Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
13.03.2012, 18:03

Реплики

Големи и мали

Соња Крамарска

Зошто е „цензурирана колумната“ на Ивор Мицковски?

Доскорешниот грчки премиер Јоргос Папандреу кон крајот на минатата седмица и официјално се повлече од кормилото на ПАСОК. Во овдешната јавност тоа никој не го забележа, а и зошто да го забележиме. Одамна не правиме споредби меѓу странски и домашни политички личности, нивниот политички морал и етика, чест и углед.

Ми паднаа в очи две реченици кои Папандреу ги кажа како збогум кон неговите сопартијци и кон грчката јавност. Рече дека платил висока политичка цена за тоа што се согласи да отстапи власт која ја доби на избори, но дека не му е криво за тоа бидејќи направил добро со неговите последни потези преку кои ја поставил Грција на правилниот курс во справувањето со кризата.

Високата политичка цена на која мислеше Папандреу е неговото заминување од ПАСОК, партијата која кланот Папандреу безмалку ја имаше во свој приватен посед. Тој изгуби нешто што неговиот татко Андреас и дедо Јоргос го направија. Доброволно се откажа од фирма која ја создадоа неговите семејни предци. И да, тоа е несомнено висока политичка цена, особено ако се знае грчкиот темперамент во политиката кој слично на нашиот не трпи внатрепартиска опозиција, па Папандреу веројатно ќе ја доживее судбината на Дора Бакојани која мораше да ја напушти партијата која ја создаде нејзиното семејство.

Папандреу со неговиот гест е несомнено голем лидер. Тој, кога виде дека Грција се движи во погрешна насока, а треба да бидеш способен и доблесен политичар тоа да го видиш и да си го признаеш, особено кога си на кормилото, ја препушти и владата и неговата земја на странско раководење. Направи политичка процена, која не е лесно да се направи. И не само тоа, туку остана до последен момент во парламентот да ја брани политиката на новата влада и да ги поддржува мерките на меѓународната заедница кои предизвикаа бран од незадоволство и штрајкови кај грчката јавност. Со еден збор, работеше во корист на својата штета, но со лично убедување дека прави потези од кои корист ќе почуствуваат следните генерации. И тоа е веројатно така, бидејки Грција се наоѓа во драматична ситуација, а последните анализи од Америка (Пол Кругман во Њујорк Тајмс) се дека земјата се движи во најнепосакуваниот правец а тоа е протерување на еврото и враќање на драхмата.

А што има ново кај нас, на нашата лидерска сцена? Имаме лидер кој вели дека оние политичари што не го слушале гласот на народот завршувале на буниште (во интервју за Утрински весник). А бидејќи тој не сака да заврши на буниште, решил да го слуша народот кој е против модификација на уставното име на Македонија. Значи, нашиот лидер нема друга аргументација зошто со години сме во статус кво позиција во врска со најголемиот политички проблем, освен дека ако оди против волјата на народот, ќе заврши на буниште, односно ќе ја загуби власта. Тоа е неговиот одговор на прашањето за името. Но дали е тоа вистинско лидерство?

За жал во Македонија за дваесет години независност и плурализам не дочекавме изјава од политичар како таа на Папандреу од нашето соседство. Волшебните зборови - платив висока цена за тоа што го направив но не жалам бидејќи знам дека направив добра работа- се недостижна реплика за овдешната политичка култура и политичка кауза. Тоа е реченица која уште долго нема да излезе од уста на нашите лидери, и тоа не само на сегашните туку и на оние што ќе дојдат по нив. Тие си го гледаат сопствениот интерес а тоа е што подолго останување на власт и јавање на бранот на општото (не)задоволство кој не се движи секогаш во правилна насока. Но, треба да бидеш голем лидер и да го видиш тоа.

Лидерите како Папандреу, затоа, никогаш не остануваат без работа, за разлика од нашите кои по заминувањето од власт или напуштање на политиката имаат проблем да си најдат работа и дури да преживеат ако претходно не се обезбедиле добро додека ја имале моќта. Светската политичка берза секогаш држи око на лидерите како Папандреу, Тони Блер, Герхард Шредер, Бил Клинтон и веднаш по завршувањето на нивната политичка кариера директно ги регрутира во одредите на бизнис и политички лобисти, или специјални мировни пратеници. Го користи нивниот углед и политички вештини.

