Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
13.03.2012, 18:04

Мое ќоше

Ахмети по свое мислење кај Волерс

Ерол Ризаов

Ахмети: Партиите се невини, пожарите спонтани, Владата не ги гасне, а медиумите лажат

Али Ахмети, лидерот на ДУИ, отиде на редовна консултација и размена на мислења кај американскиот амбасадор Пол Волерс да го чуе сопственото мислење. Откако го слушна гласот на Америка, убаво стокмен излезе пред новинарите и спокојно и' кажа на загрижената јавност кој не стои зад меѓуетничките инциденти и кој не ги потпалува меѓунационалните и меѓуверски пожари во Македонија. Ниту една политичка партија не стои зад насилствата што ја потресуваат државата до граница на дестабилизација, беше авторитетната и смирувачка порака што ја прати Али Ахмети. Кога Ахмети го кажа и тоа дека ДУИ знае кои се пироманите, на сите ни олесна. Огновите се разгореле спонтано од ветер според законите на природата. Кога истовремено дува северец од кај Шара и југо по долината на Вардар, тие се судруваат над Скопје и предизвикуваат кијамет, големо невреме. Колку се посилни воздушните струења и пожесток судирот на студен и жежок воздух, толку невремето и штетите се поголеми.

Штета, голема штета што Ахмети не отиде малку порано кај Волерс, ќе завршеше голема работа. Прво ќе спречеше залуден труд на голем број специјалисти за истражувачки теми кои во повеќе провладини медиуми, независно еден од друг, открија дека инцидентите се организирани од странски разузнавачки служби со цел да ја дестабилизираат Македонија. Дури Ахмети им удри по една заушка на сите тие, како да се обични пацери, изјавувајќи иронично дека во ДУИ не работат врз теории на конспирации. Ако само два-три дена порано отидеше Ахмети кај Волерс, ќе им заштедеше голема енергија на политичките партии да не си ја префрлуваат вината едни на други за меѓуетничките тепачки. Вака, бадијала опозицијата потроши онолкава енергија на која предупредуваше и премиерот Никола Груевски да не се арчи џабе, бидејќи самата помисла дека Владата ги поттикнува меѓунационалните инциденти е идиотска работа. Точно тоа го потврди и Али Ахмети кога онака американски прецизно соопшти не само што пожарите се спонтани, што автоматски значи дека не ги потпалува Владата, туку тоа од своја страна значи дека и партнерот со кој ја дели власта е апсолутно во право кога вели дека е идиотски да се помисли оти Владата е ретардирана дотаму да го гори столчето на кое седи.

Затоа Али Ахмети по разговорот со Пол Волерс ја разјасни целата таа идиотштина. Владата не потпалувала огнови, туку не ги гасне навреме пожарите кои се потпалувале спонтано. Еве како тоа убаво го објасни Ахмети: Мислам дека полицијата и судот, дефинитивно, ова е клучниот збор, треба да ја завршат својата работа, граѓаните да се чувствуваат безбедно. Дефинитивно, Ахмети ги повика и медиумите да си ја вршат својата работа и да не ги тероризираат луѓето, да не се банализираат ситуациите. Медиумите треба да ја кажат вистината, и' соопшти Али Ахмети на целата македонска и албанска јавност и на останатите граѓани од втор ред што живеат во Македонија кои, исто така, не се имуни на пожари.

Добро е што Али Ахмети своето мислење не го соопшти пред да се сретне со Пол Волерс. Замислете да излезеше онака лидерски, самостојно и авторитетно да и' соопштеше на јавноста дека ДУИ има сознанија оти политичките партии не стојат зад инцидентите, дека тие се спонтани како реакции на двојното убиство во Гостивар и инцидентите во Вевчани и во Струга, на спортските терени од навивачките групи, дека Владата и институциите на системот, дефинитивно, ќе треба да почнат нешто да работат за граѓаните да се чувствуваат безбедно, а провладините медиуми треба да престанат да ги тероризираат луѓето и да ги банализираат ситуациите. Медиумите под контрола на власта треба да престанат да лажат. Должни се да ја кажат вистината. Тоа е нивната работа.

