12.03.2012, 17:55 Мое ќоше
Кој да го угаси пожарот
Ерол Ризаов
Она што го гледаме со ужас на улиците е производ на погрешна политика
Низ кошмар, на јаве, на најлош начин деновиве се потсетуваме на времето непосредно пред меѓуетничкиот конфликт 2001 година и на драматичните настани пред распадот на Југославија. На скопските, струшките, гостиварските, тетовските улици, на спортските терени, низ медиумите, низ социјалните мрежи се разгорува меѓуетничкиот жар кој очигледно никогаш не бил ни изгаснат. Дали е можно само по 20 години повторно да се соочиме со најстрашните последици по Втората светска војна што ја растурија и ја полија со крв до колена бивша Југославија. Длабоката меѓунационална омраза и нетрпеливост затскриена зад лажното братство и единство букна со таква жестокост која го вчудовиди светот. Гледаме, тие огнови уште горат.
Како и сите работи поврзани со меѓуетничките и меѓуверските конфликти, прво почнуваат од политичките кабинети и удобни фотелји, од научните и интелектуални средини, од меморандуми на академици загрижени за судбината само на својата нација, од конференциските сали и ТВ-студија каде што осведочени подбуцнувачи инквизициски ги бранат интересите само на сопствената нација, а се понижува и навредува другиот, различниот, како единствен виновник за сите несреќи, зла и целата беда што не' снајде. Никој не чисти во сопствениот двор. Никој не го гаси својот пожар. Пироманите не гасат. Тие палат. Самоуверено настапуваат медиумските мајстори за застрашувачки вести и ексклузивни стории за злоделата на другиот. Се штанцаат нови историски документи и научни вистини, нови енциклопедии и истории за славното минато кои дотогаш народните непријатели ги криеле. Следуваат грозоморни јавни сведоштва за неправдите што му се прават само на мојот народ, па одиме гордо на големи митинзи да ги избереме повторно нашите вождови и спасители, чувари на националното достоинство и идентитет. Во таков амбиент се ројат патриоти кои се подготвени животот да го дадат за Татковината.
Обично големата трагедија почнува со убиство како некогаш во Сараево, ако паметите убиство на свадба, или со делење правда со пиштол за банална расправа, може да се почне лесно и со з��палени знамиња, цркви и џамии, со улични тепачки, на трибини, во автобуси, на забави, во дискотека... сегде може да бувне пожар ако е висока температурата. Следуваат сликите од: „Убаво горат убавите села“.
По трагедиите, како и пред нив, пак, ќе настапат генералите по битките и мудросерковците да ни објаснуваат кој е повеќе виновен, кој прв почна, како можеше да се избегне катастрофата, колку е виновна власта, колку опозицијата и милион други јалови и непотребни производи на луѓе кои со децении страдаат од логореја и не се симнуваат од пред камерите одработувајќи храбро да ги удираат по рамо како народни херои кога ќе одат на пазар или кога ќе седнат во крчма. Додека другите во име на тоа товарат богатства и ја држат власта.
Македонија среќно и со искуството на неколкумина умни луѓе кои веќе ги анатемисавме, со традицијата на добри комшиски односи, која е присутна на овие простори повеќе векови, успеа да ги избегне стравотиите на распадот на Југославија. На речиси идентичен начин ја избегнавме и граѓанската војна која беше на повидок во воениот конфликт 2001 година. Не навлегувајќи во високоумни стратегиски анализи колкави се сличностите и разликите на тогашната и сегашната криза, едно е сигурно - последиците можат да бидат исти или покатастрофални. Во таква ситуација добро е познато кој треба да го гасне пожарот. Пожарникарите се дел од институциите на системот. Повикувањето кога веќе гори на училиштата, родителите, педагозите... тоа е веќе сигурен знак дека е испуштена работата од раце. Предолго чекаше власта да се разгорат огновите, па да покаже подготвеност за интервенција.
