Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
13.03.2012, 18:12

Многу амбиции за градоначалник на Охрид

Иако до изборното соочување има уште цела година, во двете водечки партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се чувствува кандидатска напнатост

Веле Митаноски



Охрид - Како што партиските лидери се растрчани на терен, така и во општините ��е' погласно се зборува за можните адути на партиите за градоначалнички функции. Иако до изборното соочување има уште цела година, во двете водечки партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се чувствува кандидатската напнатост, колку и тоа да се прикрива. Самостоен настап најавува и ВМРО-НП, со можност во првиот круг да игра за себе. Во вториот, се чини извесно дека освоениот контингент гласови ќе се обиде да го пренесе на потенцијалниот коалициски партнер - СДСМ.

За ВМРО-ДПМНЕ Охрид ќе биде апсолутен приоритет, бидејќи два мандата градоначалникот е од СДСМ. Социјалдемократите, пак, ќе сторат се' за да останат на тронот. Кулоарите, засега од таборот на ВМРО-ДПМНЕ ги вртат имињата на претседателот на општинскиот разгранок Атанаско Михаилов, потпретседателот, координатор на советничката група и раководител на Билатералниот комитет за заштита на Охридско Езеро, Дејан Паноски, потоа доктор Никола Бакрачески, директор на Кардиолошкиот центар, поранешниот пратеник сега директор на ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор, Цветко Грозданов, лекарот - началник на Интерното одделение во Општата болница, Сашо Василески и други. Михаилов не крие дека загревањето на некој начин веќе почнало и дека се предизборно зголемени активностите меѓу гласачите и симпатизерите.

„Работиме на терен, активностите се зајакнати, но официјални имиња за можни кандидати засега нема. На крајот на краиштата, изборот на кандидат за градоначалник го прави Извршниот комитет и претседателот на партијата. Сите други имиња кои ќе се појават се само шпекулација“, вели Михаилов. Тој признава дека едно од имињата кое се врти во јавноста е и неговото. Вели дека секоја функција што ќе му биде доверена од партијата ќе ја извршува со голема одговорност и мотив.

Дејан Паноски, еден од најекспонираните партиски кадри, особено во делот на екологијата, каде што важи за докажан експерт, како и во активностите на Градскиот совет, вели дека не е оптоварен со тоа прашање.

„Има и други позиции преку кои може да му се помага на Охрид“, вели Паноски.

Во СДСМ се вртат имињата на актуелниот градоначалник Александар Петрески, на локалниот лидер на СДСМ, Наум Јованоски, директорот на училиштето за средно образование „Свети Климент Охридски“, Наум Рилкоски и други. Се говори и дека е можно партијата да има скриен адут, кој се' уште се држи во сенка.

Петрески не крие дека би истрчал уште еднаш како кандидат, иако од членството има се' повеќе сигнали дека два пати му се доста. Најверојатно, и тој го знае тоа, ама мисли дека адут ќе му биде рејтингот. Затоа вели дека не сака да биде единствен кандидат, додека на централното раководство му упатува порака дека би требало да се определи за оној со највисок рејтинг.

„Никој нема ексклузивно право за да се наметнува како единствен кандидат. Јас тоа право, и да ми го дава партијата, не го сакам. Секоја партија, посебно посериозните како СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, треба да одат со кандидат кој има најголеми шанси за победа. Така размислувам и во поглед на мојата кандидатура. Ако анализите покажат дека некој друг има повеќе шанси од мене, поголем рејтинг, зошто јас да условувам и да одам со сила. Јас не условувам како тие од ДПМНЕ“, вели Петрески.


Статијата е прочитана 616 пати.