Ете ова е мислењето на Ахмети пред да влезе кај Волерс, а откако излезе, го кажа истото тоа само со малку поинакви зборови и со дипломатско американски шмек да не се направи некоја идиотска работа, па да се растури партнерството во поделба на власта, ако се сетат патриотите што сакал да каже.


Статијата е прочитана 2094 пати.

Испрати коментар



На Глигоров му се допаднала неговата скулптура
Милошевски е автор и на други дела од „Скопје 2014“
Борците и' поставија улична заседа на Владата
Меѓуетничките тензии се опасна игра
Последниот збор за името ќе го имаат граѓаните
Антимакедонски протести во Албанија
Многу амбиции за градоначалник на Охрид
СДСМ на протести во Аеродром...
Во Охрид остана без простории
Стојановски си замина - долговите останаа



Americhka rabota, 14.03.2012 00:26:59
1990 godina amerikancite na S.Miloshevic mu stavile na masa karta na YU i mu rekle, crtaj ja Golema Srbija, nie ke ti ja realizirame. Koga ovoj prashal za protiv uslugata, tie mu odgovorile, da NATO vlegne vo Srbija. Slobo gi odbil! Od toj moment pochnale site problemi po nego, srbite i Srbija. A amerikancite si najdoa sojuznik vo albancite, i sega nim im pravat Golema Albanija. Toa go slushnav na pochetokot na devedesite i mislev deka e shpekulacija, medjutoa pred nekoja godina na RTS tokmu toa i tokmu taka go kaza Miroslav Lazanski. Zatoa Ahmeti, Tachi ili Topi sekogash ke vleguvaat so svoe, a ke izleguvaat so americhko mislenje, slushajci gi podisciplinirano nego germancite Firerot. A Koljo, so svoite patrioti, sonuva za Golema Makedonija, so Olimp od edna i Tasos od druga strana, verovatno kako protivteza na G.Albanija. Nazalost, za razlika od Ahmeti, Koljo ima samo son.
slozni braca, 14.03.2012 00:57:06
Ahmeti go kaza ona sto Volers mu sovetuvase da go kaze. A albanskite lideri se mnoigu poslusni kon sovetite na bracata amerikaci,sto ako im kazat vo februari e dobro da se kapat vo Vardar, bez zbor toa ce go napravat
Mirko do G EROL, 14.03.2012 08:22:31
Mnogu mie zal no iskreno poradi poslednite slucuvanja vo vasiot vesnik koj e moj familijaren i zaedno so lebot sekoj den se kupuval od denes moram da kazam deka go vbrojuvam ili go rangiram na ponisko nivo od Vecer na Latas.Vas kako novinar ve pocituvam mozebi nekoj ke rece eve eden komunjar se luti no iskreno vi kazuvam ve citav zatoa sto sekogas ste bile iskren i ste pisuvale iskreno so fakti dali sum jas impatizer na nekoja partija nee vazno vazno sum mozel od vas i slicni na vas da naucan nesto i da ja vidam i drugata strana od medaljata.Erole prodolzi a jas ke probam na internet da te citam .Mnogu probale no nikoj ne uspeal da go skrsi slobodnoto pero pozdrav.
od ostrijot, 14.03.2012 10:21:48
kako mi izgleda patrijotite nesamo sto kebidat prevareni nego i ismejani.
EU, 14.03.2012 17:05:26
Ahmeti si e Ahmeti, go znaeme. Gospodine Rizaov, poveke ne zagrizuva zapocnata cenzura vo Utrinski, ne samo na kolumni, tuku evidentno i na komentari, se razbira onie sto ne se na linija na vladeackata politika.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 4°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 17°C, Мин: 3°C

Недела
Сончево
Макс: 19°C, Мин: 4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |