Број 3645  понеделник, 01 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter

„Демофест“

Прогресивна музичка култивација

Фестивалот ги собра на едно место регионалните алтернативци, овозможувајќи им натпревар и афирмација на независните млади музички сили

Бојан Шашевски

БАЊА ЛУКА - Во самото срце на Бања Лука, во главниот институционален и административен центар на Република Српска, дел од Босна и Херцеговина, изминатава недела се случуваше четвртото издание на фестивалот „Демофест“ - збир на регионални алтернативци, натпревар и афирмација на прогресивните и независните млади музички сили. Чиста, неконтаминирана музичка рокенрол-култивација.

Градот, кој е препознатлив по живописните паркови и по зелените површини, прекрасните предели по течението на реката Врбас, спортските содржини, младешкиот дух, убавите девојки, но и по старите градби, споменици и култури од различни историски епохи, од 27 до 29 јули беше целосно обвиен во боите на „Демофест“. Посетителите на Бања Лука имаа можност постојано да дишат инспиративен воздух од средновековната тврдина Кастел, јадро и главна база на свирките и ревијалните фестивалски гостувања. Тридневниот хепенинг опфати голем број културно-забавни содржини и претставуваше центар на светот за креативни ликови имуни на трендовска дресура. Фестивалот „навлече“ на себе значителен број репрезенти на слободоумниот дух.

И годинава организаторите на „Јелен Демофест“ ни лобистички ни финансиски не можеа да овозможат кампинг-простор. Но, тоа не ги спречи многубројните посетители да ги окупираат бините, музичкиот павилјон, пределот околу тврдината Кастел, клубот ДФК, но и хотелските соби и преноќевалишта во Бања Лука. Сите дојдоа за да ги слушнат исполнувањата на 24 демобендови, но и гостите од ревијалниот дел во кој настапуваше црномурната пејачка Келис и актерот и трип-хоп артист Трики. Тука беа и електронските забави до раните утрински часови со Јан Пули, Енди Ворд и Биг Бад. За жал, битолчаните „Агенст дем ол“, единствениот македонски претставник што требаше да свири на бината на „Демофест“, не допатуваа на фестивалот. Нивното отсуство организаторитете го објаснија како „неможност за настап од лични причини“.    

Последната вечер имаше здраво размрдување со дванаесетте финалисти, минатогодишните победници „Трисам“, но и велшкиот реге-метал состав „Скиндред“. На финалето се истури невиден дожд. Но, шоуто мора да продолжи. И продолжи. И тоа како! Насекаде се делеа најлонски наметки и се отвораа чадори. Сите растрчани и разиграни. Некои се пикаа под тендите, а други, веќе од глава до петици накиснати, се разголуваа и буквално се валкаа, рипаа и шуткаа во вирот и во калта пред бината. Одлична рокенрол-енергетика! Дождот дојде како адреналинска инјекција. Жирито имаше навистина тешка задача да избере победник. Повеќето бендовите засвиреа оригинални и „расни“ авторски теми. Вистинско освежување за независната музичка сцена. Сепак, на крај победници беа „Плишани малишани“ од Горњи Милановац од Србија, кои освоија продукција на албум во износ од 7.500 евра, спот и промотивна кампања на музичкиот канал „МТВ“. На „Биг баг“ од Пирот второто место им донесе бинска опрема во износ од 5.000, а на Босанците „Аестетик емпати“, кои, пак, завршија трети, им беше врачена опрема од 3.000 евра   

Покрај официјалниот дел, фестивалот овозможи пристојно дружење меѓу бендовите, новинари од околу 100 медиуми од бившите Ју-простори, локални музичари, уметници, писатели. Се изработуваа алтернативни инструменти од отпаден материјал, се промовираа книги, се делеше промотивни материјали, се одвиваа наградни миниигри, а на големите видеобимови постојано се прикажуваа спотови и снимени материјали од претходните фестивалски изданија.

„Јелен Демофест“ не е „голем и популарен“ музички спектакл. Не треба ни да биде! „Демофест“ мисионерски тргнува кон пронаоѓање и промовирање возбудливи бендови лишени од можноста да бидат чуени поради се' поголемиот шунд и претенциозните разголувања на „Јутјуб“. „Демофест“ е гласна и прогресивна гитаријада што умешно гази врз силиконските трендови и кичот од регионот.

НАГРАДИ

На крај победници беа „Плишани малишани“ од Горњи Милановац од Србија, кои освоија продукција на албум во износ од 7.500 евра, спот и промотивна кампања на музичкиот канал МТВ. На „Биг баг“ од Пирот второто место им донесе бинска опрема во износ од 5.000, а на Босанците од „Аестетик емпати“, кои, пак, завршија трети, им беше врачена опрема од 3.000 евра   


#
Статијата е прочитана 1428 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Згасна А1 телевизија
Иванов во Трново, Груевски на Пелинце, Велјаноски во Крушево
Раздор меѓу здруженијата на Егејците
Потомците го чуваат споменот на Даме Груев
Кој ќе плаче по А1?
Анџелина Џоли и Бред Пит во Сараево
Должен како Грција, а богат како Грк
Овие и оние
Евтин бостан на скап простор
Пр��многу убавини на едно место
Ахмети - Никој не може да гарантира мир во Македонија
Предаденото кралство?
Се омажи внуката на британската кралица
Македонскиот дел од пеколот
Машки труп со прострелна рана пронајден на Водно
На патот до АСНОМ (2)
Стил
Цената на храната пониска за 2,3 отсто
Речиси 140 загинати во нападите на сириската армија

"""