Во држава која има искрена определба да гради мултиетничко, мултикултурно, мултиконфесионално и демократско општество целиот образовен, правен и политички систем почива на тие фундаментални основи. Македонија ни по 20 години независност не покажува подготвеност да гради граѓанско општество, ниту, пак, има искрени определби да гради мултиетничко општество. Ова што го гледаме деновиве со ужас на улиците е производ на таа погрешна политика. |
|
Статијата е прочитана 2515 пати.
|
Испрати коментар
|
|
seirdzija, 13.03.2012 00:22:17 | Erol,ke moras da gi simnes rakavicite i da pisuvas so pomalku oblandi!!!Pomina vreme za toa.Ovaa vlast vladee vece sesta godina i proizveduva se povece podelbi,razdori,medjuetnicka netrpelivost,siromastija i se e potesko da se zivee eden normalen i pristoen zivot.Od platenicite na vlasta(tvoi kolegi)nema air,na niv im e dobro pa i drzavata moze da izgori,tie nepovratno kaj drugite ke ja baraat vinata iako znajat deka na tvorot gazeto mu smrdi a ne dupkata,pa zatoa vreme e da udrime po magarinjata,a ne po samarite!!! |
| Cui bono( fuerit), 13.03.2012 00:37:01 | Erole! Koga se leci nekoja bolest , najprvo se utvrduvaat pricinite za nejzinoto nastanuvanje, se postavuva dijagnozata i tek posle toa se pocnuva so lecenjeto. oumesno bese od tvoj strana da postavese prasanjeto: Koj go zapali pozarot i so koja cel. , bidejci treba da bideme ludi pa da pomislime deka seto ova nastana slucajno i spontano bez nekoi odnapred presmetani celi.Lesno e da se kaze deka ova sto go gledame na ulica e proizvod na pogresna poluitika. kazi koi se promotori na takvata politika, koi stvara vakvi programirani medjuetnicki tenzii i vo cija korist e seto toa? |
| Mapkoc, 13.03.2012 01:33:00 | Читам:„Меѓуверските конфликти почнуваат од политичките кабинети и удобни фотелји„. Токму така. По повод распаѓањето на Југославија, големиот интелектуалец, Десимир Тошиќ, ќе напише:„Жаришта на национализмот и шовинизмот беа централните комитети и владите на републиките и покраините„. Нешто такво е на дело во Македонија - со години! Затоа не верувам во искрена соработка на коалиционите партнери во Владата - за општо добро на Македонија и нејзините граѓани. Не го делам мислењето на г. Ризаов дека партиите се грижеле за своја нација. Нивно предимно гајле е како да обезбедат удобна позиција (особено материјална) - за себе, за своите семејства, за партиските војници. Нацијата е тука да им дава демократски легалитет, па и да учествува во инциденти од низок интензитет. Залудно чекам „нацијата„ да ја види поразителната слика на својот живот, особено во споредба со оној на политичката каста. |
| Од слободоумен, 13.03.2012 01:39:49 | Во држава во која во последниве шеесетина години(при тоа не ги сметам последниве 6) се градевме и се изградивме како нација со сите атрибути на засебен народ при тоа немајќи никаков проблем при сопствената презентација на меѓународен план дојдовме во ситуација повторно да се најдеме на почеток,и тоа се како резултат на едно неодговорно,исфрустирано владеење кое не ги познава вистинските вредности на современиот свет,кое сака црното да ни го прикаже како бело.Зарем не им беше доволна поука сето она што се случуваше не така одамна кај нас и кај нашите соседи.Зарем не гледаат дека со својата политика не изолираат и не затвораат во гето.Одлична ситуација за продуцирање и подгревање на национализми од секаков вид.Знаете што е најиронично во сета оваа ситуација?Најголем дел од оние што подржуваат една ваква политика кога ќе згусне/од секаков аспект-безбедносен или економски/ќе побегнат во Аустралија или Америка и од таму ќе ни продаваат патриотизам. |
| До Маркос и сеирџија, 13.03.2012 07:44:20 | Госп. Маркос велите не го делите со авторот мислењето дека „партиите се грижат за нацијата“. Каде вие прочитавте таква реченица или барем алузија во текстот. Јас такво нешто не видов.
Госп Сеирџија, вас не ви е доволна критичката интонација на Ризаов. Па на партиските војници и од двете страни не им е никогаш доволно остро. Ако читаш внимателно ке ја видиш разликата меѓу професионалните новинари и партиски апологети. |
| pameten, 13.03.2012 08:39:19 | Pred 99 godini nashite i Albancite krenale zaednichkoto Ohridsko vostanie protiv Srpskiot okupator. Togash konflikt so Albancite nemalo. Denes se e razlichno. Za Albancite razpagjaneto na Jugoslavija beshe osloboduvanje. Za mnozinstvoto Makeodnci - samo osamostojuvanje. Za poslednive 20 godini Albancite sfatija deka se shto Makedoncite sakat e da se zachuva shto e mozhno od SFRJ, a za niv ovo e neprifatlivo! Spasot e vrakjane na Makedonija kon korenite, od pred 1944, pred 1913... Za zhal mnogumina mislat deka ovo e unishtuvanje na se shto e MAKEDONSKO?! Mislan deka sme vo bezizlez! |
| B. Betinski, 13.03.2012 09:04:10 | Ako dobro razbrav, najgolem del od vasata kolumna, g. Rizaov, e polemika so kolumna na Latas od Vecer, iako ne go spomnuvatw po ime. Go procitav Latas i mozam da ti recam deka kolicestvoto bezobrazie i drskost odi kaj nego raka pod raka so ogromniot deficit od znaenje (pod uslav da ne e samo prodazba na profesionalen patriotizam koj dobro se naplatuva od - vlasta). Samo dva tri podatoka za Albancite: nivniot Ekrem Cabej po nisto ne zaostanuva zad Skok i Belic; Saban Demiraj stoi ramo do ramo so P. Ivic i B. Koneski; koj makedonski literat e popoznat na Zapad od, na primer, nivniot I. Kadare (iako negovite politicki istapi mene mi se saomnitelni). Toa vazi za humanitarnite nauki. Ne veruvam delka vo prirodnite e poinku. E ako toj i takov covek mu e intimus na premier, ne e tesko da se razbere deka i negoviot (na premierot) intelektualen vidokrug ne e podaleku od onoj na Latas, a moralniot intehritet od onoj na - Dzingo! |
| Itar Pejo, 13.03.2012 09:30:41 | Erol e vo pravo, ama eve vo eden drug vesnik utrinava filozofot Toni seuste go podpaluva ognot. Bidejci tamu go cenzuriraat mojot komentar go molam Utrinski da go objavi: Barem vo edno se slozuvam so Toni : islamot vo Makedonija e okupatorski. Isto kako I hristijanstvoto. Zarem Voinot na konj bil pravoslaven musliman? Treba Sobranieto da donese zakon po koj ce srusat site djamii i crkvi i ce se iskornat site krstovi. Kako sto se iskornaa site petokraki. Na nivnoto mesto da se vozobnovat antickite hramovi. Vo barok, se razbira. |
| до Ерол, 13.03.2012 09:47:53 | Во Југославија немаше „длабока меѓунационална омраза и нетрпеливост затскриена зад лажното братство и единство“.Ниту постоеше длабока меѓунационална омраза,ниту лажно братство и единство.Никој никого не прашуваше од каде е,ниту што е по вера.Се мажеа и женеа меѓусебно без разлика на нација и вера.Се`беше уништено од националистите кои зедоа замав после смртта на Тито.Погледај на You tube Sto je rekao Kiro Gligorov 31 sjecnja 2007 и се`ќе биде јасно.Инаку,природно е да има слога и единство помеѓу обичните луѓе.На обичните луѓе тоа им одговара.Но тоа го рушат поединци поради лични интереси.Груевски во тоа име ги подели дури и Македонците од иста нација и вера. |
