Број 2924  сабота, 28 февруари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

Стил

Кој ја украде Евровизија?

Секогаш констатираме дека на Евровизија треба да пратиме песна и пејач што ќе го одразува нашиот идентитет, да се пее на македонски јазик... па и по цена пласманот да не биде меѓу топ 10.

Јасминка Павловска

Секоја година Македонија вели „Евровизија не ни е потребна“! И секоја година некоја ѕвезда е навредена и вели: „Збогум Македонија, збогум фестивали!“ А, другата година - повторно се зовриваат страстите и, повторно со сите скандали во багажот, тргнуваме со надеж дека токму овој пат, а не „некст тајм“ (следниот пат) ќе и' се допаднеме, ќе и' се додвориме на музичка Европа, па барем да влеземе во финалето на евровизиското натпреварување... Не треба да се срамиме ако признаеме дека Евровизија е една од проекциите за нашите европски надежи, вакви какви што сме, во Европа таква каква што е!

И можеби ако признаеме дека сме такви какви што сме, фрустрацијата на сите ќе ни биде помала за тоа какви сакаме да и' се претставиме на Европа. Зашто секогаш на крајот се претставуваме токму такви какви што сме - т.е. дека не знаеме што сакаме да бидеме. Секоја година неформалните „стручни дебати“ во евровизиските кулоари се насочени дека треба да пратиме песна и пејач што ќе го одразува нашиот идентитет, да се пее на македонски јазик... па и по цена пласманот да не биде меѓу топ 10. А, кога ќе дојде времето за одлука - по линија на помал отпор, „изборот“ повторно паѓа на безлична полуплагијатска поп-песна, изведувачи - помалку или повеќе македонски ѕвезди, но „притиснати од ситуацијата“... и никогаш не одиме понапред од „борбата за влез во финалето“.

А, годинава, на домашниот Избор на евровизиски претставник ја имавме ситуацијата - кој ја „украде“ Евровизија? Или, кој за малку ќе ја „украдеше“ Евровизија? Во секој случај, „кражбата“, според предевровизиските муабети, беше неминовна! И токму таа психоза дека се' е „наместено“ за второпласираните Наум Петрески и Калиопи им ја „намести“ победата на „Некст тајм“. А, уште во почетокот, всушност, уште пред МРТВ да го распише конкурсот за Избор на национален претставник за песна на Евровизија, штотуку појавените момчиња од „Некст тајм“ во естрадните кругови се наметнуваа како следните евровизиски претставници. Толку сериозно се доживуваа тие нивни амбиции што дури и Калиопи на конкурсот учествуваше само како автор (на песната што ја испеа Верица Пандиловска), навидум без амбиции да се појави како изведувач. Наум Петрески, со самото негово појавување во листата на учесници за изборот, беше доживеан како „закана“, иако во првичниот распоред на силите требаше да настапи сам, со песна на друг автор. Кога се направи конечната поделба на песните и улогите, а Калиопи влезе во игра како изведувач и тоа во дует со ѕвезда од друг жанр, но со неоспорен квалитет - речиси во исто време се создаде психозата дека се' е „наместено за нив“. Но, ни решеноста на тимот на „Некст тајм“ не опаѓаше. Секој играше со своите адути! Форумската битка на Интернет ја предводеа фановите на „Некст тајм“, а Калиопи на својот концерт, во присуство на премиерот (и во други прилики), изјавуваше дека „последен пат и' дава шанса на државата да ја испрати на Евровизија“! Но, „Некст тајм“, пак, го имаа адутот дека авторот на музиката, Јован Јованов, е „главниот естраден играч“ кај луѓе блиски до Владата, а паузата на полуфиналето со неговиот проект „Кирилицо испеана“ (изработен со Министерството за образование) се толкуваше како победа на „Некст тајм“... Како што наближуваше моментот на одлуката, „адутите“ во чаршиските муабети се насочуваа, ни помалку ни повеќе, кај Владата. А, ровоската завршна битка зад сцената се случуваше на финалето во Универзална сала. Со веќе создадена предмисла дека Калиопи и Наум се победници, групата на поддржувачи на „Некст тајм“ во вториот блок на Универзална сала „спонтано врши притисок со свирежи“ при гласањето на жирито. И кулоарските толкувања по конечниот исход се дека „владината одлука е сменета во последен момент, па активистите од Унијата на млади сили гласовите од Калиопи и Наум ги пренасочила кај „Некст тајм““... Секако, тоа се кулоарски приказни, за кои една наша поранешна претставничка на Евровизија, токму во кулоарите, рече дека „секогаш се во корист на победникот, па макар и да се лажни“.

