ЖИЗЕЛ БУНДШЕН
Тајна венчавка со Брејди?
Иако таткото на ѕвездата на американскиот фудбал Том Брејди остро ги негирал приказните поврзани со свршувачката на својот син и светската манекенка Жизел Бундшен, по се' изгледа дека е поинаква вистината.
Имено, според написите во медиумите, Жизел и Том, конечно, се венчале, а приватната свадбена церемонија се одржала пред два дена во Санта Моника.
Жизел за својата венчавка се појавила во фустан од тантела, креиран од двоецот Долче и Габана, но освен невестата, нивните креации ги донеселе и трите кучиња, кои ја придружувале Жизел до олтарот. Тоа дека станувало збор за љубов на прв поглед зборувал и фактот дека Том поради Жизел ја оставил својата долгогодишна девојка, која била во третиот месец од бременоста.
Фотографиите од свадбената церемонија се' уште не излегле во јавноста, но според многумина, Жизел и Том се една од двојките кои го заслужуваат епитетот - една од најубавите во шоу-бизнисот. |