| Трпе, 13.03.2012 10:02:05 | Кои се пироманите од албанскиот блок по име и презиме не ги знам иако нивните цели за предизвикани пожари се познати.Кај нас најголеми пиромани од медиумите и тоа електронските се доста познати.Тоа е овој тазе докторот Латасович,луди Миленко,ова Мирко Велиновски,Бурекчијата.Ама овие квази новинари сигурно се платени од некого и тоа дебело за да предизвикуват пожари.Кога има вакви пиромани платени од власта нормално дека ке палат а други ке глумат дека гасат.Некому многу добро му одговарат обичниот народ да се замајува со нови огнови.Пепелта се прикрива. |
| гимнастика на умот, 13.03.2012 11:50:02 | Проблемите изгледа не се заради мултиетничноста.Не,заради идејните разлики,религиозните.Да е така ,не би се така лесно исламот прогласувал за окупаторски.Не би се побарало рушење на верските храмови.Проблемот е во желбата да се ужива во новите вредности на новото време,и не можноста да се дојде до посакуваната цел.Во делот на материјалното,нормално крив е другиот,неистиот на тебе,кој ти зема и неостава да дојдеш до исето свое.Во духовното,исто така со своите забрани религијата не остава неконтролирано уживање до степен на весвесе.И така со измешани перцепции во главата,човекот е во транс од безглавост,што понатаму.Приказниве,се само обид,да ни се причини дека навистина проблемот не е во нас.Ако некој навистина во моментов е најзагрозен,тоа е религијата,националноста,државата,од нашето големо лицемерие,нашиот дембеллок и некадарност да се однесуваме спрема кодексот кој бара вредности во човекот. |
| Oskar, 13.03.2012 12:47:37 | Dobar tekst na Rizaov i isto taka dobri komentari na citatelite, BRAVO. Znae li nekoj da ni kaze kade e sega novinarkata Katerina Blazevska. |
| Jas!, 13.03.2012 14:51:39 | Erole, da ne se lazeme, idejata za Golema Albanija e nepresushniot izvor za site nashi ne soglasuvanja i problemi. Ushte od 1945 godina YU imashe problem so taa rabota. 1981 izbija demonstraciite vo Prishtina tokmu so taa cel, a ne ubeduvaa za studentski prava, kako i so rudarite od Trepcha. Tie shto ukazauvaa na opasnosta, bea proglasuvani za nacionalisti, a nacionalistite za zrtvi. I sega koga Kosovo se otcepi i stana drzava, koga e sekomu bash se jasno, nekoi seuste go toa verglaat, odnosno gi obvinuvaat srbite. Zarem trebashe da im go dadat na tacna. Na zalost, srbskata sudbina ne cheka i nas makedoncite, bidejci gledame ista strategija i ista taktika, pochnuvajci od natalitetot, pa do nasilstvoto na sekade i vo sekoja forma. I koga konechno ce se stvori taa golema Albanija, krivci ce bidat srbite i makedoncite, bidejci nemale razbiranja za ,,jadnite i potlacheni albanci,,. Alal vera na zakluchokot. |
| do slobodoumen i pameten, 13.03.2012 15:50:23 | Nasiot narod uste vo osmanliskata okupacija imal svoja makedonska nacionalna svest i cuvstvo,a drzavata Makedonija se gradese i izgraduvase poslednite decenii.Nekoj pameten saka Makedoncite da bidat juzni Srbi, kako sto bea zapisuvani od srpskata okupatorska vlast pred 1944 g.koga bese zabraneto da se narekuvaat Makedonci.Toj saka Makedoncite da bidat i kako pred 1913 g.koga bea pod osmanliska okupacija,no barem togas makedonskiot narod nemal zabrana od Osmanliite da se narekuvaat Makedonci .Novinarot neka ne dramatizira.Sostojbata so tepackite se smiruva. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 8°C
Претежно облачно
|
Четврток
Ведро
Макс: 12°C, Мин: 1°C
|
Петок
Сончево
Макс: 16°C, Мин: 2°C
|
|
|
|
|
|