Број 3454  сабота, 11 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
Хроника

Загина пешак на мостот на Брегалница

ШТИП- Ванчо Паунков, 54-годишен жител на Таринци, во близина на Штип, прексиноќа го загуби животот во засега се' уште неразјаснети околности. Трагичниот настан се случил на мостот на Брегалница, меѓу селата Таринци и Долни Балван. Возач на автомобил околу 19 часот го видел несреќниот човек како лежи на мостот. Во тој миг Паунков се' уште давал знаци на живот, па возачот веднаш повикал Брза помош и полиција. Но, иако тие бргу пристигнале на местото на несреќата, штипјанецот им подлегнал на повредите.

Претпоставките се дека Пануков, кој, според штипската полиција, имал здравствени проблеми, бил прегазен од непознат возач, по кого полицијата трага. Девојчиња од Таринци, кои со такси-возило се враќале од училиште дома, и' кажале на полицијата дека кога нивното такси изминало стотина метри од мостот, слушнале друго возило што доаѓало по нив како

преминува преку некаква препрека. Дали тоа возило поминало преку телото на Паунков и тешко го

повредило, засега не се знае. Полицијата ги испитува сите што во тоа време поминувале по оваа патна насока, која е целосно неосветлена како

што е неосветлен и самиот мост на кој се случила трагедијата. (И.Б.)


#
Статијата е прочитана 1135 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Бајруш Сејдиу останува во притвор
Хаџибулиќ
Дрвокрадец потурил шумари со бензин
Неразјаснета смрт во Ѓорче Петров
 

Montenegro is officially awarded EU candidate status
Paris Agreement is contested on fifteenth anniversary
Hungary welcomes VIPs on board Danube ship during EU presidency