******

Поздрав до македонските новинари. Нашите италијански колеги пред извесно време се истоварија на славниот аеродром Александар Велики и оттаму безобразно се упатија кон куќата на извесен Кристијан Илиевски во Скопје кој во Италија е обвинет за учество во местење на фудбалски натпревари, и напишаа сензационален текст во Ла Република. Додека ние овде се занимаваме со анализа на Мирка, Латас, Миленко итн., пред нос ни е украдена сензација, вистинска новинарска тема. На моето прашање до колегите зошто ние тоа не сме го напишале ми одговорија дека никој не им кажал дека Илиевски дошол во Македонија. Човекот заборавил да ни јави. А ние заборавивме да претпоставиме дека тој по бродоломот што го доживеал во Италија, фатил џаде на кај дома. А каде на друго место.

*****

Во колумната на Ивор Мицковски, немаше ништо вредно за цензурирање. Никакви новооткриени факти или нови сознанија на авторот кои би ја шокирале јавноста, или би наштетиле некому кој ние го штитиме со „цензурата“. Текстот е само еден изблик на омраза на една политичка страна кон противничката политичка страна. „Утрински весник“ не поддржува и нема да шири говор на омраза, а истовремено остануваме како и досега едни од најгласните критичари на политиката на Владата, што впрочем се гледа секој ден на нашите страници. Очекуваме таков гест и од другите медиуми, но и од Владата која не престанува да се рекламира во емисиите на Миленко Неделковски на Канал 5 со што дава поддршка и индиректно учествува во ширењето на говор на омраза.


Статијата е прочитана 1602 пати.

Испрати коментар



Рецептот на Саркози
Пропуштена шанса да се истера омразата
Урбан комбат – војна без име



