Дрвокрадец потурил шумари со бензин
Крушевчанец потурил двајца шумски полицајци со бензин и им се заканил дека ќе ги запали, затоа што го сопреле неговото возило во кое пренесувал дрва без дозвола.
Според МВР, инцидентот се случил завчера околу 22 часот во месноста Бела Вода, во атарот на Крушево. При вршење контрола на возило натоварено со дрва без испратница, возачот Р.Д.(45) од Крушево истурил бензин и го запалил возилото. „Потоа ги полеал со бензин и двајцата шумски полицајци и им се заканил дека и нив ќе ги запали“, информираат од полицијата. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што против Р.Д. ќе биде поднесена пријава. (Х.Р.) |