Па, кој ја украде Евровизија?

 


#
Статијата е прочитана 1969 пати.

Испрати коментар

Од: do novinarkata
Датум: 28.02.2009 01:05:09
svirezi kon prvata dama na makedonskata muzika upatuvaa navivacite na edna debitantska grupa koja nastapuvase na evroviziskiot izbor?G-go ili g-ce dali bevte prisutni voopsto tamu?
Од: Profesionalec
Датум: 28.02.2009 03:27:35
Zar onoj cirkuz od pesni i peaci vredi da se komentira.Nitu edna pesna ne bese dobra.Za sto se luti Kaljopi koga ni pesnata ni taa bea pod sekakvo nivo.Taa moze slobodno da zastani vo lozje i da plasi vrapci kako so svojata obleka taka i so ona zavivanje vo pesnata.I koja e taa da dava sansa na Makedonija.Ako misli deka podrskata od vladata ja ima na celo so Grujo i ke moze so onaa mizerija od pesna da odi na Evrovizija se izlazila.A i pobednickava pesna ne za masala ama barem se pomladi i ne izigravaat zvezdi kako Kaljopi pa sramot ke bide pomal.
Од: Regaconi
Датум: 28.02.2009 07:31:33
Taka ke da e. Kako sto razbrav decata od Next time pobedile zatoa sto cicko mu od tetka za strina i e baldza na surnajkata a pak taa e bliska do vlasta i vladata i unijata na mladi sili. Do koga be ovakvi salabajzerski napisi????? Izborot zavrsi i pobedija tie sto pobedija i dobija najveke glasovi.
Од: Vladimir Simonovski, Orlando, Florida
Датум: 28.02.2009 10:23:09
Jasminka, dali go procita tekstot pred da go objavis? Ova e za vo "zolt pecat" a ne za vo "Utrinski Vesnik". Nekakvi teorii za zavera vo estradno-politickite krugovi. Ah, da, i da ne gi zaboravime rodninsko-sosedskite interesi. Najprvin, samata muzicka manifestacija "Evrovizija" ili "Evrosong" odamna gi ima zagubeno site muzicki kriteriumi, taka sto ne gledam pricina da se voznemiruvame okolu toa kako ke se pretstavime. Ako ne se lazam, pred nekolku godini pobedija nekoi likovi od Finska izlezeni od horor film. Toa kazuva dovolno, taka sto ne treba da se elaborira ponatamu. Momcinjata od Next Time pobedija zasluzeno, zatoa sto taka glasase publikata, a Kaliopi i Naum imaa ocajna pesna i poveke od ocigledna bese naklonetosta na "strucnoto ziri". Iskreno mi se dopaga del od repertoarot na Kaliopi, no ne i nejzinata ogromna sueta. Zatoa ke mora da si ja proba srekata "next time" dokolku ima zelba za toa, i se nadevam na pocesen nacin. A na Next Time im posakuvam uspeh vo Moskva.
Од: ma-ri
Датум: 28.02.2009 11:15:45
Se prasuvam?dali minato godisnata pobednicka pesna na Rusija e takva kakvi sto se Rusite ,ili pak onaa na Ukraina ili pak pobednickata na Grcite?NE! pa zatoa draga novinarke pa i site vie sto uporno sakate da se pretstavite takvi kakvi sto ste(a ne ste) toa veke na evrovizija ne proaga,Zatoa Kaljopi neka ne se luti,bidejki pesnata ne e za evrovizija kade slusateli i glasaci se pretezno mladi luge.
Од: Stefan
Датум: 28.02.2009 12:31:48
ke se izedat vmrovcite megu sebe so da se pravi kaj so gi okupiraa mediumite gi okupiraa i peacite (sekako so proekti od narodni pari a ne od prodazba na eden od stanovite na Gruevski) pa koga dojde vreme da se bira pesna za evrovizija pocnaa da gi cukaat ko lubenici da vidat koja e najzrela za evrovizija...neka im e jas evrovizija ja svakam kako manifestacija na koja treba da se ucestvuva a ne i da se pobedi kako i vo site drugi bitisuvanja vo makedonija zatoa narode ne gubete zivci koj i da bese dobar ke bese ke go veese makedonskoto zname tamu i ke imame teren za rcka so grcite :)))
Од: muzicar
Датум: 28.02.2009 13:12:53
bravo za novinarkata i hrabrosta da se kaze vo javnost sto se slucuva so makedonskata kulturna scena, koga nepismeni probisvetovi so "vrski vo vladata" go kreiraat "razvojot" i ja "neguvaat" kulturata. nikoj ne razbira deka bez kultura nema drzava, a toa ke bide taka se dodeka eden jovan jovanov e glavnoto ime za makedonskata muzika.
Од: realen
Датум: 28.02.2009 13:41:46
Koj pobedi , pobedi. Me interesira kako Pretsedatelkata na Antikorupciska komisija, voedno edna od rakovoditelite vo MRTV - bese clen na zirito, a organizacijata bese od MRTV. Da ne ima nekade sudir na interesi. A za Kaliopi, pa taa nesomneno ubavo pee, no Evrovizija ne e za dami od nejzin rang-taa treba da pee vo Lisinski (kako sto i pravi), vo Olimpija, neka seta malku - ima dovolno godini da ne si dozvoli zivotot da ja provocira so svojata neoddoliva lesnotija na pobedata/porazot.
Од: nina
Датум: 28.02.2009 18:21:20
Ne mi e edno jasno...ako analizirame ke videme deka vo RM sekoja god izleguvaat prekrasni hitovi, a za cudo nekoe na evroviziskata manifestacija se promoviraat vistinski KICOVI od pesni....neka se nadmini ova ili neka ne se organizira manifestacijata i neka nese trosat sredstva djabe...
Од: ACO SKOPJE
Датум: 28.02.2009 19:01:53
Pesnata na Kaliopi bese ocaj,taka da nema pravo da se luti.Zarem mislese deka e dovolno da se pojavi na binata i ke pobedi?Odvratno mi e sto sekoja godina nasiot izbor za "Evrosong"e prosleden so aferi.Nikako ne mozeme da izlezeme od Balkanskiot mentalitet koj ne jade odvnatre.
Од: Ace od Acstralija
Датум: 01.03.2009 01:43:16
Za Evrovizija treba da se pee pesna so univerzalen kalap, hitovski "zarazena" so originalen fil. Izveduvuvac treba da bide nekoj sto ce i dade dusa i duh na pesnata, e ne prvi dami ili narodnjaci "favoriti ". Zosto ne na Angliski jazik? Pa podobro ne, zatoa sto site do sega tolku loso zvucat i imaat pregolem akcent, nisto ne se razbira i scenski da na pomislat da izlezat kako Elena so JEANS sorcevi.
Од: mene
Датум: 01.03.2009 08:54:18
Dali vidovte kolku fama se digna na izborot na pesna Dora vo Hrvatska. Nie sme kako cigani za niv. Sramota. Kogo sakaat neka go pustat mnogu bitno. Nemora veke ni da organziraat natprevaruvane. Neka napravat zdrebuvanje koj koja godina ke odi i zavrsena rabota.
Од: Dejan
Датум: 01.03.2009 10:21:34
Јасминка Павловска!!!! Незнам по Чија иницијатива си го напишала текстот и сигурна сум дека и ти си една од оние на кои момчињата од Некст Тајм и се симпатични.Едно да знаеш,-за Некст Тајм гласаше цела Македонија и ако сметаш дека навивачите на дуото свиркаа за нашите Наум и Калиопи -се лажеш!!!(а и самата го знаеш тоа).Ако мислиш на сите присутни во салата , тоа значи дека сите беа за Некст Тајм???Момциве се ептен добри и џабе ти се сите написи и искази на револт !!!
Од: revoltirana
Датум: 01.03.2009 16:12:57
do koga vlasta ke odlucuva koj ke bide vo zirito?zarem ne e vreme da pocneme pravilno da rabotime dosta e so korumpiranost vo Makedonija imame mn nacionalni mediumi koj imat svoi muzicki urednici zosto tie da ne bidat vo zirito do koga MTV so nejzinite vraboteni ke ne ignorira

Најди! во Утрински
Забава
Јавно умирање на ѕвездата на реалното шоу
„Кожуф“ - јужна скијачка туристичка атракција
Ако патот е трнлив, успехот е на дофат
Шведската принцеза се мажи за фитнес-тренерот
Тајна венчавка со Брејди?
Водителка на „Евросонг 2009“ во Москва