Somnez, 14.03.2012 01:38:06
Od ,,diktatorot,, Tito, stasavme do ,,demokratite,, Grujo i Ahmeti. Neverovaten napredok, alal da ni e! I nemojte taka drugarice Sonja, komunistite bile takvi, nashite deneshni vodachi se chesni, poshteni i odgovorni i za razlika od komunistite, tie mislat na narodot. Posebno mislat (son ne gi faca) kako da go tepat i parite da mu gi zemat. PS: Posle Erol, Ivor vi beshe najchitan i najkomentiran. Ke ja prochitame kolumnata na interet, pa ke dademe sud. Ah toj internet, mora da e komunistichki, povece dozna i od OZNA.
Bogomil, 14.03.2012 07:29:20
И ние не сме рамнодушни кон толку очигледната состојба во новинарството, кога новинарите бркаат зајчиња, а не ги гледаат слоновите, некогаш поради професионален далтонизам, другпат од страв да не им стапне некој партиски слон врз, инаку, кревкото, а често и босо, незаштитено ноже. А најчесто, поради личниот комодтет се прибегнува кон најлесното , салонско новинарство. Подметни му го под носот диктафонот на некоја политичка или бизнис марка, и тоа што тој ќе го испелтечи, нам ни се сервира како специјалитет, како ние читателите да немаме сетила што препознаваат што е вистинска вест, што е мудрост, што е ексклузивност, што е творечко, аналитичко и истражувачко, а што блуткава салата од зборови.
Не ни требаат „аналитичари“ како Ивор Мицковски, 14.03.2012 07:56:43
Јас сум симпатизер на СДСМ, но тоа момче Ивор, одамна не можам да го читам. Се чудам откаде толкава омраза кај него. Едноставно тоа не е здраво. Тоа што тој го пишува само прави спротивен ефект кај читателите. СДСМ со такви „аналитичари“ само ја покажува својата ароганција, всушност немоќ и незнаење како да се врати на власт.
Mirko, 14.03.2012 08:16:07
Pocituvana Sonja vie mozete sve da napravite gazdi ste no nemozete od denes po nikoja cena da me naterate da kupam vase spisanie go cenev utrinski go cuvam negoviot prv broj i do denes kade i da sum utrinski bil so mene, od ona sto go napravivte vcera za zal mojot omilem vesnik poveke ne postoi a jas kako i mnogu drugi Erol i slicni objektivni kolumnisti i novinari ke si gi citan na stranicite preku internet.Zal mie sto i vie kako cenet novinar denes se svedovte na isto nivo so Latas i sl. na nego.Mnogu jasno mie deka ova nema da go objavis no ova e licno do tebe,a eden den najverovatno ke imame moznost i licno da razmenime mislenje pokraj kafe licno ke vi soopstam deka ona sto mi bilo sekogas pri mene licno vie mi go odzemavte.Sonja zapamti nekoj ima mnogu pari i misli deka ima pamet,a nekoj nema pari i misli deka nema pamet,jas mislam deka najdobro e da imas dobro zdravje ako nemas zdravje badijala ti se parite,zatoa ti posakuvam tebe licno mnogu zdravje,koe go dava sevisniot.
mene, 14.03.2012 08:20:37
So seta dolzna pocit na nekoi od vas, ne ste vo pravo za kolumnata. Istata ne sodrzi povece negativni zborovi od predhodnite na Ivor... ve prasuvam sto se smeni?! Drugo, ako pisuvate vesti, toa treba da bide na realna baza ili vo najmala raka da napisete toa sto nekoj go izjavil... ama ako pisuvate kolumna, istata treba i mora da izrazi necie mislenje, stav, politika. Za toa se kolumnite. AMA.. ako mislite deka kolumnite treba da vi bidat neutralni (kako vasata, bidejki gi razgleduvate prilikite so zamateni ocila i ne matkate tuka so Papandreu), ne ste vo pravo i ne ni pomagate ni nam ni sebesi. Ova zlo od vlada e strashno i grev e denes da ste neutralen po odnos na nivnite greski... ve ubeduvam... Ama ako imate doblest, smenete go vesnikot... taka ke si go zadrzite dostoinstvoto koe porano go imavte koga nikoj ne ve sprecuvase da napisete toa sto sakate!
miki, 14.03.2012 08:41:42
Hm, nezgodna rabota ovoj internetov-gi vadi site alista-poveke valkanite se razbira! I zosto da se navreduva mokjta za rasuduvanje na citatelot i so cenzura da mu se objasnuva sto e loso a sto dobro? I zosto da se navreduva inteligencijata na lugjeto so maskiranje na vistinskata namera-da se isfrli od vesnikot pod celosna kotrola na bratucedite opoziciskiot komentator? Vprocem seto ova vi e jasno i vam, a za profesionalnite i moralni posledici verojatno ste si podgotveni..