Испрати коментар



На Глигоров му се допаднала неговата скулптура
Милошевски е автор и на други дела од „Скопје 2014“
Борците и' поставија улична заседа на Владата
Меѓуетничките тензии се опасна игра
Последниот збор за името ќе го имаат граѓаните
Антимакедонски протести во Албанија
Ахмети по свое мислење кај Волерс
СДСМ на протести во Аеродром...
Во Охрид остана без простории
Стојановски си замина - долговите останаа



arhitekt, 14.03.2012 04:11:13
Ucestvuvav na skoro site predizborni kampanji za lokalnite izbori vo ohrid na site politicki partii posebno na VMRO i na SDSM Site govornici pred narodot davaja zakletva deka od gradot ke napravat cudo so evropski standarti. Ohrid nema javen toalet ,nema parking ,nema katna garaza na mestoto na avtobuskata ne se napravi katna garaza za potrebite na gradot koja ke bese i edinstveniot parking vo gradot gradskite vlasti se odlucija za najlosoto Visoki zgradi, za ovaj zlostor ostanaja nemi site se izgubi poligonot za mali sportovi edinstvenite beli drobovi na gradot gradskite vlasti i sojuznite bile grobarite na Ohrid site slepi ulici mesto so krug zavrsuvaat vo porta , ograda ili zid Avtomobilite na trotoar pesacite na ulica. Site politicki partii site gradonacalnici do sega usectvuvale vo obezlicuvanjeto bez moznost za popravka na nasiot najatraktiven grad ostana da zalime za ovaj zlostor Vo narednite kampanji ocekuvam samo lagi i glupiranje
alekso maliot, 14.03.2012 06:13:28
a be so.. ovaj Panoski eden jak ekologist so e. Podokazan od nego nemat. Drugive Vmrovci ne mi se poznati mnogu ama ko so izgledat ili soncogledi se ili tatini i mamini sinovi od minatiot sistemtruliot i temen socijalizam koga nivnite famillii haraja i gi berea site mozni plodovi vo minatiot sistem a izgleda samo krem jadat i vo najdemkratskiovrezim momentalno. Site ovie od prv den koga se vrabotile, se opnati na budzet , krket, solat pamet ..so ima da mu pomognat na Ohrid..mamata ke mu e placat. A so ovaj surtukov nedokastren od SDSM -Aco pak eden procut so imase gradov, za greota. Tesko na Ohrid i Ohrigjani so bagrata od dvata tabori
Марија, 14.03.2012 06:21:00
Јас сум за понављачот...
трајко, 14.03.2012 07:17:38
Незнам за кого е Дејан Паноски докажан експерт во областа на екологијата.Тој е само докажан функционер на партијата на власт бидејќи повеќе се бави со партиските задачи отколку со екологијата.Се насипува езерскиот брег со отпадни градежни материјали, се сече неконтролирано трската, за да можат да се отварат нови плажи,се полни со фекалии езерото во с.Радожда.Што направил тој за ова да се подобри?Да не иницирал нов Закон за заштита на езерото?
Istocna Makedonija, 14.03.2012 10:21:33
Eh,borba za pusta ,makar i lokalna,vlast.Deja vu! Aktuelnive gradonacalnici,ne samo vo Ohrid,kako ..slepi za stapovi,,se drzat i grebaat da ja zadr- zat foteljata i site zasluzeni i nezasluzeni benifi- cii.Modusite i sredstvata ne se biraat i najcesto se prizemni,beskrupolozn i megalomanski,Pocnaa predizbornite kampanji preku ,,tribini,prepukuva njata preku mediumi,raskopkuvanje na ulickite, razgraduvanje ,,gradenjena gradski plostadci- nja,sto e efikasen modus nesto da se stavi i v djeb.Koga ne bi bilo tragicno,bi bilo smesno!
Kliment, 14.03.2012 16:54:22
Panoski vi e dobar ,go znam ima dosta inicijativi podneseno za ekoloska zastita.I Cvetko imat doneseno za Ohrid.Drugive nisto nemet napraeno za Ohrid.Ovie od sdsm ne gi ni spomvam zs vo Ohrid ke pobedit sega VMRO DPMNE

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 3°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 17°C, Мин: 3°C

Недела
Сончево
Макс: 19°C, Мин: 4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |