13.03.2012, 18:15 Никола Груевски во Струмица...
Последниот збор за името ќе го имаат граѓаните
Можно решението за името нема да биде конечно се' додека за него не се изјаснат граѓаните на референдум. Ова го најави премиерот Никола Груевски на трибината во Струмиц��.
„Ќе продолжиме да бараме начини да се деблокираме и да се надмине ова прашање. Ќе продолжиме да ја афирмираме судската пресуда од Хаг и ќе продолжиме да се бориме Македонија да стане членка на ЕУ и на НАТО. Меѓутоа, истовремено, како владејачка гарнитура, ќе продолжиме да внимаваме во делот на компромисите, во делот на тоа што се бара од нас, да внимаваме да се прифати нешто што граѓаните на Македонија ќе го чувствуваат достоинствено. И, што е најважно, што и да се договори, што и да се предложи и каков компромис или решение да се најде, политички се обврзавме дека тоа нема да биде конечно се' додека не го прифатат тоа граѓаните на Македонија, односно мнозинството од два милиона граѓани, на државен референдум“, рече премиерот Груевски.
Во полната сала во Центарот за култура ,,Антон Панов“ премиерот и министрите дадоа отчет пред струмичани за реализираните проекти од нивното владеење. Притоа, потенцираа дека Владата и понатаму останува доследна во реализирање на реформите во сите области.
Министерот за здравство, Никола Тодоров, им вети на струмичани довршување на кракот на болницата кој стои недоизграден цели дваесет години. За негово ставање во функција Владата ќе инвестира три милиони евра, а според Тодоров со тоа Струмица ќе прерасне во четврт регионален медицински центар во државата.
Трибината заврши доцна по полноќ, а премиерот и министрите одговараа и на прашања од граѓаните. (С.Т.) |
|
Статијата е прочитана 610 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Istocna Makedonija, 14.03.2012 08:08:31 | Napatenite gragani go ,,imaat,,prviot i posledniot
zbor,samo koga se vadat kosteniu od ogan!Ili,se
topovsko meso,divec za otstrel,kulis,alibi...I,ne
sme tolku glupi!Nikoj,da ne ne potcenuva!Dava-
me i zemame!I toa malku za gol zivot,sto ni pripa-
ga ni e odzemeno.E,ova ne se zaborava!Na znae
nje na site,koi za ,,se i svoe kljuse,mnogu ja
ljubat vlasta! |
| pile, 14.03.2012 11:44:00 | Posle pravenjeto puzder na ugledot na megjunaroden plan, i stavanje na R.Makedonija vo izolacija, so netransparentnost za konzenzus za imeto R.Makedonija (Skopje) zaminuvanje vo Bukurest 2008 godina,nediplomatski beganja od sredbi so Visoki pretstavnici od nasi podrzjuvaci-Zagreb,vo dlaboko podeleno opstestvo,vo uslovi na zagrozenost na slobodata na mediumite, i javno izrazuvanje na pesimizam kon evrointegraciite na zemjata, da se povikuva na referendum za dvodeceniskiot spor za imeto so sosedna Grcija, e dlaboko ponizjuvanje na sopstvenite Gragjani.Ima edna narodna izreka koja veli ,,sto si posees toa ke si znees.Mala digresija,imavme eden soigrac vo fudbalot, igrase bek vo odbrana,bese taka luciden i sakase da rakovodi so igrata,a koga protivnickiot igrac ke sutirase kon golot, toj sekogas begase od topkata nastrana, i normalno ekipata gubese.Go imas na broj, a kako da go nemas vo igra, pa zosto ni e. Se dodeka ne go izbrkavme od ekipata.Pa zaigravme otvoreno i maski. |
| do pile, 14.03.2012 16:50:30 | Ne e ponizuvanje zlaganjeto za referendum.Ponizuvanje ke bese ako ne se zemase vo predvid mislenjeto na gragjanite.Ti pile bidejki sakas nekoj drug da resava za imeto na tvojata drzava i identitet,samiot sebe se ponizuvas i si bezrbetnik |
| EU, 14.03.2012 17:12:41 | Ima li hrabar covek vo Makedonija sto moze da go sovetuva Gruevski. Toj/taa, megu drugoto bi trebalo da mu objasnat deka demokratskite izbori podrazbiraat ovlastuvanje na odredena partija/partii da gi zastapuva interesite na drzavata i nejzinite gragani. Da bese poinaku ke ziveevme vo samoupravno opstestveno ureduvanje. |
| Трпе, 14.03.2012 23:01:56 | Човек што не е способен за себе да оствари на чесен начин,да си го обезбеди стамбеното прашање,да има сопствено возило како може да го има кормилото да води држава.Една третина од територијата Македонија и се е можно.А за грците и овој дел од Македонија(50%) се за жалење живеат 5 пати подобро од овие кои не се идентификувани дали се антички или словени а треба да бидат благодарни што биле ЈУгословени.Само тоа што е убаво кратко трае. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 4°C
Ведро
|
Сабота
Ведро
Макс: 17°C, Мин: 3°C
|
Недела
Сончево
Макс: 19°C, Мин: 4°C
|
|
|
|
|
|