Жена се удавила во Треска
Седумдесет и двегодишната Велјана Д. од кичевското село Другово е пронајдена мртва во близина на мостот на реката Треска на патот за Битола, соопшти полиција. Во саботата, околу 10,45 часот, случаен минувач го забележал женскиот труп, по што ги алармирал надлежните. По увидот
било констатирано дека смртта настапила како последица на давење во вода, велат од МВР. (Г.А.) |