Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Коментари
16.03.2012, 17:53

Поглед

Црвена линија

Жаклина Хаџи-Зафирова

Има ли поголема дрскост од тоа ние, „обичните смртници���, што би се рекло, да им укажуваме на државните институции, посебно на институција како што е Уставниот суд, кои се нивните овластувања и до каде се нивните „црвени линии“?

Можеби ако беше некоја институција од понизок ранг ваквиот смел обид донекаде е и оправдан, но Уставниот суд е сепак, институција-уникум, тоа е највисоката судска инстанца за оценка на уставноста и законитоста. Или, што би рекол професорот Шкариќ, Уставот го крои Уставниот суд, што во превод значи, како тој ќе го протолкува Уставот тоа е „закон“!

И сега, замислете, во најблага смисла, комична ситуација. Државен службеник да му кажува на Уставниот суд како да го толкува Уставот кога станува збор за дефинирање автономија на универзитетите и да му укажува до каде може да оди во повлекувањето на црвените линии?!

Прашање е дали тој службеник, кој рече дека „настапува во свое лично име, но како вработен во Министерството за образование и наука“ навистина настапи во свое име бидејќи неговиот говор личеше на лекција што Уставниот суд треба да ја научи.

Службеникот кој во Уставниот суд требаше да ја образложи оправданоста на законските измени во високо обраование кои се оспоруваат од професорите, се постави во улога на наставник кој, ете, сега треба да дели лекции во која насока треба да одлучува Уставниот суд.

Но, наместо да укажува на црвените линии, можеби ќе треба да се постави контра-прашање-колку државните службеници ги поминуваат црвените линии, посебно кога се ставаат над институциите.


Статијата е прочитана 898 пати.

Испрати коментар



„Д“ дијалог за Македонија
Нашата Пенелопа
И по референца, референца
Референдум за промени



jovan, 17.03.2012 01:25:15
Toa e voobicajno tuka, onie koj se na povisoki funkcii da dobivaat lekcii od onie na poniski, pa duri i od obicni laici. Problemot e sto lekciite ne gi razbiraat. So ulicen recnik toa bi se reklo , nepismenite vladeat a pismenite se po ulicite. Izbrkani. Koga gluposta vladee, opasno e da si pameten. Mora da se pravis i ti glup.
odgovor, 17.03.2012 10:51:51
Gluposta,dvolicnosta,lukavstvoto...vladeat so ovoj svet.Ima i isklucoci.
ИВАН СПИРОВСКИ, 18.03.2012 13:24:05
Еден професор по психијатрија на белградскиот медицински факултет, пред повеќе од пет децении им кажал на своите студенти, на едно предавање: „Деца, знаете ли што е итроштина? Итроштина е најнизок степен на интелигенција.„ Или, оригинално, „Децо, лукавство је најнижи степен интелигенције.„. Ова, го кажувам, само за да не се заборави и да го имаме на ум, скапоцена мисла е.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 19°C

Ведро

Среда
Сончево
Макс: 21°C, Мин: 5°C

Четврток
Сончево
Макс: 21°C, Мин: 6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |