Број 3645  понеделник, 01 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter

Пет минути интервју

Премногу убавини на едно место

Гордана Јусифова-Неделковска - селекторка на музичката програма

Катерина Шекеровска

Фестивалот „Охридско лето“ е во полн ек. Колку сте задоволни од досегашниот тек на 51. издание?


„Јас сум креаторка на музичката програма на фестивалот ’Охридско лето‘, така што мојата задача е да направам програма достојна за реномето на фестивалот, што значи учество на врвни светски имиња, но и музички содржини што со својата атрактивност ќе го привлечат вниманието, не само на стручната јавност, туку и на пошироката публика. Во текот на реализирањето на фестивалската програма најважна ми е оцената на стручната музичка критика и на почитуваната фестивалска публика. Од она што досега можеше да се проследи во медиумите, но и од споделеното задоволство на публиката по завршувањето на концертите, можеме да бидеме сосема задоволни од тоа што досега беше реализирано на годинашново 51. фестивалско издание. Бурната реакција на публиката, благодарноста и радоста на нивните лица, долгите стоечки овации се одлика на секој завршен концерт. На таквата реакција, уметниците се оддолжуваат со голема воодушевеност и со најмалку три биса, што не' прави задоволни и горди на сработеното. Она што посебно ми значи, од стручна гледна точка, е високата оцена на странските уметници, гости на фестивалот, кои севкупната фестивалска прогр��ма ја вреднуваат како светско собиралиште на врвни уметници и тоа само во едно фестивалско издание“.

Во овој период, разбирливо, се наоѓате во Охрид. Што најмногу сакаат да пробаат и да видат странските гости во Охрид?

„Како и во минатите фестивалски изданија, сосема очекувано беше дека и годинашниве гости ќе бидат воодушевени од Охрид и ќе сакаат да видат колку што е можно повеќе. Со оглед на тоа дека најголем дел од уметниците доаѓаат прв пат, ние претходно ги информираме за се' што ги очекува во Охрид, па затоа и покрај обврските што ги имаат, оној мал дел од времето што им останува слободен, го користат максимално за да успеат да земат еден мал момент од сите убавини на овој град. Секако, по традиција, дружењето со уметниците по секој завршен концерт продолжува со заемно разменување на импресии од концертот, професионални искуства и секогаш завршуваат со нивна молба за повторно доаѓање тука. Нивните искажувања се идентични, премногу убавини на едно место: градот, архитектурата, акустичноста на ’Света Софија‘, убавите жени, македонската кујна, езерото...“.

Како е да се биде во Охрид во екот на сезоната? Спие ли градот? И колку странските туристи го посетуваат „Охридско лето“?

„Веќе петта година сум музичка селекторка на ’Охридско лето‘ и впечатокот за градот во тој период не е останува непроменет. Сепак, морам да забележам дека на огромно задоволство на сите, странските туристи се се' побројни од година в година. Секако, она што нас не' радува е фактот дека и тие се редовни посетители на сите наши настани и заедно со македонската публика уживаат во богатата уметничка програма“.

Кога завршува фестивалот и што планирате потоа? Ќе заминете ли на одмор?

„Традиционално, ’Охридско лето‘ завршува на 20 август, но моите обврски околу фестивалот се континуирани, во текот на целата година. Веднаш по завршувањето на ова фестивалско издание, поточно на 22 август, заминувам за Франција каде што ќе одржам два солистички концерта, а по враќањето започнувам со редовните обврски како декан и професорка на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Со тоа, класичното летување ќе биде изоставено веќе петта година, меѓутоа, во почетокот на септември со задоволство ќе одам на продолжен викенд во Грција со семејството“.


#
Статијата е прочитана 2015 пати.

Испрати коментар

Од: Muzicar
Датум: 01.08.2011 22:58:36
Da, festivalot "Ohridsko leto" vece peta godina nalikuva na "Exit" ili "Skopski Jazz Festival" a najmalku na ona sto nekogash beshe "Svrtalishte na svetskata i Makedonskata muzicka elita". Bez ni malku potcenuvanje na Exit i SJF, toa se festivali koi janso se definirani dodeka Ohridsko leto vo svojot kod pliva kako sekira pod voda. Steta! Vprocem sto ce ni e i voopsto festival koga ocigledno edinstvena korist ima samata selektorka na baza ti dam mi dash (dva koncerta vo Francija) i toa makedonija ja kosta milionski sumi. A zasto pa da ne?

Најди! во Утрински
Насловна
Згасна А1 телевизија
Иванов во Трново, Груевски на Пелинце, Велјаноски во Крушево
Раздор меѓу здруженијата на Егејците
Потомците го чуваат споменот на Даме Груев
Кој ќе плаче по А1?
Анџелина Џоли и Бред Пит во Сараево
Должен како Грција, а богат како Грк
Прогресивна музичка култивација
Овие и оние
Евтин бостан на скап простор
Ахмети - Никој не може да гарантира мир во Македонија
Предаденото кралство?
Се омажи внуката на британската кралица
Македонскиот дел од пеколот
Машки труп со прострелна рана пронајден на Водно
На патот до АСНОМ (2)
Стил
Цената на храната пониска за 2,3 отсто
Речиси 140 загинати во нападите на сириската армија

"""