било кој, а уште помалку за потценување на коефициентот на интелегенција на било која индивидуа, професија или пак нација, факт е дека се' почесто сами на себе, а особено на странците почнуваме да им наликуваме на актерите од споменатиот виц. Оттаму и има многу логика во шпекулациите на грчкиот печат дека олеснувачот во преговорите размислува за преодно/алтернативно име како привремено решение кое треба да го одблокира нашиот прием во НАТО пред самитот во Чикаго.
Во отсутво на други информации (барем штури официјални потврди или деманти во триаголникот Скопје-Атина-Њујорк) и неможност на било кој начин да се провери вистинитоста на тоа што деновиве го објави весникот „Вима“, останува анализите да се сведат на границата на обично шпекулирање. Сепак, независно од нејзината вистинитост, останува фактот дека таквиот потег на олеснувачот во преговорите би бил очекуван и логичен. Посегнувањето по привремени/преодни решениија за надминување на одредени блокади и застои во преговори како значајна алатка одамна ја користи современата дипломатија. Да не одиме географски многу далеку, ниту пак да копаме многу длабоко во минатото и само да се потсетиме како (привремено/преодно до финалното решение) го надминаа спорот и ги одблокираа интеграциските процеси земјите од нашето соседство - Словенија и Хрватска, како и Србија и Косово. Притоа, никој нема илузии дека до конечното решение ќе се дојде лесно и брзо, но надвладува сознанието за позитивниот ефект од деблокирањето на процесите и постигнатиот напредок.
И самата Привремена спогодба меѓу Македонија и Грција е еден таков позитивен пример. Но, можностите што таа ги отвори, по првичниот елан, за жал не беа до крај искористени, и сеопфатното решение на спорот останува со години блокирано, што кулминираше со блокадите во Букурешт (НАТО) и Брисел (ЕУ). Сето тоа без сомнение многу добро му е познато на еден така вешт и искусен дипломат каков што е господинот Нимиц и навистина би требало да не' радува евентуалниот таков чекор од негова страна, бидејќи е за очекување тој да се темели на одредени позитивни импулси добиени при неодамнешната негова посета на Скопје и на Атина, како и на поддршката на (дел од) меѓународните фактори кои во последно време манифестираат засилен интерес за негово надминување.
Во светлина на одлуката на Судот во Хаг, декларираноста на Алијансата да не' прими по изнаоѓањето соодветно решение со јужниот сосед, како и позитивните препораки на Европската комисија и на Европскиот парламент во поглед на отпочнувањето на пристапните преговори, такво ре��ение и тоа токму сега би бил исчекор во вистинската насока.
Од друга страна, многу други елементи за жал подгреваат сомневање во поглед на успешноста на самата иницијатива. Најнапред под прашање е тајмингот. Во прв ред тоа се однесува на релативно кусиот рок до самитот во Чикаго. Деликатноста на проблемот и бројните финеси кои ќе треба да се усогласат сигурно ќе изискува драматично поинаков интензитет на преговорите од оној постоечкиот и (најверојатно) нешто поширока временска рамка. На тоа веднаш се надоврзуваат претстојните парламентарни избори во Грција, односно праксата од изминатите години - во период на избори во двете земји, од многу прагматични причини кои и не треба нашироко да се елаборираат, преговорите да хибернираат. За успех на солуцијата што евентуално би ја понудил медијаторот од несомнено значење ќе биде и позитивната атмосфера што во јавноста на двете земји би ја креирале политичарите и медиумите. За жал, како што сега стојат работите од евентуално решение сме оддалечени со светлосни години.
(Авторот е поранешен дипломат) |
|
Статијата е прочитана 875 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 17.03.2012 01:19:33 | Resenie za imeto so Grcite nema da ima uste 100 godini, pa i poveke, osven ako niv gi snema ili nas ne snema. No resenie kako ponataka so nereseno ime, mozebi ke se iznajde, bidejki situacijava na Balkanov se komplicira. Albanskata expanzija i agresivnost pocnuva da gi plasi i Bugarite i Grcite (Srbite veke go okrkaa, no nezaboravaat), a i svetot ne e spremen ova bure povtorno da go gasi. Zatoa po uzorot na zvezdata/fusnotata so Kosovo, mozno e i Makedonija na toj nacin da zapocne pregovori/vlez vo EU/NATO. Toa bi bilo nesto kako kompromis za smiruvanje na situacijata, so koe bi se objasnilo koe sto e do konecnoto resenie. Site drugi opcii se stravotni za opisuvanje, no vo sebe si znaeme sto bi mozelo da ni se desi. |
| Ljubotan Trade Name, 18.03.2012 04:59:41 | Mnogu ubavo zamisleno od Albanska strana;Bezbolna,Bez Zrtvena I bez Granicna Albanska Invazija niz Makedonija.Makedonija treba da bega od;EU i NATO,kako Gjavolot od Krst.Clenstvoto na Makedonija vo NATO i EU ce bide istoriski pogreb na Makedonstvoto.Zamislete,Albanska populisticka invazija i liniska-domino reakcija;Makedonska invazija, kon Bugaria i Evropa! I toa e krajot Na Makedonskiot Narod za sekogas. Narod,voden e vo Losa Nasoka:Komsiite se site losi.A nie Makedonci-Nevini Pred Boga! Na nikomu ne mu dadovme kredit za naseto bitie,Aaa site ne,,kradat!Sto na Makedoncite bi im Falelo da Gi Pofalat;Grcite,Srbite i Bugarite za pridones na Makedonskoto soznaniei,i istorisko nasledstvo;Civililno,Kuulturno,Religioznoi Literalno.Pa eve,Amerikancite Znaat,deka stvaraat nova Nacija,Ama im davaat;imina i pocit na site;Englezite,Ircite,Skotite,Francuzite,Italjanite,Francuzite,Germancite.Cela Amnerika e krstena so imina na sela i gradov na ovie nacii.A.vo Skopje,Nema Nemanici,nema Sv.Spas? |
| пријател, 18.03.2012 08:48:47 | Зошто би се барало привремено име за влез во НАТО и ЕУ кога привременото име кое ни`го додели Советот за безбедност(ФИРОМ) не се користи?Ако ја примат нашата држ.под некое „привремено“име,тогаш ја губат алатката да вршат притисок над нас,а тоа е условувањето за влез.Кога Мк би влегла во НАТО и ЕУ под било какво „привремено“име,таа веќе ќе нема никаков интерес за решавање на разликите околу името.Јован многу греши.СБ на ОН засега бара преку преговори да се реши проблемот,како што вели,во интерес на мирот и добрососедските односи.Но ако се влоши состојбата поради проблемот,СБ може да примени и сила.Значи проблемот(��о интерес на мирот и добрососедските односи во регионов) мора да се реши,а кога,тоа ќе одлучат СБ,НАТО,ЕУ. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 20°C
Ведро
|
Среда
Сончево
Макс: 21°C, Мин: 5°C
|
Четврток
Сончево
Макс: 21°C, Мин: 6°C
|
|
|
|
|
|