Неразјаснета смрт во Ѓорче Петров
Шеесет и двегодишен скопјанец е пронајден мртов во неговата куќа во населбата Ѓорче Петров. Неговото тело завчеравечер го пронашол близок роднина, кој пријавил во полиција. Според првичните сознанија од обдукцијата извршена на Институтот за судска медицина, 62-годишниот Благуњ Аврамовски починал најверојатно пред неколку дена. Причините за смртта се' уште не се познати. Форензичарите најавуваат дека ќе биде неопходно да се направат дополнителни анализи. Според сознанијата на полицијата, починатиот живеел под ист покрив со својата поранешна сопруга и со двете деца. (Х.Р.) |