B. betinski, 14.03.2012 08:52:30
Koga vie go preporacuvate poltickiot gest na Papandreu kako praktika koja treba da se sledi, povlekuvate crta megju pozelno i nepozelno, megju dobro i loso, megju toa sto treba da se „saka“ i toa sto treba da se „mrazi“/„otfrla“. Kratko receno, sekoe „saka“ ima edno skrieno „mrazi“ kako opacina. Pretpostavuvam deka vasiot (bivs) kolumnist se koncetriral na toa sto go „otfrla“ kako tekovna politicka prakttika za da pokaze, na indirekten nacin, toa sto „saka“. Stanuva jasno deka e vo prasanje pravo na izbor koj e isto tolku legitimeн kolku i vasiot koj konfrontira grcka politicka praktika so makedonska, pristo ja valorizira spored meriloto „da/ne“. Moze li togas da se kaze deka vasiot (bivs) kolumnist praktikuval „govor na omraza“, а vie - ne?
Od bankrut malce mito mal kuver, 14.03.2012 08:56:22
Dobra prepaganda na Sonja ali ova vazi za bc a ne Grujo oti bc zavrsi na buniste a isto i so Mediumite na soros(ustvarina cia) ali Narodot e sto sudi ne Mediumite bc e tamu kaj sto mue mesroto...............
Aleksandar, 14.03.2012 09:01:29
Џабе ја цензуриравте колумната на Ивор, на еден портал само за еден ден ја прочитале близу 8.000 граѓани. А секој медиум постои заради граѓаните-читателите. Јас сум меѓу тие што ја прочитаа. Отуука провидно е Вашето правдање, во колумната никаде нема говор на омраза. Но затоа има издржани аналитички тези кои на власта очигледно и сметаат. Народот не е глупав!
pameten, 14.03.2012 10:08:36
ако оди против волјата на народот, ќе заврши на буниште... Kakva e voljata na narodot. Sosema normalno toj saka dvrzhavava da bide megjunarodno priznaena kako R. Makedonija, drzhava na Makaedonskiot narod, koj shto so svojot Makeodnski jazik imal mileniumska istorija. Arno ama elitata znae deka ovo e nomozhno! Ne poshto ima svetski zagovor protiv Makedonija, toku poshto Makedonskiot narod se formiral vo tragichite pritisoci na 20 vek i deka ako imalo svetski zagovor toj bil po Vtorata svetska vojna, koga Istokot i Zapadot, duri Grcija veruvashe deka so afirmacijata na Makedonskiot narod kje se stavi zasekogash kraj na Bugarskiot iridentizam. Ddenes sostojbata e totalno promeneta. Makedonija ima potreba od lideri, koi ke mu ja kazhat na narodot istoriskata vistina, so rizik da propadnat kako Ljubcho!
protestiram!!!, 14.03.2012 10:25:04
Opravudvanjeto zoshto ste go zabranile tekstot na Ivor Mickovski vi e licemeren. Spored vas, dodeka vlasta despotski go gazi opshtestvoto i ne dava nitu mal prostor za da se chue neshto sprotivno od nejinoto nametnato mislenje, ostanatite treba da i se obrakjaat so nezhni zborovi????? Kade ke se chue pozhestokiot glas na inakumislechkite? Potoa se chudime kade e opozicijata, tuka e, ama ne i davaat nitu glasche da pushti. So ovoj chin vie ste SOUSHESNIK na vlasta.
citatel na se i sesto, 14.03.2012 10:34:35
Vasiot cekor za neobjavuvanje na komunata na g. Ivor e navistina hrabar. Rizikuvavte mnogu i ke bidete izlozeni na mnogu navredi. No, vo vakva situacija na zovrieni strasti i govor na omraza od site strani, ureduvackiot poteg e za pofalba. Javnosta ocekuva istoto da se napravi i so drugite sejaci na govorot na omraza kako Nedelkovski i Latas. Posebno se soglasuvam so tezata deka premnogu novinarite se zanimavaat edni so drugi, a vistinskata prikazna im bega od pred nos. Bravo. Gdja. Kramarska. Govorot na omraza vo albanskite mediumi za zal nikoj ne moze da go cenzurira.
Prijatel, 14.03.2012 11:13:49
