Скопјанец пронајден мртов во хотел
Скопјанецот Рамадан А. (27) во саботата, околу 10 часот, бил пронајден мртов во соба од хотелот „Блу скај“ во Струга, известија од полицијата. Мртвото тело го забележал неговиот цимер, со кој заедно од Скопје допатувал на одмор. Бил извршен увид, по што на телото на Рамадан не биле пронајдени знаци на насилство, па обдукцијата треба да ги утврди причините за смртта. „Од извршените проверки е констатирано дека починатиот бил зависник од дрога и се лекувал од оваа зависност“, соопштуваат од полицијата. (Г.А.) |