Број 3633  понеделник, 18 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Хроника

Државата ќе заплени стан од најблиските на Даравелски

Таткото на поранешниот прв цариник најавува тужба за нарушено владение

Љубиша Станковиќ


Агенцијата за управување со запленет имот денеска планира да изврши заплена на стан на булеварот „Климент Охридски“ во Скопје, за кој смета дека ќе биде доволен за да се надомести штетата што ја одредил Кривичниот суд кога изрекол санкција за поранешниот директор на Царинската управа, Драган Даравелски.

Својот план за наплата Агенцијата за запленет имот го најавила уште пред седум дена, но за одлуката не го известува Драган Даравелски, туку неговиот татко, поранешен пратеник и потпретседател на Собранието на РМ, Томислав Стојановски. Имено, во дописот испратен од Агенцијата до Стојановски се наведува дека ќе се врши заплена врз основа на правосилна судска пресуда во која е наведена и штетата за државата во висина од 103.575.167 денари или 1,6 милиони евра.

Агенцијата за управување со одземен имот се повикува на пресудата од мај 2007 година, која веќе во март следната година станала правосилна, а во неа е наведено дека осудениот Драган Даравелски и второобвинетиот Киро Доцевски „во рок од 30 дена, солидарно, треба да ја надоместат штетата“. Тие потсетуваат дека веќе иницирале постапка за промена на сопственоста на предметниот стан, односно дека тој ќе биде впишан како сопственост на државата!

Агенцијата, која смета дека Драган Даравелски е сопственик на станот, бара од неговиот татко „доброволно да го испразни станот и да им го предаде клучот на овластените лица“, а доколку не биде сторено тоа, тие ќе побараат и полициска асистенција.

Од дописот на Агенцијата не може да се констатираат неколку работи. Првата работа се однесува токму на сопственоста на предметниот стан. Имено, Агенцијата сама утврдила дека станот е сопственост на Даравелски, а не на неговите татко, мајка, синови и поранешна сопруга. Втората работа се однесува на испраќањето на дописот, кој, пак, не е испратен до Даравелски, туку до неговите најблиски роднини, со што само се потврдува дека Агенцијата знае дека осудениот Даравелски нема ништо со станот, кој е предмет на заплена.

Доколку и не се земат предвид двете претходни констатации, тогаш ќе се наиде на уште еден проблем што создава правна пречка за реализација на замислата на Агенцијата. Третата работа се однесува токму на пресудата на која се повикува Агенцијата за управување со одземен имот. Станува збор за пресуда во која никаде не е наведено дека треба да се заплени имот од Даравелски, вклучително и од Киро Доцевски, туку дека штетата што и' е нанесена на државата треба да се надомести од оние физички и правни лица што биле корисници на средствата на Царинската управа.

Во самата пресуда донесена против Даравелски и неговиот заменик Доцевски таксативно се наброени сите субјекти што користеле пари од Царината. Станува збор за 27 општини што добиле автомобили, Фудбалската федерација на Македонија, Кошаркарскиот и Боксерскиот сојуз на Македонија, ФК „Брегалница“, џудо клуб „Чегране“, „Скопски џез-фестивал“, музичката продукција „Калиопи“, стрелачката Дивна Пешиќ, но и за црквата на Плаошник и за Милениумскиот крст на Водно, како и за возилото на поглаварот на МПЦ.

„Ако во пресудата се наведува дека бараните средства треба да се вратат во државниот буџет, а Државниот завод за ревизија тврди дека тие се незаконски, тогаш се поставува прашањето каде е тука вистината, односно дали буџетот се полни со незаконски средства? Ниту од Драган, а уште помалку од мене, судот со пресудата бара да ја надоместувам изречената штета, а сега Агенцијата бара да им го отстапам станот што воопшто не гласи на име на мојот син“, вели Томислав Стојаноски, татко на Драган Даравелски.

Тој појаснува дека тој има правосилни судски одлуки на кои точно е наведено се' она што тој како своја сопственост го поседува. Стојановски вели дека, како долгогодишен судија и адвокат, одлучил да одговори и затоа до Владата на РМ, односно до Агенцијата за управување со кризи доставил адекватен одговор. Според Стојановски, Агенцијата не само што не смее да заплени туѓ имот, но доколку се одлучи да го стори тоа по присилен пат, тогаш ќе треба да се соочи со правна консеквенција и тужба за нарушено владение.

Каков ќе биде епилогот на ова „правно“ надмудрување на државата со семејството Стојановски засега е неизвесно, но извесно е дека целиот случај од улица ќе се пресели во суд.


#
Статијата е прочитана 4234 пати.

Испрати коментар

Од: matematicar
Датум: 18.07.2011 08:54:06
Dojdoa,ukradoa i zaminaa... S.ega trcajte po niv,ako ne ste del od niv
Од: advisor
Датум: 18.07.2011 09:12:21
По однос на наведеното и изнесеното доколку навистина е така во Р. Македонија владее правна несугурност од аспект на сите институции кои се водат од политички аспекти наместо од правни. Не смее да се дозволи вакви неправилности да се дозволат да се спроведува извршување или промена на сопственост и одземање на предмети кои не се сопственост на сторители на дела без оглед на нивните роднински врски. Постапувањето на агенцијата е спротивно на законски прописи на РМ и тоа треба во иднина доколку е постапено во наведената насока да биде санкционирано.
Од: xxx
Датум: 18.07.2011 09:34:01
stanot nebil na negovo ime pa na civo ime e cela prasajte vo ku-vo koj im veruva na taa fam nemaat nitu edno dobro utro od svoite komsii sinot e ednom bezobrazno stvorenje kade e sega cesmagiski da mu pomogne mu dade pari da zamine vo australi gospot gleda
Од: eu
Датум: 18.07.2011 10:30:03
jasno ne saka grujo vo eu pa kade vo eu moze da se konfisfikuva imaot na bliska familija osuden da plati odredena suma ..sto znaci ova vo idnina ako nekoj moj rodnina osuden da plati globa odi zemi go mojot stan?????????????
Од: Od Boris bugarinot
Датум: 18.07.2011 12:03:50
Znaci i Gospodin Gospodin si gi omrsil mustakite od kradenoto . A toj najveke treba da znae deka koj jade od kradenoto kradec e. Naka e blagoslov Bozji so nego
Од: jimmy1
Датум: 18.07.2011 13:04:29
A koga ke se pocni so odzemanje stanovite na Grujo i na negovite najbliski???? Ali toa za niv ne vazi????
Од: Да прашам
Датум: 18.07.2011 13:05:21
А,кој му беше претпоставен на Даравелски? Царина случајно да не потпаѓа под Министество за финансии?

Најди! во Утрински
Хроника
Жена се удавила во Треска
Без вода на плус 40
Скопјанец пронајден мртов во хотел
Гевгеличанец загина во сообраќајка
Струен удар усмрти брачна двојка

"""