Sonja, pishuvanjeto ti e visokokvalitetno a razmisluvanjeto vrvno-intelektualno, no sepak imash problem so malite fakti koi gi ispushtash ili dodavash so shto si go nagrizuvash najvrednoto, lichniot kredibilitet. Ljupcho Georgievski plati previsoka politichka cena koga dozvoli da se napravi shirokata koalicija za spas na Makedonija. Toa e edinstveniot primer na nesebichnost od lider na Partija vo izminative 20 godini. Inache imashe izlivi na iskrenost kako ostavkite na naznacheni funkcioneri povrzani so zastojot na Evro-Atlantskite integracii koi nemaa skoro nikakov dolgorochen efekt. Gestot na Crvenkovski so priznavanjeto na rezultatite od poslednite izbori seushte ne mozhe da se oceni dali bil drzhavnichki i nesebichen potez ili motiviran od neshto drugo.
Gorann, 14.03.2012 11:17:27
Gospogjo Kramarska, kako kolumnata na Ivor, taka i emisijata na Vasko, nemaat nesto sto bi bilo podlozno na cenzura. Ednostavno i dvata proizvoda se samo iritiracki, prenapadni, prenaglaseni so omraza, blikaat prosto, preteruvaat. se dobiva vpecatok kako da avtorite/govoritelite jadat zelezo od tolku sto se i samite iziritirani, i toa i go prenesuvaat na citatelite. cinis sega sabjata ke ja zemaat i ke secat se naokolu. ako e ova vasiot motiv za neobjavuvanjeto na kolumnata, togas, jas Vi cestitam. a isto taka i na Alfa. toa nema nikakva vrska deka vi nametnale od vlasta, deka ve kupile, ve isplasile i sl. Vie prodelzete so kritickiot odnos kako i dosega.
Citatel, 14.03.2012 12:22:43
Sonja, verojatno SDSM vi e blagodaren za besplatnata reklama sto mu ja napravivte na Ivor MIckovski, atoj mladi u umen covek zasluzuva da bide poznat i nadvor od stranicite na vasiot vesnik. VIE TOA MU GO OVOZMOZIVTE, NO NQacinot na kopj toa go napravivte, vo najmala raka e nedoveten. Vo opravduvanjeto na postapkata trgnavte preko Azija na tereazije, od grckiot premier. Tie sporedbi cuvajte gi za Gruevski i kompanija, za tekstot velite deka nemal nisto vredno za cenzuriranje. Sto toa znaci , deka tekstot ne e dobar, no ako e taka zarem Mickovski odednas pocnal da pisuva losi tekstovi.? Zaboravivte da spomente dali seto napisano e vistina ili izmislica. A vistinata e najvazna!. Ili mozebi ne e taka?
Говор на омраза!!!, 14.03.2012 13:04:46
Сега ја прочитав колумната на Ивор Мицковски на порталот „Окно“.Не знам каде Крамарска виде „говор на омраза“?! Интернетот е чудо , лагите тешко поминуваат!
citatel, 14.03.2012 14:31:19
Bravo za kolumnata.Na nasive zovrieni strasti ne im godi koga rabotite se sogleduvaat fakticki a ne pristrasno
Miki, 14.03.2012 14:35:57
Извонредна реклама за текстот на Мицковски и емисијата на Ефтов. Оваа колумна е прочитана 808 пати, а на Мицковски повеќе од 8000 пати. Цензурата само го зголемува љубопитството и - целта е постигната - огромен број читатели ќе бидат „контаминирани“ од „јазикот на омразата“?????
EU, 14.03.2012 14:36:11
Ne drzi objasnuvanjeto deka kolumnata na Ivor e polna so omraza. A toa sto toj e kriticen kon aktuelnata vlast e sosema razbirlivo i ne znam koj se potresuva od takvi raboti. Pa vie si imate ubava odbrana deka ne sekogas gi poddrzuvate komentarite na nadvoresnite lica.Se plasam deka i Utrinski ke se obezlici kako Dnevnik, pri sto ke ostanat samo socijalnite mrezi so kolku, tolku licni stavovi.
do Sonja i pameten, 14.03.2012 17:34:37
Papandreu ne go smeni imeto na negovata drzava,pa ne moze da se pravi paralela so nasite politicari.Toj si zamina od politikata bez da si ja obezlici drzavata,a od makedoskite politicari se bara toa,da prifatat obezlicuvanje i zatoa ne sakaat i ne mozat takvo nesto da napravat.Najvisoko demokratski pravo e referendumot.Zatoa novinarkava stom e protiv referndumot,bez razlika za sto,taa novinarka e protiv demokratijata.Makedonskiot narod ne bil formiran vo minatiot vek.Postoel i pred mnogu vekovi koga sosednite narodi se uste ne bile formirani.Bidejki postoel odamna,bil priznat.Ako ne postoel prethodno, nemase da bide priznat.Makedonskiot narod bil priznat mnogu porano uste koga ne bese zapocnata vtorata svetska vojna.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 3°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 17°C, Мин: 3°C

Недела
Сончево
Макс: 19°C, Мин: 4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |