13.03.2012, 18:23 На Глигоров му се допаднала неговата скулптура
Авторот на споменикот имал можност скулптурата на Киро Глигоров, која е дел од спомен-обележјето, да ја изработува со помош на сугестии лично од Глигоров, а му помогнал во изработката и на преостанатите фигури.
„Тој беше на местото кога неговата скулптура веќе беше завршена и многу му се допадна. Од н��го добив информации за тоа каде можам да најдам фотографии од личностите и приказни од тоа време што ми помогнаа да ги доловам ликовите онака како што мислам дека треба да бидат“, вели Слободан Милошески, според кого олеснителна околност е доколку авторот има можност да поразговара со ликот што го изработува. (Дс.Т.) |